Не се разочарувај, ќе има и 2 цртки. На прв ден си го правела, направи за секој случај уште еден да си знаеш на што си. Ти ја пуштам цела среќа
Девојки,здраво. Ајде ве молам за совет колку се големи шансите да се забремени доколку сме имале однос еден ден после циклус и пет дена после циклус? Има ли надеж?
@abc1234 Шанси секогаш постојат, зависи од должина на циклус, плодни денови, а посебно што сперматозоидот може да преживее и да те оплоди после неколку дена...
Здраво девојки вака ми доцни 4 дена има некоја тапа болка во јаниците,болка во половината,подуенни гради и болка при допир на брадавиците,дали има шанса да има нешто страв ми е да направм тест за да не се разочарам а и имам полицистични јајници но редовен циклус на 28 дена
Мора да направиш тест, симптомите за бременост и добивање се исти. Штом ти касни толку време можеш веднаш да направиш не мора да чекаш прва утринска мокрача.
Колку ти излезе на крв? И како ја детектираше инфекцијата? Колку дена ти закасни? Извини ако многу прашувам, на слични маки сум и си умирам
7 дена после ризичен однос имав неколку капки црвено кафеава боја .премногу рано е за менструација. дали на некој друга ова и се има случено ¿
Можеби станува збор за импантациско крварење. Кај некои жени се јавува слабо крварење кога плодот се вгнездува во матката.
Не се оптоварувај со "плодни" "неплодни" денови. Тоа никогаш не се знае. Се надевам и јас дека ќе си ги видиш ||. А ако крварењето ти се случичо на средина од циклусот може да станува збор за овулаторно крварење. Мене ми се случуваше порано така. А колку дена имаш до циклус? Во кој период ти беше ризичниот однос?
пробувам да не мислам но сепак знаеш како е. на секој симптом размислуваме и анализираме . на 8ми ден од менструација имавме однос.
Мн. добро те разбирам и јас сум во иста ситуација и секој симптом детално го анализирам и одма гугал барам. Можеби си имала рана овулација, а спермата останува неколку дена спремна да ја оплоди јајце клетката. Но, има голема шанса да било овулаторно крварење, затоа што си прокрварела на 15 ден од циклус. Ќе дознаеш за неколку дена. Стискам палци наскоро и двте да се пофалиме со позитивен тест. Еве јас и покрај негативен тест уште не се откажувам од идејата дека можеби има нешто.
Болки околу папокот дали можеби се симптоми на бременост? Ги имам веке 3 дена,а никогаш порано сум ги немала. Ве молам пишете. Поминати се 5 дена од ризичен однос
Многу е рано за било какви симптоми. Болки во пределот на папокот можно е да укажуваат на воспаление на слепо црево доколку траат подолго време и доколку се придружени со малаксаност и повраќање.
Извините нз дали е за тука прашањето кога ми почнаа плодните денови имав огромна болка во јајниците а сега ни 16ден и ме болат градите до сега никогаш не ми се случило тоа