Девојки ми треба ваше мислење. сите овие симптоми ги имам пред добивање, ама мн ми е рано уште 2 недели имам до добивање. Во последниве 2 дена имам големи киселини во желудникот,а и воедно езиво чуство. Многу сум растревожена, во еден миг се смеам, во др плачам. Имам некои пецкања во долниот дел на стомакот и болки во половината, главоболки, лошење(вртоглавица и нагон за повраќање).Пред 3 дена мислам беше имав како 2-3 капки крв на гаќите ма да не беше чиста крв. Освен киселината во желудник и езиво чуство и ова со исцедоков сите други ги имам пред ПМС у збунка сум цела. Што се дешава со моево тело? Инаку, со дечкото не внимаваме (колку за информација) ви благодарам однапред
сеуште ти е рано за симптоми за бременост и јас имав утрински повраќања и некогаш лошо некогаш добро расположение и сигурно си мислев а овој месец сум бремена ама немало ништо дојде м
Здраво девојки !!! Леле се плашам.. Пред малце имав појака болка во пределот на матката,јајниците и кичмата.. Еве ја поминува.. Денес не стигнав да купам уште еден тест,останав само на тој од вчера што ми покажа една бледа црвена цртка и таа другата контролната линија јако црвена.. Многу ми е страв ако сум бремена,да не имам повторно спонтан .. Леле главата незнам каде ми е !!! Многу сум исплашена !! ... Што мислите вие што би можело да биде ?? ... Однапред ви благодарам на одговорите ..
Мила, биди позитивна, ако еднаш се случило не значи дека ке се случи пак, мисли на убави работи на тоа што ти претстои, имај на ум дека бебињата се чувствуваат затоа главата горе и храбро Мое мислење е да почекаш со вториот тест барем 2-3 дена размах да имаат, за да биде појасна втората црта. Те чекаме во труднички муабети
Се надевам и јас дека ке биде се како што треба.. Еве веќе ми помина,ама не знаеш како се уплашив.. .. Штом го направам и вториот тест,одма ке ве известам !!
Знам дека е рано и самата сум свесна. Како и да е не се брзам. Мене ме мачи тоа што вака ми се поремети се. Единствено ми преостанува да си го посетам гинекологот. Друго чаре нема. Фала за советот
Женски еве ме повторно мене.. Незнам што да мислам веќе искрено.. Еве денес имав благи болки во пределот на матката,продолжувам со јадењето,спиењето,мокрењето... Некако незнам зошто ми е страв да купам уште еден тест.. ... На моменти имам тахикардија и се заморувам,и можеби е смешно да кажам но почнаа пред некој ден да ме болат забите,и јазикот што до сега нешто такво не ми се случило но ете јас го приметив како промена.. Пупките ми се премногу осетливи на допир,градите ги осекам тешки но немам некои посебни болки... И денес приметив некој чуден исцедок.. Извинете што ке ви опишам но некако беше како густ без мирис.. Што да правам? Знам дека ќе ми кажете да купам уште еден тест,ќе купам како и да е,но еве според ова што го кажав.. Имала ли некоја вакви симптоми па макар и слични?? Однапред ви благодарам на сите што ке одговорите..
Здраво мила, јас веке си го кажав моето мислење, да не се повторувам, ама мислам дека денес е многу убав ден за позитивен тест ајде празнично израдувај се и ти и мажето а и нас тука нормално, чекаме убави вести
Здраво. Имам мал проблем требаше да добијам на 18 јануари. Арно ама не добив и сеуште не сум добила али, пред 2 недели имав нешто розово. Па во овие 5 дена од недела до денес имам кафеав исцедок. Кога видов розово земав тест беше негативен. Што мислете вие што ќе е тоа... ? Не сакам уште еднаш да се разорачам... Со мм веќе скоро 5 год. се обидуваме али...
здраво женски ајде и јас да си ја кажам маката,менст ми е како швајцарски сат во живот никогаш ми нема закаснето ви јануари имав на 15 а сега требасе да добијам до крај 10-11 ама не добив и сабајлево направив тест контролната линија бесе црвена а другата мн бледо розева дури одвај се познаваше....... да почекам уште некој ден и да направам нов тест или ??????
Ти честитам, бремена си, штом има и најбледа втора линија тестот е позитивен . Мој совет ти е да почекаш 2-3, дена да го повториш тестот за да се покаже појасна цртичка и после право на гинеколог
женска фала ти најмногу ми треба оваа подршка ги чекам овие две цртички веке некое време немам трпение на домашните не сакам да им кажам да не не испадне после ништо и пак да бидат разочарани како мене овај форум мн помага.Фала ти најмогу
Биди трпелива и почекај за 2-3 дена направи пак тест па потоа оди одма на гинеколог за да ти потврдат пременос ... до тогаш не кажувај никому прво биди сигурна па пота израдувај ги твоите најблиски... Ти посакувам среќа
макар и да е бледа бременост покажува,и кај мене имаше таква бледа втора линија и еве веќе го терам 7 миот месец,со лесно и со убаво само
Ќе се стрпам до понеделник и ќе правам тест пак се надевам дека ке биде тоа што го очекувам,и потоа правец на гинеколог и ке бидам најсреќната личност на планетава земја
Не заборавај да ни пишеш те чекаме со најубавата вест и после дружба во труднички муабети, ке биде, ке видиш