Ви благодарам на сите за искрените честитки, и од се срце им посакувам на сите они кои се во очекување на двете црти, да ги видат онолку брзо колку и јас, во еден циклус. Прв обид и 2 црти. Поздрав и секое добро.
Engaged, ти со симптомиве како? Мене почнаа само брадавиците да ми стануваат потврди и само кога го вадам прслукот малку ми се осетливи како натежнуваат, после ништо. Ни гадење, ни умор, ни поспаност, само малку мрза ме има фатено, ми седат садовите еден куп неизмиени од денес. Замислете еден од симптоми за бременост - неизмиени садови Е сум одлепила стварно
Оффф, од каде да почнам...Ме болат градите, отежнати ми се. Уморна сум, ненаспана, енувам расположение, зголемен апетит, имав и киселини 2 дена, кичмата ме боли од време на време и ме сече стомакот, ама не константно, туку благи грчеви што траат 20-30 секунди, неколку пати во текот на денот. Мочам често...Тоа ми текнува сега. Онака секој ден по нешто се јавува, ново и нетипично.
Девојки, ми треба одговор....плиииз Имав односи со дечкото пред 8 дена, без кондом. Сега ми доцни веќе трет ден. Симптоми имам исто како пред ПМС. Малку ми се отечени градите, некоја мала болка во долниот предел кај јајниците, ама многу сум поспана и гладна последниве неколку дена. Можно ли е да сум бремена и, ако сум дали со обичен тест од аптека може да ми покаже?
последниве три месеци сабајлето ќе направев тест и одручекта идеше вештерката...сега ми е страв да земам ќе почекам уште два,три дена...
и наефтиниот тест ако го купиш ако си бремена це ти покаши 2 цртки и можиш одма да го направиш немораш да чекас до утре сабајле
Ќе покаже ли тестот толку рана бременост. Јас имам правено неколку пати ама после 20 дена од односите и ми има покажано негатвен дека е и навистина беше, вечерта добив. Тоа се мислам јас, дали ке покаже рана бременост, сепак се во прашање само 8 дена?
Тестот може да ти покаже позтивно ако си бремена и уште од првиот ден на доцнење,така да мој совет купи си тест и направи го,па ќе дознаеш
ако си трудничко це покажи пошто вејче ти касни мензисот. A не те прашав дали иначе вака ти касни или редовно ја добиваш на исти датум?
Ми каснеше да, пиев и 3 месеци хормонска терапија ама ја завршив уште во мај. Мајот и Јуни добив навреме, во Јулли ми каснеше само 2 дена. сега ми касни 3. И да сум бремена супер ќе е. Само незнам дали да правам тест или да почекам уште малку???? Нестрплива сум
ако си нестрплива (можам да те сватам право да ти казам) направиси тест денеска не си ја стегај душата стискам палци да се појават || цртки и да не израдуваш и нас овде
последниве три месеци сабајлето ќе направев тест и одручекта идеше вештерката...сега ми е страв да земам ќе почекам уште два,три дена... [/quote] а и предходните 3 месеци така ти каснеше?[/quote] ми каснеше само по еден ден...овој месец 4 дена ми касни немам никакви симптоми за добивање а претходните чувствував дека ќе ми дојди сега не...
Ајде да ги прашам новиве бременки нешто: Дали ПРЕД да дознаете дека сте бремени (пред да ви задоцни циклусот) чувствувавте изразени предменструални симптоми? По мојата пресметка, би требало да добијам задутре (09.0. Чувствувам болки во стомакот како за добивање (претежно јајниците, а денес и матката) уште од завчера (05.0, но не постојано - туку одвреме навреме. Но вчера и денес чувствувам и повремени благи струички во долниот дел од стомакот (и повторно, проследени со предменструални болки). Градиве ми се отечени и осетливи (исто како кога треба да добијам), а повремено ми се лоши (но сосем малку) + од денес чувствувам како да имам внатрешна температура. Прашањето е: има ли надеж за бременост (бевме многу вредни за време на плодните денови) или имам предменструални симптоми проследени со стомачен вирус? Со оглед на тоа што од време на време малку ми се слошува (а знам дека доколку сум бремена, премногу е рано за ваков симптом), па може и од крајниците да ми е? Времето најдобро ќе покаже , ако ми задоцни ќе правам тест и ќе знам, но до тоооогаш некаква надеж?
Јас не чувствував поизразени менструални тегоби ни пред датумот за добивање, и сеуште не чувствувам Изгледа дека сум покрупна па не осеќам ништо Ептен малку само доле во стомак како пред менструални. Брадавиците ми се само потврди и ептен малку осетливи. Ако си нестрплива купи си clear blue, на него пишува дека може да покаже позитивен резултат и 4 дена пред денот за добивање (со 58% точност). Јас вчера тој тест го купив и одма ми покажа плав плус, добро изразен, а претходните тестови што ги правев упорно ми покажуваа бледи цртички. Знам дека и бледа цртичка е знак на бременост, ама јас се загрижував зошто и после цела недела сеуште беше бледо. Ама со овој се осигурав дека е добро. Постои голема веројатност да си бремена. Дај Боже да си бременка, дај Боже!!!
Не сум во МКД, така што незнам кај нас колку е. Овде го земав поприлично поскап. Два теста во пакување имаше и ќе дојде негде околу 750 ден. Ти срцка уште немаш правено тест?
јас пред да дознаам дека сум бремена исто како предменструални болки и само еднаш ми се имаше гадено.... потајно си верував дека има нешто и кога ми задоцни се акнав на тест и две II .. дај Боже сите да си се израдувате со бременост си видите поскоро две цртки