нема разочарување знаеш ли јас пред да останам бремена колку пати имам направемно тест... еден ден ќе задоцни менс тест друг пат пак ке задоцни пак тест ама фала богу бидна надеж и акција,,,, знам малку паѓа тешко кога ке излезе негативен ама тоа е тоа нема откажување а најмалку разочарување,, сепак ммој совет ти е да одеш на гинеколог тој најјдобро ке ти каже дај боже да си бремена ама ако не си не е добро д ти касне менст поготово ако ти е редовна цепај на гинбеколог и ќе ти каже тој па пиши шо си направила
и јас ништо..... лелеее колку пари за тестови имам дадено ама веќе не се замарам, кога ќе сака да биде ќе биде.... чисто информативно ме интересира колку дена посе односот може да се провери дали има рана бременост?
после односот или после каснење на месн ???? мислам дека нема да покаже после односот и по неколку дена затоа што мене преку крв не ми покажа кога си проверив дали сум бремена... дури и нивото на Hcg беше многу ниско а јас сум останата бремена во мај а крв си проверив во јуни шо значи нема шанси дури менс кога ми каснеше открив
Направив тест за бременост по 11 дена од првиот или 9 дена од вториот однос тестот покажа негативно (тест касета од Јака). Стомакот од тогаш ме боли како за добивање и ми се гади и нагони за повраќање имам зависи некогаш посилни некогаш послаби.На градите не осеќам никаква болка ниту било како друг симптом, а и кога ќе добивам градите не ме болат.Дали има шанси да сум бремена иако ми кажаа дека тест се прави после месец дена?? Во дилема сум!!!
i jaas nisto mi dojde 3 dena porano od ocekuvanoto nisto golemo e ovaaa razocaruvanje devojki samo eden GOSPOD znaee kolkuiii pozz
Може, но и немора да значи...Јас не ни чекав да ми касни, туку напротив, направив тест 3 дена пред терминот за добивање. И ми покажа позитивен. Најдобар тест е Self clear, кој покажува точни резултати, по само 8 дена од односот! а....со среќа!
Може, но и немора да значи...Јас не ни чекав да ми касни, туку напротив, направив тест 3 дена пред терминот за добивање. И ми покажа позитивен. Најдобар тест е Self clear, кој покажува точни резултати, по само 8 дена од односот! а....со среќа![/quote во аптека ли го има овој тест? прв пат слушам за него?
Да, го има. 199 денари е. Ај пошто и мене не ми се веруваше дека е точен, направив уште еден истата вечер, и тој покажа позитивен. Вториот пат го правев SURE CHECK. Така да, после два позитивни, веројатно сум бремена. Не сум во мојот град, ама утре ќе бидам, и правец гинеколог, па да видиме. А за бременоста дознав вчера.
ДЕвојки и кај мене вештеркава касни три дена немам симптоми за добивање ама и овој месец многу не се надевам незнам зошто после три месеци разочарување си реков што сака нека биди...два дена со ред имав болки како нешто наеднаш да ме пресекло во долниот дел од стомакот од тогаш поминаја неколку дена ништо нема вчера сабајлето ко станав ми течеше носот крв што никогаш не ми се случило мајками ми вика неможело да пробија па од тука пробило ме разочара...би можело ли нешто да значи?
Честитки со лесно да си ја износиш бременоста јас купував од sure check од 100 и не покажува толку точно,сега може да пробам од овој 199 пред 3дена за недобивање дали ке покаже ке видиме ама и уште ми е страв со тие тестови се разочарувам предвреме
Феминки мои јас сум сеуште во исчекување дали кломифенот ке си ја заврши работата па и да дојде баба рога ке одиме понатаму нема откажување
Нормално дека нема откажување. Ти посакувам сега да си ги видиш твоите две цртички, ама ако не биде тоа сега со Господ напред се ќе биде и што е твое ќе си дојде. и чекаме да не израдуваш деновиве.
Engaged честитки и најлесно да си ја истераш бременоста, со лесно и со убаво! Eci85, пуштам среќа да се појават две цртички, едвај чекам да пишеш дека имаш позитивен тест.