Па мислам дека не, сепак си била болна и има промени во организмот... Најдобро направи тест откако ќе ти заврши.
И јас истото го мислам како jovanovska94 дека не си, бидејќи си била настината и од тоа може да настане промена во организмот па затоа и ти доцнело може. И јас би ти препорачала откако ќе ти заврши да си направиш тест за да си бидеш сигурна.
Нешто е пореметено месецов,јас па не добив а симтоми никакви Се пазевме и тест правев негативен( шур чек 125 ден) Ќе си закажам за на гинеколог денес 12masima немаш дозвола за лични пораки неможам да ти вратам
SimonaTino ги бришев пораките изгледа папката преполна ми била, пробај повторно да ми пратиш. Да видам дали ќе биде во ред. Инаку сакав да те прашам дали го направи sure chek тестот ии дали стручно насабајле треба.
Нема врска што си ги бришела пораките,неможам да ти праќам Оди во контрол панел и види кај треба смени ги опциите Инаку на тестот пишува дека може да се направи било кога Јас синојка го правев
здраво на сите! јас сум нова-прв пат пишувам, но секогаш ве следам. сакам да прашам, последна менструација ми беше на 23 декември (а најчесто ми е редовна 28 дена) -се случувало и на 26-27 но повеќе од 28 само еднаш за овие десетина година-овој септеври ми дојде на 30 дена но затоа во август за прв пат на 24, меѓутоа во глобала ми е редовно на 28 дена. последна ми беше како што кажав на 23 декември и според моите претпоставки ми доцни веќе 2 дена односно веке 3 и денеска сабајле направив тест селф клиар и ми покажа мноооооооооогу бледа црта (едвај се познаваше)што мислите треба да му верувам на тестот или........?????? инаку досега не се секавам да имам правено ваков тест обично сум зимала шур чек и секогаш ми било негативно, досега не сум имала искуство со бледа црта. инаку со сопругот побуваме веќе неколку месеци а можеби и една година ама без резултат. ве молам да ми казжете што мислите и дали некој имал вакво искуство инаку плодни денови според некои калкулатори ми беа од 01-07 а имавме односи рано наутро на 01 и на 09 јануари извинете на долгиот текст, но навистина сакам да ми помогнете со вашите искуства инаку тестот не ми беше со утринска мокрача, зашто цела ноќ не спиев ии во текот на ноќта неколку пати мокрев, затоа не беше концентрирана А и БТ ми е 37,1 - 37,2 (но за жал не ја мерев во текот на овулација и после тоа) ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД
Саншајн кога постои втора црта- колку и да е бледа има бременост! Повтори го тестот за неколку дена и не се базирај многу на калкалутари , човечкото тело и калкулатор не одат заедно. Честитки и со лесно мила, па пиши ни како ќе се одвиваат работите.
Благодарам многу, но јас не издржав и купив сега уштее еден ама овој пат шур чек и овој пат имаше едвај ама буквално едвај забележлива линија. ке пробам утре со утринска прва мокрача па ке пишам
Феминики имам прашање за вас значи последната менструација ми беше на 18 декември и ете уште немам добиено и кога ќе јадам нешто чуствувам гадење и брадавицитр од градите кога ќе ги допрам ме болат сакам да направам тест но се плашам да не се разочарам е сега не знам дали да правам тест или да почекам уште 1 недела
Пред некој ден ви пишував за апчето НОРЛЕВО, се напив после 30 минути, ден после тоа имав мигрена и повраќање( веројатно од апчето, инаку имам мигрена ). тоа беше на 17 јануари во календарот ми покажуваше дека плодните денови ми започнуваат на 20 јануари, но мислам дека ми почнаа порано бидејќи имам исцедок( како и вообичаено, и другите месеци ми било така).. Не ми е јасна функцијата на норлево, дали требаше да ми ги спречи плодните денови или? ВЕ МОЛАМ ЗА БРЗ ОДГОВОР.. инаку јас добивам на некои 31-32-33 ден. но немора да значи знае и да добијам порано некогаш, некогаш по една недела од датумот да добијам, но никогаш не ми изостанува, секогаш добивам.
Јас колку што знам апчето е за да спречи да се оплоди јајцеклетката (незнам со какво дејствување)но не за да нема овулација.
Сега ми тече и како некоја кадеава боја, имам чуство како пред менструација, се сменија работиве само за неколку часа.. поздрав
Norlevoto e ako si imala nezastiteni odnosi..svrsil vo tebe i ti utre pies apce za da ti dojde menstruacija da ne ostanes bremena...eve kratko i jasno...
Инаку добив, добар знак е ова? т.е дали е менструација ова незнам. Прочитав по други форуми имало случаеви кога жените мислат дека им е добиено а не им е.. Се плашам дека и мене ми е така, но пак од друга страна ме болат јајниците (исто како, кога имам добиено) и многу порано од што требаше добив, значи апчето го испив на 17 а денес е 23, а јас треба да добијам 8-9.. Во ред е ?
Девојки јас направив тест ама ми излезе една црвена и полна линија јас не раЗбирам од ова ништо ве молам помогнете ми
ако има една црвена линија значи дека тестот е негативен доколку се појават две линии значи дека тестот е позитивен едната црта најчесто левата кажува дека тестот е точен, одн успешно направен А другата или десната укажува бременост
Една линија означува дека тестот е валиден таа се нарекува контролна линија, две линии дека си бремена, штом имаш една линија значи дека тестот ти покажал дека не си бремена. Сликни го тестот и стај го да видиме ако толку не си сигурна. Има случаеви кога линијата за бременост се покажува со по бледа боја но повторно да не си бремена ( мене ми се случи тоа пред неколку месеци), потоа може да ти се појави линија за бременост а контролната линија воопшто да ја нема што повторно може да укажува на тоа дека не си бремена, но ти зборувам дека ништо не е од ова сигурно.
Здраво на сите. Сакам да ве прашам нешто и очекувам ваши мислења.. Ми касни менструацијата 3 дена, однос имав последен пат на 14.01.14 со кондом секако.. Почнав претерано да јадам,ги оставив цигарите (ми станаа гадни одеднаш),напната сум,нерасположена и ненаспана,се осеќам многу чудно :/ Можно ли е да се случи нешто од таа предсемена течност или на остане нешто после првото свршување и сл? Имам ли потреба од грижа? Фала ви однапред.
Здраво, јас сум нова на форумов. Со маж ми се обидуваме веќе некое време за да имаме бебе, но ништо. Пред два месеца кога прв пат ми доцнеше 8-9 дена се израдував и мислев дека е тоа што го очекуваме, купив тест за бременост го направив и излезе негативен и после 2 часа ми дојде. Минатиот месец ми дојде на 17, сега овој месец сеуште ми нема дојдено (6 дена). Немам никакви симптоми освен тоа што вчера осетив остра болка во левиот јаник и веднач помислив дека ќе ми дојде. Уште колку да чекам па да направам тест, и искрено не ми се прават тестови затоа што секогаш ми излегуваат негативни