Здраво девојки, Барам помош!!!!!!!! Сексуално сум активна со партнерот веќе подолг период и имаме секогаш незаштитен однос(но секогаш до сега 2 години добро се пазиме) . Секогаш имам нередовна менструација ми касни од 5 до 10 дена. Овој месец пиев премногу антибиотици ради настинка и повторно менструалниот циклус ми закасни 10 дена меѓутоа беше поразличен, ми траеше само 2 дена крварење и останатите три само кафеав исцедок како последен ден од менструација (т.е кога завршува менструалниот циклус) ми заврши на 12 декември и по завршувањето почнаа премногу да ме болат градите, а гледам дека тоа е еден од првите симптоми на бременост, друго ништо не чувствувам. Моментално сум надвор од државата па ако може некој да ми каже дали ви се има десено таква болка на градите по завршување на менструалниот цииклус или има шанси да сум бремена. Ве молам за помошш??
Не би требало да си, ако се пазите плус и ти дошло. А за градиве и мене ме буни што почнале да те болат по мензис. Најдобро да почекаш некој ден, па тест за бременост да направиш
Mene me bolea normalno i pred menstruacija. Mi prekinaa bolkite posledniot den i od koga mi zavrsi povtorno pocnaa silni bolki i toa me plasi.
Јас мислам данаправиш тест. Може тоа ти било некое крварење а не менс. Мене после циклус никогаш не ме болеле градите
Бремена не верувам да си. Не си прај дополнителни стресови, оди си на лекар, таму најдобро ќе ти кажат.
Tи малку да не се зафркаваш со нас а? Во понеделникот истово мислење ти е пишано во тема ‘‘Дали сум бремена‘‘.
Ако се пазите не си бремена,ако сте имале слободен однос во менструални денови можно е да се остани бремена (само да знаеш ако до сега не си запознаена со тоа), ако си крварела 2 дена нормално како секогаш не си бремена, колку трае менст. зависи и од промена на клима,стрес..ако си имала само некој исцедок без нормално крварење можно е да си бремена има такви случаеви ама колку што сватив после 5 дена ти упорно го поставуваш истото прашање наместо да си провериш и бидеш мирна.
Е напрај де. Не им е незгодно да имаат односи (па и тоа незаштитени, а нејќат бебе), а незгодно им е да купат тест или да одат на гинеколог.
имав однос пред 4 недели, истиот ден бев премногу параноична затоа што не користевме заштита, но тој пред односот сврши над мене се избриша и тогаш имавме однос. Нештото што ме плаши е дали може да се случи нешто доколу убаво не се избришал?И така бело прање ненормално ми тече и треба да добијам за 4 дена ... И да напоменам дека односот се случи еден ден откако ми заврши менструацијата. Преморено се осеќам,немам апетит а немам никакви утрински нагони за повраќање а белото прање поретко тече ... Дали е паметно да направам тест или да почекам до први за да видам дали ќе добијам?
Школски, не си била во плодни денови, така да шансите да си бремена се минимални. Симптоми не си барај, нема на почеток скоро никакви симптоми. Бришењето пред втора партија не е заштита, само да знаеш. Напрај си тест ако мислиш дека тоа ќе те смири. 99% сум убедена дека ќе е негативен. Среќно.
Не се бриши, се моча па се тушира. Доволен е еден сперматозоид останат во каналот за да се оплоди јајце клетката. Не е во пракса секогаш успешно ама и те како можно. Кога бил односот не е ни битно, за време на менс последен ден останав бремена. Како што кажав, шансите се секогаш мали ама не и невозможни. Ако свесно одете на "ризик" во ред ако не повеќе пазење. Симптомите на бременост се исти како и пред менс, повраќање следи после недела дена од кога ќе ги видиш тие 2 црти. Почекај рано е за тест.
Мила можеш и утре да направиш сабајле на прва мокача ,а за најсигурно откако ќе ти закасни некој ден.Ако е негативен ок,а ако е позитивен ќе си провериш бхсг крвна вредност за сигурно и после ќе се договорите со момчето што како.Иначе за втора партија треба да уринира,да се измие,па по некое време јово наново.
Па зависи, мене на денот кога требеше да добијам ми покажа позитивен и тоа на не утринска мокрача, кај некои и да касни покажува едвај видлива црта. Можеш да направиш ама подобро почекај. Без паника не мора ништо да значи ама понатаму ако не си бремена повеќе пазење.
Ама имавте после тоа однос и само се избришал колку што сватив така? Нема врска дали сте имале пред тоа или не ако после тоа сте имале, не мора да значи дека ди бремена, не сакам ни да те уплашам ама праша за можност. Можност секогаш има, дури и ако го извади и сврши надвор. Точно е дека многу жени остануваат тешко бремени и ако имале слободен однос за време на плодни денови ама постојат и жени кои останале бремени за време на менс, па и од предсеменста течност,никогаш не се води по тие денови или мисли дека си скроз заштитена ако се избришал. Шансите се мали ама се додека има шанса се е возможно нели?