И јас вака од брзање и не можев да дочекам правев 2 предвреме, негативни. Два дена после доцнење - позитивен
Само што го направив, негативен. Утре е веќе 33 ден од циклус, никогаш до сега не сум имала подолг циклус од 30 дена. Овој пат овулацијата беше подоцна, на 20 ден имав позитивен тест за овулација
Од 7 до 23 ден од циклус скоро секој ден или преку еден ден. Последниот однос беше на 23 ден, односно на 23 август бидејќи последен пат добив на 1 август Два дена
Мислам дека да. Мене и тој третиот ми беше ептен слаба бледа линија и после една недела гинеколог ми потврди и тогаш пак направив тест од љупопитност и тогаш се гледаше убава црта, значи 10тина дена каснење....
33 ден и сеуште ништо, повторно негативен тест. Денес ми е 13 ден од овулација. Можно ли е да е сеуште рано за да покаже тестот? Утре имам закажано на гинеколог, секако ќе дознаам за што се работи.
Мислам дека ти е сеуште рано, и мене ми покажа негативно. Ќе почекам уште недела дена и пак ќе направам.
Здраво девојки јас сум нова на форумов и сакав да прашам. Значи вака на 13.08 добив а на 19.08 секс. Се пазевме значи не сврши во мене. Од 27.08 само ми се повраќа ме мачи нешто десниот јајник малку ме боли вртоглавица значи секој ден и денес на гаќите видов кафеав исцедок околу 15:30 ч и толку нема ни болки ни ништо ? Што мислите можно е бременост?
Девојки здраво, еве го мојот проблем. Сакам бебе, но се уште нема. Имав циклус на 27 август, првите два дена ми беа нормални, а потоа третиот и четвртот доста слабо. На 30 ми заврши. Еве од вчера пак почна да ме боли стомак, како за добивање, мислам дека во секој момент како пак дека ќе добијам. Имал некој вакво искуство до сега?
Првите две бремености воопшто не ме болеа, третата почнаа да ме болат уште четвртиот ден по овулацијата и тоа многу.
Здраво женски. Последниот циклус ми беше на 23.08 но не ни осетив дека имам, малку розово и траеше 4 дена. Од тогаш цело време пазам на исхраната, но стомакот ми е подуен, градите отечени и осетливи. Преку ден ми се повраќа и понекогаш имам вртоглавици. Пред некој ден на гаќите имав розов исцедок а кога се избришав немав ништо. Знам дека е рано за нареден циклус, но дали може да се ова знаци на бременост. Ако некоја имала слично искуство нека пише. ❤️
Јас уште не добив денес е 32 ден од мензис .на 08.09 правев тест негативен . Вртоглавица и градите поголеми и малку болат на пипање и скоро секој саат во wc по мала нужда .кога е време пак за тест ? И да на 10 и 12.09 имав незаштитен секс . Дали има шанса пред мензис да фатило ? Многу сакам бебе. Фала на одговор
Дали си сигурна дека тоа ти било циклус од 4 дена розево. Направи си тест можно е да си бремена. Ако си имала незаштитен однос пред 23.08 тоа може и да не било циклус розевото. Симптомите ко за бремена се.
Нареден циклус треба да ми е на 19.09. Така да ќе почекам уште два дена и ако ми доцни ќе правам тест.