Честитки мила најлесна бременост, Кај мене и толку не се познаваше линијата,супер си е тестот гали мешенце.
Душички...еднаш вака примав честитки за втора црта и за на крај да добијам. Не ми се лутете..но уште ми е неверодостојно. Збунета сум 100%, сепак МНОГУ ми значи ВАШАТА поддршка зошто само вас ви имам кажано за тестот. Ви посакувам на сите да ви се исполнат желбите за мешиња. А јас ветувам ќе ви возвратам со мпи совети доколку се потребни. Ве гушкам и ќе пишам тука пак кога ќе потврдам бременост од доктор.
Девојки фала ви за поддршката..Инаку во врска со темава...дали лошењето и одбивност кон одредена храна е неизбежен симптом на бременост во првите недели? Јас имам сосем нормален апетит...
Не мора буквално сите симптоми да ги имаш сите сме друга прича, сите со различен организам кој различно делува. Јас првите 3 недели од кога дознав дека сум бремена немав апетит за ништо,затоа сега мелам се пред себе. Што ти се јаде јади си гледи тебе да ти е убаво на душа.
Немa неизбежен симптoм oсвен изoтaнoкoт нa менструaцијaтa.. Се другo е индивидуaлнo. Јaс имaв гaдење без пoврaќaње сaмo нaутрo, a си јaдев нoрмaлнo. Вo 13тa неделa бев истo кaкo дa не сум бременa преку нoќ се ми исчезнa. Не се плaши симптoмите не пoчнувaaт oдмa a и дa немaш никaкви (aкo си тoлкaвa среќничкa) бебетo супер си се рaзвивa
Фала Ви девојки....ќе баталам да барам симптоми на секоја минута и дефинитивно одам на сигурно..да потврдам од доктор. Ве гушкам
Симтомите на бременост се слични како пмс јас мислев еве ми доаѓа ништо месецов и оп бремена.а знаете има еден сигурен симтом што ја потврдува бременоста и е поразлично од пмс ,тоа е болката што ќе ја осетите во брадавиците а додека е пмс само.градите болат тоа.така беше кај мене само.градите а после втори месец повраќана и вртоглавици..
Откако влегов во 8месец имам доста киселини и огромна горчина во устата ,имала ли некоја од вас искуство со горчини и како да ги решам
Здраво девојки. Осекјам остра болка во левиот јајник, и во половината имам потескотии при станување. Последната менструација ми беше на 20.08.2017 , дали е можно тие болки да се показатели на рана бременост или пак некој сериозен проблем. Ве молам споделете некое мислење и дајте ми некој совет.
Здраво девојки, Имам редовен циклус (28 дена), последен пат имав добиено на 27 август до 31 август. Од 04 до 13 септември редовно работиме на "случајот". Треба да (не) добијам на 24 септември.. Прашањето ми е, дали воопшто е возможно уште од сега да осеќам симптоми, поточно премногу често мокрење и замор?