lida27 напиша: здраво девојки,како сте? Eте и јас со својот проблем,како и повекето од вас...пред 5 месеци имав спонтан абортус,по 2.5 месеци бременост,прицината бесе не убаво распоредени целии и `така требало да биде`...последно добив на 27 октомври,и сега сеусте немам добиено,направив 2 теста,и двата излегоа со 2 линии но едната побледа од другата...отидов на гинеколог во понеделникот и ми реце дека не гледа бременост на ехото,туку некоја си циста која не е опасна,а мозно е и да е излезена од бременоста ако сум бремена,ме прати да направам тест преку крвта и тој излезе позитивен...и ми реце дојди по два дена,ако пак него видам бебето на ехо,мозно е да е ванматерицно и ке те пратам на оделение? сто и знацесе тоа не разбрав бас,а многу сум испласен...не ли е тоа многу мало да за да се види,за веднас таа да константира дека е ван материцно,а ако е бас така,сто це ми прават тие на одделението гинеколоско таму ? Uфффф помос,незнам сто да правам (((((((( се надевам дека ќе се види бебчето.. или побарај и друго мислење да видеш шо ќе ти кажат.... се надевам дека се ќе биде во ред Лида обавезно побарај друго мислење и не дозволувај да ти ставаат инекции се додека не слушнеш друг доктор.И мене ми рекоа дека имам циста а не сум била бремена(ова за второто се случи) а другиот доктор ми кажа дека таа циста била показател на бременост и пука до третиот месец.Го послушав и си родив ќерка.Ти посакувам се најдобро.
Си мислев, да издржам уште некој ден - да биде официјално, но не можам: БРЕМЕНА СУМ!!! Утрово правев тест и: II Не ми се верува! Не сакав никому да кажам, ама овде не можев да издржам. Се надевам дека е точно, се надевам дека се е во ред, се надевам не се радувам пред време. Едната црта е малку побледа, ама е јасно видлива. Едвај чекам да ми потврди гинеколог. Мислам дека е најдобро да почекам до крајот на следната недела за да одам на преглед (за да не се најдам во ситуација: „не се гледа ништо - дојди следната недела“ - па да ме стави во мисла). Возбудена сум и тоа многу!
Чим тестот ти покажал две црти си Бремена ! И јас би ти рекла да почекаш една недела барем за преглед, таман ке си се види и убаво плодот на ехото
Честитки мила имај лесна бременост Многу се радувам за тебе, гледаш трпение спасение како што викат се си доаѓа во свое време кога најмалку очекуваш. Поздрав
Браво midnight.flower ме израдува. Со среќа нека ти е и само убавини да те пратат. Ајде со лесно само и со убави мисли.
имам уште неколку дена до добивање грдите толку многу ме болат мислам ке ми пукнат и стомакот исто така хелп има ли шанси да сум бремена или само узалуд се надевам
Здраво девојки Им честитам на сите нови трудници, со лесно нека е... Јас редовно ве следам, ама поретко пишувам, се трудам да не мислам на тоа многу многу! Во март имав спонтан и сега еве веке ова е седми месец кај што пробуваме ама незнам ,некако не сака да фати! Е сега, јас обично добивам на 27 или 28 дена! Требаше да добијам на 12-ти или 13-ти овој месец ама еве уште немам добиено! Ама уште од 12-ти имам по малку кафеаво и тоа на утро повеќе,а после ништо,се си е најнормално! И еве веќе четврти ден кај што имам само скрос малку кафеаво, сеуште не добивам! Градите никогаш не ме болат пред добивање, единствено ме болеа минатиот пат кога останав бремена! А и сега од време на време чувствувам некаква болка во градиве! Ако не добијам до вечер онака убаво, ке купам тест! И ако (Дај Боже) е позитивен, одма одам кај мојот др, зошто ова кафеавово ме плаши... и минатиот пат имав вака кафеаво кога бев бремена! Пуштете ми среќа да е се во ред... крај краева подобро да добијам, него пак ( Не дај Боже) нешто лошо да се случи.
Здраво девојки. Се надевам ке ми помогнете околу мојот проблем. На 13ти ноември ми беше последната менструација. Добивам редовно и тоа на 28 дена. Како што израчунав требаше да добијам на 10-11 декември. Мене ми доцни. Ме болат градите како за пред добивање, мокрам почесто, а исто така и јадам. Во тек на плодните денови имавме односи и се деси тоа што се деси После недела дена ( од муабет кој ми го кажаа дека после една недела одма можело да ти покаже дали си бремена или не) направив тест кој беше негативен. Сега земав уште еден па ќе видам што ќе биде. Ако и тој е негативен, кои би можеле да бидат причините за ова доцнење со оглед на тоа што никогаш претходно не се случило да доцни. Фала ви однапред
Јас добив Таман пишав овде и после сат време добив ама добро, здравје само... нека заврши оваа година вака, па да се надеваме дека 2014 ќе ни започне плодно! На сите нас што чекаме бебче Поздрав
Лаура мила ке успеес еден ден и се надевам новата година ке ти започне со бременост инаку не се базирај на доцнење, засто како поминуваат годините така и циклусот се менува, а и работите не секој месец се одвиваат подеднакво во нас!!! ја исто имам редовен циклус, но некако и кај мене се пореметуваат некои работи, чувствувам, ... некогас ми касни ден два, друг пат три дена порано ми доадја, и така! инаку и јас имав спонтан, ама не сум знаела како одат работите, си имав мензис нормално пет дена, само добив три дена порано, и затоа не сум ни помислила дека сум бремена, а уствари сум била, и после ден два ми престана и почна несто кафеаво, сто ми било уствари спонтан! ама кој да очекува?! ама ете се случи сто се случи, докторот ми рече нема причина, едноставно лоса среќа!!! Инаку сега имам само огромни болки во градите, ми се плаче од сто ме болат, ама не ми се верува дека има несто, засто сосема др денови бевме активни!!! ке дознаам за 5 дена) леелееее колку сакам...сто веќе еднас не ми се појават две цртки....ама ај со Господ напред, тој знае зосто!!!поздрав и ќе успееме сите еден ден, само позитивна мисла!
Мене не интересира дали главоболката може да биде исто така еден од симптомите на рана бременост, дали од досегашните трудници некој имал главоболка како симптом?
^ Јас почувствував главоболка, ден-два пред да го правам тестот, и денот кога го направив тестот, но веќе ми доцнеше. Дали било симптом или не, не знам. Туку, некако сега осеќам како тапа болка, повеќе како притисок а не болка, во долниот дел од стомакот, се надевам нормално е. Малку се загрижив, вечер ќе купам уште еден тест - да се уверам уште еднаш. Кога да одам на лекар? Кога ќе се гледа нешто? Требаше да добијам на 09.12.; значи има 7 дена поминато. Да одам кон крајот на оваа недела или во почетокот на следната недела? Леле, мене ми се чини оти две недели поминале, а всушност само еден викенд. И уште нешто, вообичаено сум многу зимурлива, а синоќа сред ноќ се разбудив од што ми беше жешко - жива вода сум се направила. Има некаква врска или не?