Девојки хелп,добив на 5ти ,ми заврши на 9ти, (имам редовна менструација) после 3-4 дена почна да ми тече темно кафен исцедок кој трае веќе 7 дена(по неколку капки на ден ). сексуално сум активна,но никогаш не свршил во мене! Споделете искуство! Ви благодарам.
Јас мислам дека доста време ти тече кафеав исцедок ајде 2,3 дена да е ама 7...сигурно си премрзнета друго не верувам да има а да одиш на гинеколог најпаментно ке биде....поздравче
Не ми се случило бидејќи не сум била бремена, но теоретски мислам дека и не може да се случи. И 1 ден доцнење е доволен за позитивен тест, а камо ли 10 дена. Еден и да погреши, два не грешат. Нема шанси, од друга причина ти доцни.
женски што мислите дали може преку мастурбација да се забремени...сопругот мој има еден проблем од кога почнавме да праиме бебе неможе да сврши без да се стимулира...закажавме на уролог сигурно ќе ни дадат решение...што мислите вие?
на другарка моја и се деси. И каснело и нормално си напраила тест негативен, ги купи сите можни тестови сите негативни. И нормално се испаничила незнае од што и касни отишла на гинеколог гинекологот и кажал дека е 8 недели бремена. И праела и после тоа тест и 2 цртки и покажало дури во 3 месец. Така да нема правило. Ете сега си има здрава и жива ќерка. Кога ми кажуваше неможев да поверувам ама еве и ова го имало.
Да и јас имам за вакво нешто слушнато за некоја која направила тест на 3ден од доцнење па на 10ден од доцнењеи двата биле негативни а потоа направила на 16 или 17-18 ден и тестот показал две цртки....по мое почекајси уште некој ден па закажиси на гинеколог...позз
јас имам пријателка која 3 месеци по ред си добиваше ама имаше чудни симптоми и реши да оди на гинеколог а за тест не и падна ни на памет да прави,кога беше на гинеколог и рекоа што чекаше до сега да дојдеш ти си 3 месец бремена незнаеше што да прави дали да се радува или да плаче па сега си има прекрасно синче,потоа со апчиња и го запреа крварењето
Девојки немам време да листам по темите, па би ве замолила да ми кажете, во која недела најбрзо може да се види плодот на ехо??
Утре одам на гинеколог, па ќе видиме што ќе биде ..... се надевам дека резултатите од тестот не се точни 12 дена што е многу многу е
Леле луѓе јас веќе се побркувам.Сеуште немам добиено, еве со денес ми касни 8 дена(волку паничам зошто досега ми се нема десено никогаш волку да ми доцни)Пишав дека правев тест пред 3 дена беше негативен, мислев да појдам на гиниколог ама во сабота не работи, а утре само втора смена, а јас си одам за Ск во 4 и нема шанси да стигнам да отидам.Да земам уште еден тест да направам утре, дали е можно да сум толкав баксуз и мене да ми испадне лажно негативен.Почнав да имам зачестени болки во јајниците, а и градите почнуваат да ме болат, друго све ми е нормално.Јас не знам што да мислам веќе, мајка ми вели дека не сум бремена, туку некое пореметување поради времево(кое мене обично ми влијае на целиот организам)ама јас си ја имам мувата на капата, нема свршено во мене, ама имаме секс без кондом и тоа ме плаши сега.Мада веќе неколку години имаме така, зошто веќе сме долго во врска и така одлучивме и колку што може така најмногу се пазиме,досега се нема десено ништо, ама ете сега...Кажете ми некој совет и извинете што замарам толку.
Најубаво ако можеш да си појдеш за СК со друг покасен автобус затоа што ние овде може само да погаѓаме од што ти касни. Може си била под стрес, може времево ти влијае зашто глеј какво е ненормално(мене дури порано ми дое ем од времево ем од стресови, а очекував 2 цртки ама тоа е повеќе среќа следниот месец ) можно е некое хормнонско пореметување има безброј причини. Така да одлучи си сама што ќе правиш.
Итно е девојки помагајте.. Имам 20 години последниот пат имав менструација на 30 декември НОВА ГОДИНА сега ете цел месец ми касни на 30 јануари требаше да добијам. Во последните денови спијам по 15 часови, ептен се чувствувам изморено а и на сабалје ми се врти и ми се гади.. Знам сите симптоми водат кон Бременост ама дечкоми тврди дека не свршил во мене а и јас гледам го вади прво па свршува надвор во рака.. Сакам ваше мислење околу ова ВЕ МОЛАМММ
Симптомиве се ко за бременост ама најдобро направи си тест сигурнон точно ке покаже мн ти доцни.И немој да го сметаш за заштита вадењето надвор затоа што може да се остане бремена и од предсемена течност поготово ако имате некогаш по двапати во денот,или ако мастурбирал пред да имате односи.
Оф лелее недај боже да сум таков баксузз ке направам утре тест, а ако имате некој некое искуство дека симптомиве можат да бидат и од нешто друго ве молам кажете. Од денес сериозно сум исплашена
Гадење, вртоглавица, спиење 15 саата!! Последна менструација на 30 декември, а сеа сме 23 февруари и тебе до сеа ни еднаш не ти текна да си земеш тест?! О.о или да отидеш на гинеколог, ја да бев до сеа ќе шизнев. Утре правац аптека земи си тест шо може во било кое време. Божееееее.
па да после мастурбирањето свршува во мене..само сакав да знам дали има шасни и во тие услови да се забремени...