Maja,slobodno napravi test,se e mozno i da bide pozitiven a i da ti docni poradi x pricini sto cesto se slucuva.kako i da e so sreka!
Ќе направам тест сигурно ако не добијам, ама некако трема имам, исплашена сум.. пред неколку часа почнаа грчеви да си играат во стомакот доле, ко да ме боли, чудна работа, предходно не ми било вака.. сепак ти благодарам ќе покаже тестот што е
Здраво на сите сакам да прашам последен циклус имав на 15 декември 5 дена со дечкоми имавме незаштитени односи(сакаме бебе)последен однос ни беше на 27/12 и како што читам тука така ми биле и плодните денови на 4,5 и 6 први имав многу мали траги од крв и со промена на бойа трите дена За што може да биде тоа знак ако июа некой некое искуство пишете плисссс
Може да е знак на бременост, може да е и настинка. За една недела можеш да направиш тест и да провериш ... Среќно !
Сакав да одам утре на гинеколог незнам коку е паметно ама многу ми е страв(првата бременост ми заврши со абортус, зато што немало срцева пауза) и по долга пауза сега ова уфффф...
Мислеше на срцева акција дека немало? Нема од што да ти е страв кога веќе сте решиле и сакате бебуле, а ете и веќе работите на случајот секоја бременост е различна,но и секоја жена исто така, тоа што и се случило на една ништо не ти гарантира дека ќе ти се случи и на тебе! оди си на преглед најпаметно ти е,тука можеме само да нагаѓаме од искуство или од муабети,што како што реков немора да важи истото и за тебе! ти посакувам многу среќичка и упорност,па набрзо да не почастиш со убави вести
Феминки, јас вчера прочитав на еден сајт за тест со избелувач (варекина). Мокриш во нешто и истураш варекина врз тоа, ако пени или имам меурчиња значи бременост. Веднаш штом прочитав станав да пробам и пенеше. Утрово со првата урина исто така само поише пенеше.. Знае ли некој за овај тест или сл?!
Тест за бременост си постои и се купува од аптека, во такви работи неможеш да си 100% сигурна. Варекината пени на киселоста на мокрачата, особено насабајле Сум се занесувала и јас сум правела со сода бикарбона (пенеше искачаше од чашката) па не бев бремена
Здраво феминки Сакав да ве прашам за мислење, ваљда сеуште е рано но.. За два дена од прилика треба да добијам, а со мм имавме не заштитени односи нели со намера за бебче.. Прв пат воопшто ова без пазење. Само некако овој пат многу ужасно мн ме болат градите а немам некои болки како за да ќе добијам, обично ме кине стомак уште цела недела пред тоа. А еве сега ништо. Само денес што чуствувам благо пецкање на десната страна повеќе. и имам некое чудно гадење а не можам да повратам само ми се гади последниве два три дена да речеме. Ме убива ваљда тоа што морам да чекам уште некој ден
Ќе го повторам тестот петок повторно, ако веќе и тој е негативен, понеделник закажувам на гинеколог. Благодарам
Дај боже да ви се оствари желбата и тоа од прва Сепак, овие симптоми што ги напиша се исти како и за пред добивање, така што ништо не може да се каже...За гадење како симптом за бременост пак е ептен рано...Гадењето и повраќањето доаѓаат покасно, ако уопште дојдат (еве кај мене тој симптом никогаш не се појави, 5 месец сум ) Почекај уште два дена, земај тест и со среќа!!!
Здраво, Имам едно прашање кое многу ме загрижува. Минатиот месец добив на 22-ри декември. Во меѓувреме имав неколку пати незаштитен однос, но не свршуваше во мене и внимавав на плодни денови поради тоа што редовно ми доаѓа секој месец , можам да предвидам кога се плодните денови. Воопшто не бев загрижена се додека пред некоку дена не почна да ми се лоши и да имам кркорење во цревата и дијареа ама не повеќе од 2 пати на ден.После два дена ми се смири кркорењето на цревата, само осеќам понекогаш како ладен да ми е стомакот, и ми се лоши (можеби сугестивно). Освен ова немам други симптоми, не мокрам често, немам вртоглавица, замор осеќам вообичаен и градите не ми се отечени и тврди, температура измерив имав 36,4 . Дали мислите дека ова се симптоми на бременост? Ве молам за ваше мислење поради тоа што е рано за тест , треба да добијам на 21месецов, да не се измачувам веќе со прашањево. Ви благодарам.
И јас мислам дека не си бремена ама ако не ти дојде на време направи си еден тест иако мислам дека ќе ти дојде.