На страна од детските муабети. Дали (за тие што пробуваат да имаат деца) сте имале чуство на топла матка ден два после овулацијата. Првите два дена толку многу ме жежеше што неможев да спијам. Денес дали дека малце олади денов па и не ми смета. Да ги исклучам како причини, не е инфекција, чиста сум. Други симптоми немам а и знам дека е прерано и чуствата до последен ден се исти со мензис. Но оваа топлина ме буни многу. Сум ја имала само еднаш пред ова и тоа пред 6 месеци кога останав па имав спонтан.
Пред овулација температурата паѓа и до 36.4, и после овулација нагло се качува и над 37.3 поради прогесеронот и нормално е да се почувстува зголемената топлина. Мислам дека нема место за паника, уживај и надевај се дека некој пливач ја уловил јајце клетката
Женски ајде малку помош добив на 25.08 плодни денови би требало да ми се од кај 3 ти до кај 8 ми овулација 6 ти редовно имаме секс за бебуш денес температурата ми е е 37 ,2 со 3 ме буни ова со температурава дали е можно овој пат да има причина да се радувам? Исто така чуствувам мали тапи болки во стомакот краткотрајни слични како пред да добојам
Јас не препознавав симптоми, ниту пак мерев температура. Чекав каснење на менструација. Бидејќи знаеш кога ти е овулација и плодни денови а и редовно имате односи тие денови, почекај ако ти доцни направи тест.
Никој не те напаѓа. Поентата е дека сите истиот совет ти го даваат, а ти упорно не слушаш, по старо си тераш и пак прашуваш. Или послушај или терај по твое. Никој лошо не ти мисли од тука за сигурно.
Da znaam no vekee samo so kondom nema sansi vaka bez mi dojde i ovoj mesec eden den porano dobro e od sega pamet vo glava za da nemam stresovi sekoj mesec fala vii
Дали некој знае и ќе сака да ми објасни што значи прогестерон 20,09 од вредности 1,5-20 на 21 ден од циклус? Дали е знак за бременост?
Ајде да се јавам тука уште еднаш. Мензис треба да имам за 4 дена. Плодни денови ми беа од 6 до 12 август. Скоро сите ги искористивме со сопругот. Недела после овулација осекав топлина како што спомнав погоре и грчеви и боцкања во јајниците. Топлината си е иста само сегде сега, ми се лоши и јаде во исто време, од пред два дена и градиве ме болат ама и жежат не е класично отекување и тежина. Имам болки и во грбот. Да не спомнувам често мокрење си идам и по 12 пати па дури и на неполна бешика. Прашањето ми е дали да почекам уште овие четири дена или да си ги скратам маките и да направам тест? +главоболки (ќе заборавев)
И мене како знак највеќе ми беше честото мокрење и грчеви во јајниците имав исто како тебе ама тоа пред секое добиено ми се случувало ,а честото мокрење не.. така да можно е да има бременост.