@zajka1 А зошто не направиш тест па да бидеш сигуна дали се работи за бременост?Градите и пупките може да те болат и при овулација.За чудна слаба менстр.сум имала.Значи немора да си трудна но и можно е.Така да еден тест ке ти ги реши дилемите.
Здраво На сите прво честитки за сите нови мамички со лесно . Е сега вака 3 дена ми доцни а мене никогаш ми нема доцнето ни еден ден може да дојде ден порано но не и да ми доцни. Последниве два дена многу мие мака особено вчера цел ден имав нагон на повраќање и вчера се случи .градите ми се болни и отечени сеуште и вчера приметив малки пупките ми се потемни од вообичаено , а и вчера цела вечер не можев да спијам .сабајлево направив тест и пак покажа негативен а мене пак мие мака и сеуште не ми доага веќе не збам што да мислам. Како е можно сеуште да е рано да покаже позитивно и покрај сите симптоми што ги имам А да и заборавив да кажам дека сеуште имам контракции и последниве два дњна се како бодежи и пецкање претежно во левата страна не е болка како за добивање некако на моменти ке ме прободе па ке пушти по некоевреме пак
@macgirlmakeup каков тест правеше? Земи си self clear тој е најосетлив на хормонот. Може да бил негативен тестот ако си имала подоцна овулација, а симптомите истите ги имав и јас но јас направив тест после 10 дена доцнење. Ако направев порано ќе беше негативен ама кај мене е нередовен циклусот.
Self clear и го користев Ме загрижува тоа што мене апсолутно никогаш не ми доцни а плус и симптомите ме се тотално различни од било кој предходен месец ако не добијам пак тест после некој ден
Само да ви кажам нешто....Не лупајте пари за џабе на скапи тестови. И нај обичниот точно покажува само да знаете. Јас така секој претходен пак купував едни од 200 денари. Вчера земав шур чек ми излезе позитивен после тоа имав купено еден од 20 денари и реков ајде да проверам пак и тој ми излезе позитивен ...Така да
Posledno imav dobieno na 20ti maj...prviot nezastiten odnos ni bese na 7mi juni. Vcera i denes osekam deka gradite mi se ocigledno pogolemi(kako poteceni) i me bolat....znam deka e rano no isto osekam bolki kako pred da dobijam...se pojavuvaat i se gubat....dali mozno e da sum bremena ili pa ke dobijam.... Od prilika treba da dobijam kon 19,20ti..
Здраво девојки. Ајде и јас со вас да ја споделам мојата ситуација. Со партнерот од скоро почнавме да се обидуваме. Се надевам набргу ќе успееме.Имавме почести незаштитени односи баш во тие неколку плодни денови. Проблем ми е што имам доста нередовен циклус па се ориентирам одприлика по една апликација. Сеуште не ми доцни бидејки треба да добијам одприлика за 10 дена. Единствениот симптом што го имам е чувствителност на градите. Малку ми е некарактеристично да ме болат две ипол недели пред да добијам. Обично ме болат понекогаш ама најчесто недела пред добивање. Чувствував и мали вртоглавици кога гледав нагоре или ако станам нагло но еве пред 2-3 дена изчезнаа. Сепак несакам прерано да се надевам бидејки несакам да се разочарам. Топло ве поздравувам сите и им посакувам среќа на сите што се во мојата ситуација.
За парови кои што сакаат да зачнат најубаво е да имаат односи секој втор ден по завршување на менструацијата. Така плодните денови, поготово како во твојот случај што не се знае точно кога се нема да се утнат. За симптоми мислам дека сеуште е рано, но ти посакувам многу среќа!
Е вака мили мои, почнавме да се обидуваме за бебче некаде ноември месец, но без успех. На почетокот купував тестови, барав симптоми, секоја промена на организмот ја карактеризирав како симптом на бременост, но подоцна разбрав дека единствен и најсигурен показател би било да не добијам . Ви пишував неколку пати и до денес редовно ве читам, и најсреќна сум кога ќе прочитам мислење од феминки кои ја искажуваат радоста за позитивни тестови, се радувам за сите вас , дај боже сите што чекаат побргу да си ги видат двете цртки, посакувам многу позитивни тестови во иднина, темава чистка да ја направиме сите во труднички муабети да се префрлиме. Јас месецов треба да не добијам некаде за околу три дена, не барам симптоми знам дека кога и да сум помислела е овој месец бидна, пак ке си дојдеше непоканетата гостинка Е чудно овој месец беше што и најдобрата другарка и сестра ми, ми рекоа што така како потечена во фаца си, инаку не знаат дека сум почнала со обиди за бебуш, и сега си велам ах дај боже да биднало, и единствено малку поразлично што ми се чини е градите некако зголемени ми се уште од пред две недели, брадавиците многу поголеми од обично, ќе почекам деновиве да видам што ќе се случи, ако и овој месец е без успех, од наредниот почнувам со испитувања. Инаку до сега имам правено само редовни гинеколошки прегледи, и пап тест. Ќе ве замолам ако може некој совет од кај треба да почнам, да се припремам психички Имајте убав ден и ви посакувам во најскоро време голема радост кај сите
Женски да ве известам сеуште ми касни еве веќе 5 дена симптомите си остануваат сеуште исти само што не осеќам мноку контракции како предходните денови со 2 дена дицнење ми покажа негативно а сеуште немам добиено никогаш ми нема каснето утре правам пак тест 6 ти ден од каснење
Во вторникот пред скоро една недела ја примив инекцијата Прегнил за прскање на фоликулот,денес бев да видиме дали прснал и докторот рече дека сите фоликули биле прснати е сега сакам да прашам дали на некоја од вас и се случило одма по првиот плоден ден па еве се до денес значи вкупно 5 дена имам киселини.Што и да јадам осеќам дека во душава ми врие и се ми се враќа назад,дали е можно да сум бремена? И дали тестот за рана бременост би покажал резултат?
Втор ден како ми доцни. Симптоми за добивање немав се до денот кога требаше да добијам, а вообичаено ги имам недела унапред. Дента почнаа да ме болат брадавиците и повремено стомакот, вчера и градите и многу поретко стомакот. Денес си останаа само градите и кичмата уште од тој ден али не константно како при добиено туку кога се наведнувам на пример. Ризичен однос не сум имала, иако имаме незаштитени односи.Мислење девојки? Моќно е? Искуство?
Кај мене симптоми беа -болка во кичмата -болки во градите ( но некој по различен начин одкако кога добивам ) -подуеност во стомакот -доцнење на менструација ( иако овој пат ми доцнеше само 8 дена кога направив тесст а ми доцнело и по 15-20 дена - -понекогаш ке ми беше мачно наутро -бев многу нервозна и сл Нај изразено беше болката во јајниците...Наа моменти ке ме заболеше и по една минута не ме пуштше
Пред отприлика две недели имавме однос сврши во мене после неколку часа имав кафеав исцедок деновиве требада добијам ама неам некојсимптоми на добивање освен јаки грчеви во стомакот. Ме интересира дали некоја имала ситуација и покрај тоа што прима еутирокс и бромергон успеала да забремени ?
Со бромергон можеш да забремениш, јас останав бремена дури примав достинекс, а за другите не знам, тие се за тироидна? Ако поминале две недели од односот, направи тест self clear , тој покажува неколку дена по оплодување.