Исто и јас добив последно на 28 август и сега осеќам некои од симптомите што ги читам болка во половини како пред ПМС болка во брадавиците и многу замор и многу голем апетит но мислам дека е рано за тест да покаже точен резултат или?
После две и пол години,конечно се одлучивме за второ.Последна менструација ми беше на 21.08.2017,а на 03.09 го имав првиот однос без заштита после толку пазење.Овие денови сум многу омалаксана некако,имам главоболка одвреме навреме,имам некое гадење и одбивност кон храната,меѓутоа рано е,мислам , за такви симптоми.Изгледа ме фати и вирусов,денес примив инфузија,цело тело ме боли. Да видиме уште неколку дена,дали сум трудна или не,сепак тоа е Божја работа. Поздрав до вас,мили
Девојки, дали болка под пазувите (во мојов случај од двете страни) е нормален симптом во бременоста? Јас сум 10-та недела и утрово се разбудив со болка при допир - нема оток, црвенило.
Не е нормален симптом. Следи го деновиве, ако се зголеми болка или натече обавезно на лекар! Под пазуви има многу жлезди.
Девојки имам некоја болка доле во јајниците ме боли како кога треба да добијам циклус а се уште е рано за добивање би требало да добијам на 27.09.дали би ме болеле јајниците толку рано.
Леле истата ситуација ја иам и ја..претходниот циклус добив на 29.08..треба да добијам исто одприлика на 27-28ми и исто иам такви болки во јајниците..не знам зашто..
@fina erika @Lavica2016 Многу би сакала да е знак за бременост Ќе стискам палци да биде Сепак првиот симптом за бременост заеднички кај сите е каснење. Жалам девојки. Ве молам пробајте да водете љубов деновиве, можеби е закаснета овулација.
Мене стално ме боли јајникот едно 10 дена до недела пред добивање. Не ме болат само откако ќе ми заврши до овулација значи 1 недела. Кога останав трудна мислам најголема болка имав, и за време на односи, значи не можев од кревет да станам. Исто и градите на секое поместување ме болеа, мада тие знаат 2 месеци да болат па 3 не. Како и да е, може да е убав знак.
@fina erika јас искрено мислам дека е или мноооогу доцна овулација..или повеќе ме тера да мислам дека е циста..барем кај мене драга..не знам да не нагаѓаме може само да се молиме и надеваме
Девојки, дали болката во градите и блага болка во долниот дел на стомакот и јајниците на 5 дена пред почеток на циклус може да бидат и симптоми за бременост?
Јас сум ги имала овие симтоми и претходно, не е нешто невообичаено.. е сега дали симптомите во ПМС и оние во рана бременост се исти можат да кажат само оние кои досега си виделе ||
Кај мене беа исти + ми излегоа мали акнички на грбот и под вратот (малку, мали и брзо ги снема) и имав кафеав скоро црн исцедок. Кафеав имав секогаш само непосредно пред да добијам. Овојпат траеше цела недела.