Иста сум буквално.. Претходниот месец пробавме 3-4 пати ама мене пред време ми дојде, 10 дена порано и верувам можеш да замислиш колку се разочаравме. Месецов пробуваме секој ден. До 20 септември е рокот. Не знам како ќе издржам до тогаш за да дознаам. Сега си правам калкулации некаде после 15ти да правам тест
Здраво девојки, Многу долго ја следам темава, ви ѓи читам симптомите и ѓи споредувам со моите. Имам полицистични јајници 11 години. Пробав се што може да се проба. Последен пат пиев Јасмин од Јануари до Јуни и се решивме со дечко ми да се фатиме за работа. Прво, седнав и прочитав се на интернет околу зголемување на шансите за бременост, истовремено ѓи прочитав сите ваши совети и маки тука. Почнав со здрава исхрана, витамини, чуда. Секс секој ден. Со оглед дека имам полицистични јајници предобро се спремив психички за долга борба. И почнаа првите разочарувања и тоа уништувачкото чекање за праење тест. И се откажав после 2 месеци и си реков толку е со пробување, не можам да издржам психички да гледам една линија. Дечко ми секако идеше надвор од државата на еден месец. И така, сега во август си се вратив на стариот живот junk food, алкохол, цигари и пред да иде дечко ми сосема случајно во плоден ден имавме секс... Ама секс за задоволство, не за дете. И ете сум после скоро месец дена од тој секс со позитивен тест во рака. Луѓе, не можам да ви ја опишам среќата. Ви ја посакувам на секоја една од тука! Извинете на долгиот пост. Поентата ми беше ОПУШТЕТЕ СЕ. Не ви треба здрав живот, преоптоварување и притисок. Нема потреба да си ги проверувате и гледате градите пред огледало, да се концентрирате дали ве боли лев или десен јајник. И не, не ви е лошо насабајле, психата сака да ви се гади и да ги осеќате сите симптоми. Имајте секс за задоволство, уживајте. Се надевам дека помогнав со ова. П.С. Единствено различно нешто што направив е што почнав да ѓи користам влошките од Тианде. Бев скептик, мајка ми ме натера, дали помогна тоа или ми помогна позитивната мисла, не знам. Како и да е, сериозно опуштете се.
Многу ми е мило што го читам ова и искрено се радувам! Истиот проблем го имам и стварно знае да удри на психа... Се надевам дека ќе успеам како тебе да се опуштам што е можно побрзо пошто од мислење само глава боли и ништо друго.. Ти посакувам лесна бременост и уживај во периодот што следи!
Фала ти. Првите два месеци 'ѓи имав сите симптоми', правев по 3 теста пред да добијам. Сега толку не размислував што првиот тест го направив вчера, 8 дена од каснење. Претпоставувам дека ве интересираат симптоми. Ништо освен нормалните болки во стомак пред добивање само што обично градите премногу ме болеа порано, а сеа повеќе осеќам тежина и сензитивност, не голема болка. И обично имав дијареја пред добивање, а сеа нормална столица.
Секоја жена е различна, а генералните симптоми не мора да значи дека ќе се појават кај сите. Како и да е психата игра стварно голема улога, ептен си во право.
Честитки Белмони, ги имаше ама баш сите и баш истите симптоми што ги имав последнава бременост пред позитивен тест и кога го читав ова, едноставно знаев дека си бремена. Сега само спокојно и ти посакувам сé најдобро!
ти благодарам мнногу. сега се молам само да е во ред се, утре сум на преглед за срцева акција, држете ми среќа
Беше на лекар? Чекаме одговор Ние вчера видовме срце и дури сеа почнав да се навикнувам дека сум бремена. Следна контрола за 6 недели, не знам како ќе издржам.
Вчера влегов во 7ма недела и така ми рече докторката освен ако не издржам Ќе одам ваљда за 3 недели да го видам.
Здраво имам едно прашање неколку месеци се обидуваме со мм за бебенце досега не успешно кај мене од испитувања брисеви и пап се е чисто засега ке пробуваме вака, земав и пијам веке цел месец фолна алкавит, последна менст на 11.08 просечен циклус според апликација 30 дена плодни 14 15 16 ден незнам точно и не обрнувам внимание имаме односи редовно опуштено, требаше да добијам вчера или денес ама уште ништо, од симптоми болни гради и грчеви слаби менструални болки.. Да правам тест вечер или сабајле или рано е??
да сум на твое место уште веднаш ќе направам јас кога забременив тестот го направив 4 дена пред да добијам, ајде со среќа
FRUHTEST од зегин го имав купено, го направив навечер, бев нестрплива, имав некое претчувство а никакви симптоми, првите симптоми ги осетив во 7-8 недела од бременоста, секако дека даде точен резултат
не се сеќавам на цената 100тина денари, можеби и повеќе, да не те лажам....причекај некој ден, секако после тестот не се оди веднаш на гинеколог, пак ќе треба да чекаш