Женички 5месеци упорно работење на случајот и све ко залудно да е сега чекам треба за 5 дена да НЕ ми дојде, имавме и пред и после овулација симптоми уште немам никакви само некои мали грчеви и минимални кратки болки во долниот дел на стомакот како за пред добивање, што мислите вие ќе бидне ли овој месец мада не е кој знае кој симптом.. а за тест незнам дали ке покаже порано но неможам веќе да чекам и нервоза ми ствара ова
Ovie deca vo posledno vreme nekako inaetlivi stanale nikako da bidat 2 crtki sto bi rekola maz mi ma.. mu ... e... hahha
Здраво на сите. Со сопругот се опуштивме од пред некое време и не дека интензивно работиме на случајот, ама си сакаме бебче веќе. Не знам дали точно ги калкулирам плодните денови (се водам по апликација и си го слушам телото), но поради тоа што имам прилично нередовен циклус ради полицистични јајници секогаш сум со резерва. Минатиот месец добив на 3ти август и според app плодни денови ми се од 14 до 20ти, а најплоден ми го рачуна 19ти (ова земајќи некој просек од сите досега внесени податоци). И да не должам многу, имавме цело време обиди во текот на овулацијата, не сум сигурна дали баш на тој ден, ама секако на 2 дена. Требаше да добијам денес (според аpp) Веќе неколку дена имам болки во јајниците како за добивање а градите ми се како малце подотечени или халуцинирам не знам хаха пупките ме болат на допир ама минимално. Кое е вашето мислење, да купувам ли тест? ☺️
Направив тест, ама сега (не со прва мокрача) пошто бев нестрплива Што мислите точен ли е? Се надевав дека ќе биде позитивен...
Ако е позитивен треба да покаже во било кој дел од денот. Колку дена ти доцни? Може за 2-3 дена да покаже позитивен, не се разочарувај одма.
Па по апликацијата 2 дена ми доцни. Ама не знам дали да и верувам пошто имам нередовен циклус. И прв пат ми се случува толку долго да имам симптоми а да не добијам. Веќе една недела имам болки во јајниците, а обично или немам болки или само ден два пред добивање.
Ако имаш нередовен циклус секој месец, не мојш точно да знајш кога си имала овулација. Почекај уште некој ден па повтори го тестот или уште посигурно преку крв или крајно на гинеколог.
Да знам, ама овој месец си ја осетив овулацијата. Имав благи болки во јајниците и исцедок типичен за овулација. Како и да е, ако не добијам за два три дена ќе повторам тест и ќе одам на гинеколог. Фала ти во секој случај. Се надевам дека ќе се израдувам на позитивен тест што побрзо.
Конечно поченавме да правиме бебе, овој месец прв пат не се пазевме. Треба да ми дојде на 14.09. Има уште десет дена а јас веќе почнав да си умислувам. Почнав да правам планови, да читам по интернет за бременост, пораѓај и се што е поврзано. Знам дека мали се шансите уште на прв обид да фати и не сакам да се разочарам ако ми дојде. Па сакам да прашам дали има некоја како мене вака опседната или само јас сум будала