Еве сум женски повторно јас.. Почекав неколку денови за уште еден тест,вчера ми беше терминот за добивање но не добив,претходниот тест ми беше со бледа втора црвена цртка..Па утре сабајле станувам и прво што ке направам,ке одам до апотека и ке купам уште еден тест па после ќе пијам кафе хахах .. Доколку покаже исто и овој пат,одма ќе закажам преглед кај матичната па ќе видиме што ке биде.. Симптомите исто продолжија,само што плус приметив дека некако имам многу киселини и тешкотии на желудникот (ако тоа би можело да се земе плус во предвид) .. Па се надевам на позитивен резултат..Ќе ве известам.. За сега бидете ми поздравени и чао до утре !!!
ништо девојки денес од сабајле бев спремна да направам тест за да си потврдам дека сум бремена ама кога станав ос сабајле сто да видам ми дошло незз повеќе сто да правам денес сум катастрофа
Здраво девојки ајде и јас да си кажам маката Ми доцни 6 дена (но знае и 2-3седмици да ми доцни), минатата недела имав мачнини, повраќав, вртоглавица (но имам и низок притисок) си мислев дека имам проблеми со желудникот , но веќе два три дена имам кафеав исцедок (поточно неколку едвај забележителни капки кафеава крв на гаќичките, а тоа до сега ми се нема случено) па почнав да се премислувам дали имам проблеми со желудникот Правев два теста за бременост и двата беа негативни....а ги имам сите симптоми за бременост... и да најглавното со дечко ми имавме незаштитени односи и тој сврши во мене ..... п.с. имам и полицистични јајници па која е веројатноста да останам веднаш бремена ,,,, додека пишувам имам вртоглавица (но можеби е сугестивна ) позз и чекам одговр
да не ти било рано за тест затоа излегол негативен,јас кога бев бремена имав така неколку дена кафеаво ама тестот што го правев беше позитивен,ама бременоста не заврши убаво имав спонтан ,се надевам дека кај тебе се е во ред има и бремени што се а си крварат бидејќи ако немаш ова баш крваренје јас мислам дека има шанси да си бремена.позз ти посакувам се најубаво
Жал ми е за тебе tincemajmunce ...и јас се надевам дека се ќе излезе добро. Благодарам на одговорот...позз
Јас сум во сеуште во исчекување. киселините и болките во половината ми продолжуваат, вртоглавица и гадење од синоќа добив болки во градите. Кафеав исцедок имам сеуште едно 5-6 дена. Денес немав стрпление купив тест од оној 50 денари ама ништо излезе негативен. Како и да е рано е, ама памет лета. Желбата си го прави своето. Ќе чекам имам уште 7 дена ако дојде дојде. Ако не ќе славам.
Женски еве сум јас.. Во многу голема мисла сум.. Значи првиот тест што го правев излезе со 2 цртки,една нели јасно видлива црвена и другата беше бледо црвена... Вчера направив друг тест,излезе негативен.. Ми касни еве веке 5 дена... Симптомите ми се исти,само што ми се зголеми уште повеќе апетитот,кај што видам перница заспивам, и многу имам киселини на моменти и чуден вкус на метал на јазикот.. Алкохолот почнав да не го поднесувам тоа е новост што ја приметив... Што мислите вие? Што да правам?? ... Однапред ви благодарам..
Заборавив да нагласам дека,при допир на долниот дел од стомакот некако ми е тврд.. Што искрено така не ми било ни кога сум добивала или пред да добијам..
Jaс предходниот месец имав некое сомневање и еве сега пак имам прашање.Предходен месец добив 5 дена порано и прво беше кафеав исцедок слаб, 2-3 дена, а потоа нормално почна да тече и си траеше нормално.Месецов ми доцни, еве веќе 5 дена.Мене обично ми е редовно, но ете сега немам многу симптоми.Не ме болат градите како обично, но така е веќе 2-3 месеци, имам блага болка во јајниците и цело ноќ се препотувам, што обично секогаш ми се случува во ПМС.(мислам на потењето, а болката во јајници обично ми е силна, освен предходниот месец што и ме зачуди) Значи мене ме загрижува што ми доцни и што не ги имам вообичаените симтоми при ПМС веќе 2-3 месеци. А и да напоменам дека пред 2 недели имав некој слаб кафеав исцедок ама тогаш имав циститис и блага кандида и мислам дека беше од тоа.Мајка ми вели да почекам уште некој ден за тест, ама мене многу ми е страв.Дали мислите дека ова се симтоми на бременост?
Јас направив тест од тој би сејф и веднаш се покажа една црта, почекав за сигурност повеќе од 3 мин колку што пишува и немаше втора.Колку е сигурен, да не се мислам, зошто еве нема да добијам уште време.
Ако сакаш земи уште еден, ама според мене не би требало да е грешен, добар тест е а и 5 дена доцнење е доволно за да покаже. Може од многу други причини да ти доцни. Пеперутчето, не знам зашто си ја мачиш душичката вака, оди на гинеколог.... И повеќе од доволно ти е што си имала еден позитивен тест, бидејќи лажно позитивен тест за бременост не постои, освен во ретки случаи ако земаш некои хормони или после спонтан или породување. И симптомите мислам дека се и повеќе од јасни. Со среќа, конечно да си добиеш бебче.
Обавезно ке закажам деновиве.. .. И јас се надевам дека овој пат ке биде се како што треба.. И дека после една неуспешна бременост,овој пат ке се израдувам и таа среќа ќе трае цели 9 месеци и цел понатамошен живот.. Па ќе ве известам што сум направила.. Инаку интересна работа што ја приметив,бидејќи јас не јадам месо, почнав да јадам сарма со месо и мусака со месо.. И ми се допадна дури и репете побарав едно 2-3 пати .. хахахха се шалам 2 пати ... Поздрав до сите и се надевам дека ке слушнам позитивни вести !!!
Се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе имаш позитивни вести. Чекаме да ни пишеш не не заборавај се надевам дека и јас месецов ќе ги видам двете цртки.
Девојки и се има десено на некоја од Вас и покрај два негативни тестови да е бремена?????? Мислам дека е уште рано за гинеколог ќе почекам уште некој ден, ама ме уби ова мислење, не сум стрплива .... Ми децни еве веќе 10дена ... позз и имајте убав ден