Да да. 2-3 дена пред менструација. На 11тиот ден од менструација позитивен тест преку крв а после два дена и обичен преку урина.
Мене ми е малку чудно, бидејќи секаде прочитав и слушам дека треба да постојат утрински мачнини, од типот на повраќање и слично. Веќе влезена сум во 6та недела и освен гасови и преголема осетливост на лоши мириси, јас немам други мачнини. Нормално е да не повраќам?
Иста сум и јас немам никакви мачнини само понекогаш мали болки како пред менструација. 5та недела сум
Јас сум 22+ па понекогаш и заборавам дека сум бремена немам никакви симтоми се на се 5 пати дали сум имала мачнини И мене ми беше чудно на почетокот и во право беа кога ќе ми каЗеа поарно да ми е вака одколку да ми е мака
И јас иста бев втората бременост, лесна, прелесна, како да не бев трудна. Ама за првото затоа повраќав како за три бремености, до крај..
Мене искрено, навистина ми е премногу чудно. Прво, зошто ми е нова појава што првпат ја доживувам, второ зошто не очекував да се фати од прва, а трето зошто незнам што да очекувам.
До 8ма недела три до четири пати наутро лошо ми е многу бидено,само замор чуствувам,ми се лежи и спие многу,непцава ми крварат и подждригнувам често. Тоа се моите симптоми.А да и многу лесно се нервирам и карам
Здраво девојки ме интересира едно прашање. Последна менструација ми беше на 16 август требаше да да добијам на 16 септември но сеуште немам,но пред една недела почна да ми тече кафеаво ама безвеза еден ден имам еден ден немам и онака по малку колку да се каже. Направив тест негативен,се мислам дали да направам лабораторија преку крв. Може ваше мислење? Извинете на долгиот пост
Кога правеше тест? И мојот прв тест беше негативен, па почекав уште некој ден направив пак и испадна позитивен. Можно е да ова ти е последн менструација и затоа да ти шара така. А можно е и сосем друго да е во прашање. Други промени кај тебе чуствуваш?
Како мислите последна ? Сепак имам 24 години а со маж ми се обидуваме 4 години. Па имам многу киселини градите ми се отечени и од страна ме болат и уморна се осеќам многу само на спиење ме тера .а тест правев пред 3 дена ама ништо
Јас сум 15гн па до сега не сум поврќала а и немам некои посебни симптоми, освен мачнини како презаситеност. Биди среќна и уживај важно е бебушка да е добра симптоми немора да има којзнае какви, редовни контоли и тоа е тоа, уживај
Не мислев на последна менструација општо, туку ако е бременост во прашање најверојатно ви е последна менструација пред бременост. Слични симптоми имав и јас + гасови.. премногу гасови.
Гасови како прв симптом на бременост дали сте имале Ова не е нормално ниту е поврзано со храна.4 дена доцни циклусот.тест нема шанси да правам
Многу гасови! И тоа музикални. Ја и по тоа посомневав дека нешто има. И сега имам, ама зе со помал интензитет.
Јас имав последната бременост-кркорење, гасови, плус киселини, несоница. Алал да ти е како можеш да се воздржиш да не направиш тест, јас издржувам само десет дена по овулација . Со среќа!
Зар и тоа го има хахаха имам слушнато дека почесто е кај нив ама до толку нема да излезам од дома ако е така. Дај боже да е тоа знак и да ни пишеш убава вест
Како мислиш нема шанси? Ако ти доцни (а ти била редовна) треба да знаеш зошто доцни. Гасовите+доцнење на мензис ми личат на добар знак. пуштам среќа за две цртки