Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. elenn

    elenn Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    21
    радоснааааааааа вест!!!!!!! вчера попладне направив тест и се покажаа две цртки!!!!!! многу сум среќна :rofl: :rofl: еве уште не ми се верува :inlove: ви ја пуштам целата среќа на сите кои очекувате две цртки ! само верба во бога и убави мисли! ве бакнувам :*
     
    На anggell, lasica88, Ruby.rose и 2 други им се допаѓа ова.
  2. elenn

    elenn Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    21
    Мила направив тест вчера како што ми кажа и тестот беше позитивен! значи бремена сум :P сабајле направив уште еден и тој е позитивен! малку беше побледа линијата сабајле ама ја имаше! ајде со среќа на сите! :*
     
  3. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Честитки, имај лесна бременост... ;)
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :party: честитам еленн со лесно да си го износиш бебенцето
     
  5. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Ете ти рекооооов :dance: супееер, баш ми е мило, уживај си и радувај си се сега :*
     
  6. melek21

    melek21 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Дали симптом на бременост може да биде болки во јајниците...само кога седам повеќе време на нозе...мене ми е рано за тест...и исто така рано да ми дојде...плодни денови ми беа последниве 4 дена...
     
  7. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Честитки имај убава и лесна бременост :*
     
  8. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Честитки еlenn мила, ти посакувам да си имаш лесна бременост и се најубаво. :inlove: :* :hai:
     
  9. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.

    Сакам да прашам некоја посикусна девојки денеска ми е 28 ден од циклусот ама немам редовен циклус.
    секогаш добивам покасно,последниот циклус ми беше во 7 август.од вчера само повраќам и многу сум уморна, ништо немам јадено.Секогаш кога имам проблеми со повраќање ме боли и желудникот ама сега не само одеднаш имам нагон за повраќање и повраќам и ми се гади.исто така ме боли долниот дел од рбетот многу и коцките.Дали е Можно ако случајно сум забременила после скоро 3 години да ми се овие симптоми за бременост, може ли порано да повраќам или имам можеби некој вирус.
    Не сакам да одам во болница ниту да земам лекови затоа прашувам тука.
    Однапред ви благодарам,

    Поздрав до сите, :inlove:
     
  10. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    А да си земиш ти еден тест да направиш, ова мене ми мириса на бебенце :inlove:
     
  11. Indestructible93

    Indestructible93 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Решив да направам профил и да станам активна,бидејќи гледам колку разбирање имате,делите искуства и совети,и што е најважно се бодрите да одите напред без разочарувања.
    Редовно ја следам темава откако се решивме јас и мм да работиме на случајот.
    Да си кажам до каде сме стигнале...Август месец изгледа ни беше среќен,тоа беше нашиот прв обид со намера да имаме бебенце.Знаев точно кога овулирам и бевме активни тој период.Само што ми измина овулацијата,5 дена потоа јас забележав на тоалетот ептен ситни локвички крв,како кончиња.Следниот ден имав на долната облека не многу голема дамка кафеав исцедок (веројатно стара крв),тоа ми беше пропратено со слаби болки во долниот дел на стомакот но бргу ми поминаа.Вечерта од следниот ден забележав пак малку потемно црвена крв,но немав никакви болки.
    Верувам и се надевам дека ова е последица на имплантацијата на плодот.Други симптоми присутни ми беа подуеност на стомачето и гасови,за останатите веројатно уште е многу рано треба менструација да ми изостане.
    Прашањето ми е,дали е нормално после само 5 дена од овулацијата да се случи имплантација?
    И дали ако одам 10 дена после овулација на тест преку крв,ќе можат да најдат доволно hCG за да биде позитивен резултат?
     
    На Hana I и macka-kr им се допаѓа ова.
  12. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    И јас мислам да направиш тест не чекај да ти доцни зошто ти е нередовна, важно од овулација да се 10-12 дена поминати не се мисли и мене ми мириса на бебуш :*
     
    На macka-kr му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macka-kr

    macka-kr Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки ! И Јас сакам нешто да прашам. До сега имав редовен циклус. Минатиот месец добив на 27 јули, имам 7 годишна врска и со дечкото имаме незаштитен однос но не се случило тој да сврши во мене. Во август имавме исто така не заштитен однос два пати, дали е можно да се забремени од пред семена течност долколу сме имале однос во плоден ден ? Јас на 23 август имав едно дневно крварење. Дали менструацијата може да трае еден ден? Иначе имам чувство на измореност, многу ми се спие, подуеност на стомакот, од време на време имам благи болку во пределот на јајниците исто како пред циклус, имам чувтсво на гадење од некои мириси, но немам болки во градите. Дали можеби станува збор за бременост или нешто друго е во прашање ? :(
     
  14. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Направиси тест за бременост и така најсигурно ќе знаеш на што си :)
     
  15. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    Честиткиии еленн со лесно да си ја износиш бременоста па влечи нога :lol: :*
     
    На macka-kr му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    јас кога испитував преку крв не ми покажа а имаше поминато едно 10 тина дена ако не и две недели... дури кога ми задоцни менструацијата ми покажа.. ама оди провери си пак за секој случај можеби ќе има зголемено HCG :D можеби тебе ќе ти покаже
     
  17. Indestructible93

    Indestructible93 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Па колку што прочитав секаде,пишува од 8 до 10 дена најрано после овулација може да се испита преку крв hCG.Веројатно ќе покаже,ако не ќе го повторам за една недела,не ми бега :D
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    napravi ispituvanje :) ако си останата бремена порано и ако има поминато денови доволно да се покаже hcg хормонот сигурно ќе има позитивен резултат ;)
     
    На Indestructible93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elenn

    elenn Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    21
    Благодарам многу Еци85 :) се надевам дека ќе повлечам еднаааааа гооооооолееееема нога сите кои чекаат 2 цртки во најскоро време да се израдуваат :)
     
    На volsebna, little.woman, macka-kr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Здраво девојки, дали некоја може да ми каже кои се симптомите на рана бременост??? |( Мене требаше да ми дојди вчера (стално иди на 25 ден од циклусот како саат швајцарски е), еве уште ја нема. Од страна на симптоми имам само: отечени гради, зголемен апетит, мала главоболка, често мокрење (на секој саат буквално), болки во грбот, малку стомакот ми е подуен, и променливо расположение :talk: Тест ми е страв да направам затоа што си мислам дека се уште е рано да почекам уште 2 дена барем до 28 ден, а на доктор не одам затоа што сигурна сум дека ке ми речи :„рано е уште, и има знаци на бременост но рано е да се потврди“, така ми велеше и прошлиот месец но немав вакви симптоми само со стомакот ми беше подуен друго немав ништо. А пиев утрогестан последното го испив во саботата. Дали е можно да касни од него??? Ако е можно од прилика колку дена ??? Дали се овие дел од симптомите на рана бременост?? ВЕ МОЛАМ КАЖЕТЕ МИ стварно не знам што да мислам појке. Многу сум збунета :rock: Јас искрено не се надевам на бременост си мислам дека е од утрогестанот каснењето. Уффффффффф ке :@