Секогаш постои надеж, но толку рано симптоми за бременост не.. а и слични се тие за бременост со тие за добивање. Најубаво преку крв или одма на гинеколог, последниов пат 3 теста со надеж направив и на повеќе од две недели доцнење ми дадоа апчиња да добијам, бидејки испадна циста на десен јајник... Со првово детенце кога останав немав баш никакви симптоми, освен тоа што ме боцкаше доле кај стомакот
Зa симптoми ти е рaнo. Доцнење нa менструaцијa мoже дa биде oд мнoгу причини, a зa утврдувaње бременoст нaјтoчен е тестoт преку крв.
Почекај уште неколку дена и да си бремена може да не покаже на тестот од чиста причина затоа што е уште рано,а првиот симптом за бременост е доцнењето на менструација така да почекај да касни барем еден ден. Тие симптоми ги имав и јас кога добивав но ги имав и кога останав трудна. Со среќа
За симптомите што ги наброја ти е премногу рано. Гадење повраќање доаѓа после 6 тата недела 7 ...8. Ти сега имаш типични пред менструални симптоми помешани со исчекување и психа па затоа. Би требало тестот да покаже после толку каснење освен ако не е покасно зачнато. Имај трпение и почекај.
Здраво женички.Пред 2 недели имавме незаштитен однос со мм.Ми доцни 5 дена. Имам страшни болки во долниот дел на абдоменот и двата јајника ме болат(посебно лев)како кај ПМС ,ме боли глава,ми се надига последните 2 дена(особено на сабајле) но и во текот на денот,се прозевам само ми се спие,апетит качен.Шо мислите,можно е да сум бремена? Денес да земам еден тест и утре од сабајле да го направам?
Никогаш не се знае, психата е страшна работа и за се има прв пат Дај боже да си бремена ако посакуваш, што направи?
Посакувам да сум... направив сабајлево испадна негативен. Ќе направам уште еден во среда и ќе одам на гинеколог. Чудно. Имаж редовен циклус,а ми доцни 6 дена.
Не би требало да е рано ако имаш редовен циклус. Посети гениколог можи да се работи за стрес или некоја циста
Да,секако ке идам. А скоро бев на гинеколог ништо немав ни циста ни ништо.Чиста ко солза. Имам уште како ПМС болки и грбот доле ме кине. Шо мислиш? Да не е па рано...
Паа со толку доцнење не би требало да е неточен особено ако викаш дека ептен на време имаш циклус, направи преку крв најубаво. Тие симптоми што ги имаш се и типични и за добивање... колку време се обидувате?