Овој е баш еден од посензитивните и јас навистина му верувам . Секогаш покажуваше појака цртка од другите (дека јас правев по два три наеднаш од различни брендови) За жал мислам дека е негативен сепак .. Направи си уште еден ако тебе ти е сомнителен Со среќа
можеби си имала доцна овулација и затоа мислиш дека ти доцни а всушност само се продолжува циклусот. Видлива е твојата преголема желба за бебче и дај боже што побрзо да ти се оствари и јас сум на форумот за да добивам поддршка и совети зашто желбата ни е иста. За жал сега гледам негативен тест и мислам дека е точен, после 10 дена сигурно би покажал ако си бремена. Биди поопуштена и не се оптеретувај повеќе со тестови, можеби ти доцни и од преголемо психичко оптеретување. Не ми се лути, низ исто поминуваме, најдобронамерно го велам ова.
Во право си нема тука лутење, не се оптеретувам во последно време ич со тоа, ако сака да биде ќе биде, меѓутоа не ми доцнело волку никогаш, сепак останува да чекам до петок.
Не сакам да те разочарам но тестот е океј. И мене на почетокот ми се разлеа мокрачата а по некое време се чисти и останува само бела позадина. Сепак направи уште еден за некој ден ако не добиеш. Стискам палци
Мене не ми се разлеа во прозорчето каде што треба да стојат линиите, него од страните на тестот. Ако не дојди до вечер, сабајле уште еден ќе направам друга фирма, сепак ти благодарам
Поверојатно е дека нема да покаже, ама сепак пробај си ако си нестрплива..па зависи од резултатот ако треба после пак ќе го повториш кога ќе ти доцни.
Здраво девојки... Последна менстр. На 8.10.. Незаштитен однос на 19.10 (т.с на 12 ден) овулацијата ми беше на 20ти наредниот ден по што ја осеќам и знам кога е... По правило треба да не ми дојди на 5, 6. 11 дали е рано за тест или да почекам... Од симптоми болка во градите преголема на допир слична наа онаа за пред добивање.. Болка во стомак немам а досега секој месец ја чувствував.. Што мислите вие?
Почекај за тестот, барем уште 5дена. Симтомите се исти како за добивање, ама не барај си симптоми, опушти се.
Се согласувам со @Lostinparadise Опушти се и почекај да ти доцни па направи тест. Симптомите не се мерило, секој си е приказна за себе. Ти посакувам две цртки што поскоро
Дај боже... Желбата ми е голема... Сега само еднаш имавме однос ради тоа што не бевме заедно во тој момент.. Дали има мерило во тоа колку пати...
Колку почесто - толку подобро. Не е мерило колку пати, ама колку повеќе пати, толку поголеми шанси да се фати. Гаранција за плодни денови нема, освен ако не ги проверуваш. Има секакви примери тука, некои зачнале на средина на циклус (школски), некои на крај, други на почеток, трети од предсемена течност. Едноставно сите сме различни. И ние сме во обид и затоа решивме со сопругот овој месец опуштено и односи секој ден или преку еден ден максимум. Па здравје се надевам ќе се израдуваме сите за брзо.
Почекај уште 4-5 дена, рано е за тест. и јас, откако почнавме со обиди за забременување приметив дека симптомите за добивање ги добивам 1-2 дена пред менструација. А претходно 1 недела порано. Не знам дали е до психа или што е . Мој совет ти е да почекаш.
Ќе почекам напрајв вчера ама излезе негативен.. Можеби е рано.. Можеби затоа штп е прв пат.. Сепак ново нешто за телото