Те разбирам колку сакаш да дознаеш дали си бремена, ама почекај барем на денот кога треба да добиеш. Прашај во аптека кој тест е најсензитивен да ти го препорачаат.
Ви благодарам на сите ќе почекам до недела ако не добијам тој ден понеделник ќе направам некој посигурен тест.
До сега сум немала сексуални односи, на 05.06 кога бев кај дечко ми јас бев по фармерки а тој по тренерки(подоцна боксерки) и имавме ,,секс’’ преку облека. Исто да напоменам дека носев долен веш кој не ми ја покрива целата интима па доколку имало сперма на тренерките негови кои ги облеков од после јас постои можност да сум бремена од таа варијанта или некако при триењето? Менструација имав на 13.06 и ми траеше само 3 дена и имав многу малку , третиот ден скоро па воопшто и да немав .. прв пат ова ми се случува, сега требаше да ми дојди на 11.07 но ми нема сеуште дојдено. Можеби ова звучи глупаво но многу ми е страв и Ве молам за ваше мислење.
Поз до сите ! Последен менс имав на 11.06 имавме редовен секс секој 2 ден . на 09.07 имав розев исцедок и на 20.07 правев тест навечер и Позитивен || пресреќна сум . И на 21.07 правев тест сабалје пак || . Е утре сум на преглед прва бременост ми е јас живеам во швајцарија 4 год брак и фала на господ и мене ми подари дете. Сакав да прашам која недела сум? Имам една апликација flо и ми покажува дека утре 7 недела 1 ден ? Позз до сите
Тестов не ми е познат,но ако викаш дека е позитивен честитки, 6та недела си бремена Веќе можеби и срценце се слуша,појди си на гинеколог.
Здравоо, мене пак ми е нешто чудноо. Еден ден пред менструација направив тест Self clear и испадна негативен. А мене веќе 3 дена ми касни. Дали е можно да не покаже тестот тогаш??
Женичкиии вака сега на 27 .06 добив се обидуваме за бебе веќе некое време менструацијата ми е точна секогаш на 27 дена по правило денес треба да НЕ добијам но еве уште ништо многу сум нестрплива незнам дали да правам тест денес или да почекам уште малку ако правам денес дали би покажал точен резултат?симптоми некој немам освен како пред да добијам пред една недела имав бел исцедок што не мириса
Утре направи тест со првата мокрача ако има нешто би требало да покаже , ако по неколку дена сеуште не добиваш пак направи тест . Среќно, дај боже да видиш ||
Jas bev na ginekolog no za zal seushte e premnogu malo ne moze srcence da se slusne po 3 nedeli imam pak termin . Koj ke ceka sega do 14.08 ufff
Девојки здраво Денеска според последниот циклус покажува точно 5 недели бременост. Последната бета беше 880.61 на 30 ти ден од циклус. Е сега од утрово имам некои прободнувања во десниот јајник на моменти. Му кажав на докторот што е на замена бидејќи матичниот е на одмор ми рече да одам утре и можно е да ми пише болување. Но работи само прва смена што значи јас неможам да отидам. Дали знае некој од вас приватен гинеколог во Куманово кај кој може да направам преглед? И така овој доктор не е многу упатен во мојот случај
Здраво сакам да прашам 5 дена пред да добијам имавме незаштитен однос, добив кога требаше јас точно секој месец ист датум добивам, но мене менсттуација максимум до 3 денс претходно ми траеше а сега еве веќе 6 дена речиси кога одам во тоалет само вака нема ? Дали може циклус да се поремети или
Здраво на сите, неискусна сум во ова прв пат се обидуваме за бебче, па ако може мислење ке побудалам веќе. Односот беше крај на јуни на петти ден од менс (ми беше прекината веќе два дена) пред една недела правев тест негативен беше (не ми доцнеше сеуште) еве сега ми доцни два дена (а секогаш ми е редовна на 28-29ти ден добивав) денеска посебно ми се гади цел ден и ми смета мирис на парфем и кромид. Исто последната недела имам некои чудни боцкања во левиот јајник, градите тек сега почнаа да ме заболуват како пред да добијам често мокрам и буквално цело време се чувствувам како помочана имам безбоен исцедок цела недела. Денес мислев ќе добијам оти имам такви болки во стомакот како пред добивање само се многу послаби, и се чувствувам многу подувано ќе пукнам мислам. Ова се симптоми на бременост или на добивање? И ако направам утре тест ќе покаже точно? Можно е да забременам во неплодни денови зошто по календарот овулацијата требало да ми биде 10 дена по односот. Извинете на долгиот пост нетрпелива сум многу. Ве гушкам
Направи сабајле тест. Штом ти доцни би требало да ти покаже. Може и овулацијата според календарот да не е точна. Штом ти доцни, да не ти оди на мисла, направи си тест сабајле. Со среќа