леле леле колку ми е мило кога ќе прочитам дека некој се израдувал со 2 црти аееее ледна бременоост на сите, ајде може и ние другите ќќе се израдуваме наскоро....успат да прашам овие self clear i clear blue тестовиве се тестови кои покажуваат бременост и пред да дојде датумот за менструација? јас на пример треба да добијам некаде на 14ти август а од плодниот ден кога имав однос има веке една недела поминато, би покажал ли некој од тие тестови доколку сум бремена па да си купам 2-3 хехехеех
За clear blue,не знам дали ќе ти покаже од причина што не сум го користела. А за другиов би требало, односно да не речам гарантрам. Ти викам, битно е да има поминато 8 дена од однсот, не е битно дали ти касни, колку дена, бла бла...Еве јас го правев 4 дена пред да треба да добијам, и ми покажа две црти.
обавезнооооо....утре сабајле ќе си купам а задутре со првата мокрача ке го направам.... фала то engaged многууу
леле ецаперца и јас осекам малку осетливи брадавици ајде ке чекаме ние до 9ти веке сме три што ја чекаме таа дата
Ајде дај Боже, само нека се множат се повеќе бебенциња убавки слаткички, ееех да знаат само тие како ги чекаме, со душа и срце А можеби и знаат, само ние незнаеме дека тие знаат
Сакам да прашам дали болки во горниот дел на грбот се знаци на бременост, поточно на десната страна? значи не е во половината туку мн погоре?
и јас исто чувствувам болки во горниот дел од грбот а и денеска почна многу глава да ме боли... мwamwa и јас задутре ќе го правам тестот ми касни 5 дена ако не ми дојди до тогаш а се надевам дека нема ти држам среќа
лелеее искрено да ви кажам цел град го свртев барајќи го Self clear ili blue clear тестот и никаде го немаше, се или тие be safe ili sure check...во кои аптеки не знам да го побарам.... ang246 дај боже 9 месеци да не ти дојде и секако после да споделуваме искуства како да бидат помирни малечките
и уште нешто доколку одам да направам тест преку крв на колку време бременост покажува тестот? мора ли да ми касни за да видам дека сум бремена?
чим е таква работата тогаш понеделник одам да си видам преку крв, барем ќе си знам сигурно доколку утре не го најдам self clear во зегин, уште таму ќе проверам....
јас правев испитување преку крв и не ми покажа дека сум бремена.. дури нивото на хцг беше многу ниско дури кога ми закасне со тест.. но немора да значи секој си е индивидуален... ништо не ти кошта ако провериш ајде со среќааааа
Јас имам прашано во лабараторија кога покажува точно тестот преку крв и ми рекоа 14 дена после односот порано може да не покажи точно
јас сум останата бремена на крајот од мај некаде значи во јуни имам испитано крв сега точно кој ден во јуни (дали некаде во почетокот не сум сигурна) пошто јас требаше да вадам умник и бев сигурна дека сум бремена и сакав да си проверам пореку крв пред да одам да вадам заб нели анестезија ово оно...крвта не покажа дека сум бремена па го вадев забот дури кога ми каснеше на 4тиот ден направив тест. после ќе видам на резултатите кога сум земала крв после колку дена .......
Сакам да прашам дали треба да има импациско крварење при зачнување или тоа крварење кај некои жени го нема?
Здраво женски. Јас имам многу чести предменструални болки. По се‘ изгледа ќе ми дојде. Иако надежта последна умира. Сеуште се мислам дали да одам да купам тест или влошки . Вчера требаше да добијам, но мене знае да ми задоцни 1-2 дена, а знае и да ми дојде порано 1-2 дена. Најубаво да се стрпам до понеделник за тест (ако не добијам до тогаш). eci85, во врска со имплантационото крварење, може но и не мора да се случи. Со 4 дена доцнење (ми се чини тебе те читав дека ти доцни 4 дена, ако не сум грешка), со било кој тест од аптека би требало да ти покаже точен резултат. Среќно! ЕДИТ: На ang246 и доцнело 4-5 дена, се надевам eci85 и тебе ќе ти доцни.