Бев на гинеколог денес,за две недели веќе ќе влезам во втор месец и тогаш ќе го слушнеме и срцето,мм е пресреќен уште од кога дозна ептен ме пази. Сакам да ви посакам среќа на сите,не се откажувајте..Кога најмалце очекував и ја оладив главата од мисли се случи.Ве гушкам сите и убав ден.
Девојки ми треба мала помош. Сестра ми вчера правеше тест на бременост и и се појави втора бледа линија. Не знам точно како да пресметаме која недела е. Последна менструација била од 14.06-18.06, а мисли дека зачнато е на 23.06. Закажано на гинеколог за 3-4 дена ама сите сме нестрпливи. Може малку помош?
Ќе се води по 14.06 таа по последен циклус би требало да е 3+4 односно да влегува во 4та недела. На гинеколог најдобро е 5+ да се оди. Значи се гледа само дата на последен циклус
Да не рачунаш погрешно? Од прв ден на последниот циклус до наредниот циклус имаш 1 месец веќе и влегуваш во втор месец од прв ден на 5та гестациска недела
Здраво девојки 5ти ден ми доцни,последните два дена приметив на градите многу силно изразени вени дури на едната ми е толку изразена како мастило боја исто и ме болат.Многу сум вознемирена и исплашена зошто ми се такви градите,дали е тоа можеби некаков симптом на бременост,а сакам да кажам дека свршуваше во мене кога имав меструација претходниот месец и два дена одкако ми заврши тоа се неплодни денови.Дали е можна бременост и многу сум исплашена за градите дали некој ќе ми објасни дали е тоа симптом на бременост или нешто можеби друго.
На пет дена доцнење ќе покаже на тест доколку си бремена или не си . Купи тест и не му ја мисли , барем ќе знаеш на што си . Поретко се случува во тие денови ама можноста за бременост не се исклучува .Поздрав и се најдобро
Здраво, пак јас хехе минатиов месец си добив само 2-3 дена ми каснеше е сега овој месец значи од како ми почнаа плодните денови на 4ти јули сврши во мене и на 6ти јули кога што и ми беше овулацијата. Е сега нели можам да направам тест после 10 дена меѓутоа незнам дали сеа на 14ти или да чекам 16ти па тогаш, и сакам да ве прашам кога се првите симптоми, еве на пример градите ми се осетливи на допир и ми се тврди, дали може да е тоа некој симптом или е многу рано? Не е за добивање затоа што е рано а и плус никогаш пред добиено не ми биле такви единствено нешто пред добиено е да ме боли долниот дел на стомакот и тоа денот кога треба да добијам. Исто така и ме болеше малку десниот јајник. Се надевам овој месец ќе биде.
Јас не би правела толку рано тест. Од причина што може да покаже негативно и да се разочараш. Први симптоми имав после 14 дена доцнење. Градите и онака пред секое добивање ми беа чуствителни така да тоа не го ни сметав за симптом.
Епа мене тоа ме буни што мене никогаш не ми се случува тоа никогаш не ми биле вакви за пред добивање а со првото ич не се сеќавам дали сум имала вакви симптоми, а да затоа и јас несакам да правам да не се разочарам ама многу сум нестрплива хаха