@SummerGirl12 Фала ти од срце за убавите зборови. Што е убо кај сите да дајт господ. Искрено уште сум во страв и паника да не се повторит истото од пред 7 месеци :/ едвај чекам да одам утре на гинеколог
@Rina1992 мое мисмење е да почекаш уште малку пред да одиш на гинеколиг барем уште недела дена затоа време уживај снирено и однарај, ако одиш не дозволувај да те прегледуваат вагинално, јас отидов дури после 20 дена доцнење а имав направено тест со 2 линии позитивен, кога отидов ми потврдија и срцева анција и 8ма недела бременост. Со среќа и релаксирано
@bella24 мислиш вагинално ехо би било штетно или? јас сум имала уреаплазма кога забременив за прв пат, и тогаш отидов после 12 дена доцнење и замисли имав само 4 дена да се радувам на веста, и потоа имав спонтан. ги направив сите анализи се беше во ред освен уреаплазмата што сеуште беше присутна. Сега страв ми е да чекам многу истрауматизирана сум од тогаш па ако сеуште е присутна таа бактерија барем да ја излечам пак.. дај боже се да е во ред овој пат
Јас имав уреоплазма до 20 та недела, ја исчистив со сумамед дали забременив со неа не знам на брисеви во 12 та недела ја открив и од тогаш ја лечев. Дека бил спонтаниот од уреоплазмата не вервам ниту пак од вагинално ехо. Сите пати до сега ме прегледувале вагинално заради бактеријата и цервиксот, не се плаши што е Господ никој не е,а треба да си избереш и добар доктор. Кај кого ќе одиш? Од Охрид си?
Тогаш сите анализи ги направив по спонтаниот се беше во ред.. Од Охрид сум и одам кај Јасна ама ко да не ми се ојт појќе таму сега.
Iст случај и кај мене.И јас со првата имав спонтан во 5та недела . после сите испитувањеа се покажа дека се е во ред ,освен што имав уреоплазма, но освен мојот гинеколог,обарав и други мислења ,сите рекоа дека нем ашанси да е од уреоплазмата . така сакало да биде и затоа не се оптеретувај со тоа. Рано е да направиш повторноп испитувањеа,мене ми рекоа после 10та недела ,па и да ја имам ќе пијам терапија и готово. Мада тогаш ми дадоа терапија и рекоа со тие апчиња нема шанси да остане бактеријата. Само позитивно со мислите и се ќе биде. Ја сега сум 8.5 недела ,само со позитивн амисла,инаку сами си привлекуваме лошото
Лесна бременост, господ да ве чува. И јас се мислам да одам кај друг гинеколог, а не знам сега да си почекам уште некое време па да одам на преглед.. Мислите самите одат на најлошото што сме го поминале затоа сега сум растревожена..
Јас одам кај Љушев и досега сум задоволна, немам збор.. Терапија обавезно после 12 та недела дотогаш никаков антибиотик ако постои бактерија, јас се консултирам со докторка од Скопје во исто време ако имам за нешто недоумица дури и еднаш бев на ехо за цервикс Скопје ама засега имаат исто мислење, јас ти го препорачувам Љушев иако е приватен сепак е многу стручен. Утре сум за срце кај него па ќе видиме, а тебе ти е рано за ехо почекај барем уште една недела. Првото ехо ми беше 6+4...Среќно
И една другарка го пофали него па да почекам уште неколку недели и да одам. тој ти е матичен тебе така? и колку земат за контрола?
Не ми е матичен, Пецак ми е матичен кај Љушев плаќам приватно тој ми је води бременоста, ехо кај него е 1000 ден пр.за потврдување бременост, скрининг е 2000 ден, до сега направив едно ехо во 8 ма недела 1000 ден, скрининг плус брисеви во 12 та недела 2000 ден.втор скрининг 2000 ден, денес сум за срце ќе видиме колку ќе платам.
@Anetaoh се јавив јас вчера ми рекоа да почекам барем 10 дена доцнење на циклус за да ми потврдет бременост. мене матична Јасна ми е ама не сум ич задоволна се мислам кај да одам друго место :/
Мамички колку ви беше bHCG на 4 недели бременост?? Јас испитав денес и беше 105 а се плашам да не е мн ниско ко за 4 недели... првиот пат кога бев бремена и имав спонтан беше 238.. преплашена сум сега не знам што да мислам
Фала ти мн. Се чудам само зошто тогаш вредностите беа повисоки а сега се ниски, ама ќе почекам уште малку и ќе одам на еден ехо преглед..
можеби е рана бременост затоа вредноста тебе ти се гледа мала, уживај миличка и не мисли на тоа што поминало и мисли на иднината уживај во најубавите мигови...честитки