Секако дека е можно ама нема да знаеш за сигурно додека не направиш тест. Мене на пример и јајниците ме болеа ама градите ме болеа различно, повеќе ми тежеа. Ако си имала рана овулација, напрај тест утре сабајле. Да си видиш тоа што посакуваш.
Здраво девојки. Ми доцни 9 дена, имавме незаштитени односи со мм,ми се спие многу,ме боли стомак како да ќе ми дојде секој момент, вака е една недела, предходно пред да ми идела 10 дена обавезно ме болеа градиве на мал допир, сега воопшто, ептен малце брадавиците на допир. Да правам тест или да си почекам уште? Имала некоја сл ситуација?
Даа прави тест, јас вака се осеќав посебно со спиењето, правев тест со 8 дена каснење и имав 2 убави црти. Стискам палци
Девојки дали затнат нос и температура 37 се симптоми на бременост? Ми доцни и 2 дена а тоа не се случило никогаш. Симптоми немам никакви освен чувствителни гради и тоа само на допир.
Треба да се мери базална температура, а затнат нос може да е симптом на било каква настинка, алергија, ама според мене не и на бременост. Штом ти касни 2 дена земи си тест, можеш веќе да направиш.
Направи си утре сабајле уште еден тест со прва урина, може нивото на хормонот уште да не било доволно високо за тестот да го детектира. Да си чекаш според мене не треба, ако и утрешниот тест е негативен во прва прилика треба да одиш на гинеколог и да се види зошто ти доцни.
Да ке направам сабајле, ако нема ништо одам поручекта на гин. Јас мислам 10 дена се доволни за да покажи во секое време. Но незнам како и да е ќе проверам пак сабајле, фала ти
Нема гајле, во слична ситуација сум, така да знам отприлика како ти е Се надевам дека сабајле ќе си видиш позитивен резултат, и да не е така ќе го чекаме следниот месец. Само да сме позитивни и се ќе си дојде на место
Девојки, една јас само гледам, но мислам дека овие тестови не се ок затоа што и вчера имав ваков исти целиот беше као расклатен, на овој денес мокрачата се линееше по страните. Ќе земам друг сабајле шурчек или обичен па пак ке направам, гин ми закажа за петок
Германски некој за рано откривање на бременост пишеше мислам фрухтест беше, како и да е јас уште немам добиено, денес ево ме болат градиве почнаа, морам до петок да чекам за на гин во меѓувреме можеби ќе направам уште еден од тие што ги кажа па ќе видиме, можеби е рано да покаже на тест, незнам...
Не знам стварно, тестовите во принцип се сите горе долу исто сензитивни. Ако не те држи место направи уште еден, ама како и да е сега ќе дојде петок. Не се секирај, се надевам дека ќе имаш позитивен исход. Ако не следниот месец пак на работа