Види, не сакам да ти кршам филм, ама не ти спомнаа дека барем две години треба да има пауза помеѓу две бремености кога си породена со царски рез? Постои ризик од пукање на матката при следното породување, не си играј играчки. Не дека нема мајки што кратко после царски забремениле, случајно, и се било во ред, ама јас да сум на твое место не би ризикувала.
Па почекај барем година да направи малото. Што знам, јас не би брзала ( и не брзав, моиве се пет и пол години разлика).
Бев денес на гинеколог.....иако очекував да рече дека сум бремена он вика не сум.....сум имала воспаление затоа ме боли стомакот и половината и ми даде антибиотици....хмм незнам зошто не му поверував у мене е некое чуство што ми вели дека сум....и градите ме болат на допир и осекам како кога доиш бебе кога ти наидува млеко баш буквално така осекам како да секој момент ке излезе млеко.....е сега да повторам пак последна меструација имав на 9 овој месец а на плодните денови имав не заштитен однос па си викам да не е рано а гинекологов не можел убаво да види или само си се залажувам што мислите?
Пред 3,4 дена ти биле плодни денови, невозможно е да се виде на ехо дали има бременост, а болка во градите може да е знак за овулација. Симптомите на бременост не се јавуваат толку рано. Почекај да ти доцни 1 ден, па тогаш направи тест.
По календарот на плодни денови овулацијата ми помина а и нагласив и предходно во еден мој пост дека никогаш не сум имала никакви болки кога сум била во овулација.....но ништо не ми преостанува освен да чекам да видам дали ке ми дојде....само се мислам дали да ги пиам таблетите што ми ги препиша гинекологот
Можеби е воспаление како што кажал докторот, за симптоми на бременост е многу рано. Јас да сум би ги пиела таблетите од докторот.
За прва бременост планираш?? И ако си имала на 9ти месецов, прерано е да се види нешто на ехо. Треба да чекаш барем да ти касни 1недела
Не си имам една принцеза.....за др бебе планираме малата само ме прасува кога ќе родиш бебе?.....и затоа со нетрпение сите чекаме....е сега по првата бременост како што ми беа симтомите затоа си мислам да не сум трудна мене градите никогаш не ме болеле освен во почетокот на бременоста со првото дете
Немора да значи, секоја бременост е своја приказна. - И за симотоми е мн рано, почекај да ти касни. Со среќа
Девојки со мм се фрливме на правење бебе месецов и денес ми беше ден за добивање но никакви симптоми. Ме болат пупките само и имам бело прање многуу. Да потенцирам, имам редовен циклус. Сакам да прашам некоја од поискусните, дали доколку би правела тест сабајле би покажало или да почекам уште некој ден?
@fana @Minnie-e денес не бев во можност да купам, па најверојатно утре ќе купам и ќе правам. Дај боже да се ||
Симптоми никакви, тоа ме плаши. Секогаш пред добивање ме болат јајниците, градите ми потекуваат, глава ме боли.. Сега ништо. После последниов циклус бев на гинеколог, докторот рече се е во ред, редовна мензис и ми даде да пијам фолна добро било за зачеток а и ги пиеле жени кои планираат бременост, така рече. Е сега само што спијам по 10 часа и сум сум нон-стоп уморна друго ништо. Правев сега тест, знам треба со утринска, и беше негативен. Имам уште еден ама ќе причекам уште два-три дена.