Здраво девојки, ве молам за еден совет што да правам... Ми доцни 17 дена (а секогаш ми доаѓа на време), стомакот го осеќам дека ми е подуен, градите ми се осетливи и подуени и во 15h правев тест за бременост и испадна негативен. Но пред тестот испив доста течности ( кафе, 2 чаши кока кола и пола шише вода). Дали тестот е точен и покрај тоа што не е со утринската урина и испиените течности? Не знам што да правам...
Не си бремена, штом тестот така кажал со 17 дена доцнење. Тие симптоми што ги имаш се исти како за пмс. Најверојатно во скоро ќе ти дојде.
Да се надеваме, бидејќи никогаш до сега не ми каснела, секогаш на време и ова сега 17 дена ми направи boom! Дечко ми сака уште еден тест да направам со утринска урина пошо не верува во овој дека е точен
Купи си шур чек кој се прави во секој момент и мирна ти глава. Ќе ти дојде, под стрес си, затоа касне толку.
Шур чек во сите аптеки го има? Иначе далеку од стрес е работава, ич не сум под стрес лабаво ми е, само од време на време ме копка
Ако сакаш можеш да го повториш тестот, ама не ми се верува дека после толку време доцнење, ти кажал лажно негативен. Ако не ти дојде во најскоро време, посети генеколог.
Да .. можно е да добиеш лажно негативен резултат, затоа најдобро е да почекаш да ти касни барем еден ден.
Не сум сигурна затоа што се десиле случаеви каде што тестот покажал негативен, а да си трудна. Дај боже да добијам, само работата што ми е подуен стомакот ме чуди најмногу затоа што не се десило тоа никогаш до сега
Дали си била на патување или дали си на строга диета дали вежбаш премногу ? Има многу причини зошто касни не е само бременост.
Јас мислам дека така се случува само ако прерано го направиш тестот, тогаш можно е да покаже негативен бидејќи зачнувањето почнало подоцна. А тука многу дена ти касне, така да ако си бремена, ќе покажи тестот. Ама ајде, да не се правам генеколог, а не сум, ти го кажувам само онака ова од што сум читала, најубаво е да посетиш генеколог, бидејќи не е добро толку доцнење.
Си закажав на 26ти, 5 дена пред да летам за америка. Се надевам дека до тогаш ќе ми дојде и дека се е во ред
Здраво убави. Нова сум на форумов и имам едно прашање до вас. Со мм сакаме бебче. Е сега, последната менструација ми беше на 06.05 и ми траеше до 10.05. Плодните денови ми беа некаде од 15.05 до 21.05, барем така ми кажува апликацијата на телефонот.Овулацијата ми беше на 19,20. Со мм првиот незаштитен однос ни беше на 12.05 и се така редовно секој ден. Е сега веќе,по 9 дена од првиот незаштитен однос, 3-4 дена ми се гади,брзо се заситувам од храната имам вртоглавица, осеќав ко да имам внатрешна температура ,ко да сум болна,омалаксаност,главоболка,болки во јајниците, болки во дојките(чат-пат), слабо варење на храната и гргорење во цревата,апетитот на моменти ми е слаб,ми се јаде многу благо,имам болки во целиот рбет, мокрев често до вчера,денес не толку . Но веќе денес 21.05 овие симптоми малку како да исчезнуваат, ќе видам до после како ке биде. На сабајле немам мачнини ,почнуваат на поручек и навечер. Што мислите, дали сите овие симптоми се последица на овулацијата или станува збор за оплодување?Кога почнуваат симптомите како знак дека настанало оплодување?Дали е сеуште рано за тест? Сношти направив Shure Chek испадна негативен.Земав еден тест што покажува резултат по 5 дена од зачнувањето. Е сега незнам кога да го направам ,можеби зачнувањето настанало вчера, што мислите? Кога е најдобро да направам тест? Да го чекам изостанокот на мензисот? Сакам мислење за мојава ситуација.Се извинувам на мојот предолг текст и бомбата од прашања ама мноогу сакаме бебче. Поздрав
@LolitasLola многу се оптеретуваш. Првиот симптом за рана бременост е отсуство на менстуација. Не и дозволувај на твојата голема желба за бебе да те залажува со овие симптоми. Гадењето, киселините ќе дојдат, ама со време. Првите симптоми кои ќе ги почуствуваш во телото ќе бидат исти како пмс. Вие само продолжете да водите љубов, и да бидете среќни.
@LolitasLola Мислам дека се уште е премногу рано за било какви симптоми иако овие што ги имаш личат на оние за бременост. За тест ти е рано и не би ти препорачала да правиш било каков тест пред 01.06. Моите симптоми на бременост започнаа во 6та недела значи после 10 дена доцнење на менстурацијата иначе сите симптоми кој дотогаш ги имав беа исти како ПМС. Морам да ти напоменам дека секоја жена е различна и кај некои може да се јават симптоми веднаш по оплодувањето, а кај некои воопшто да не се јават никакви освен доцнењето на менструцијата. Знам дека ти го давам најтешкиот совет но тој е и единствен МОРА ДА ЧЕКАШ ! Искрено се надевам дека си бремена и дека ти помогнав барем малку.