Раните симптоми на бременост како кафен исцедок во периодот кога треба да добиеш и грчевите како за добивање нанубаво да направиш тест сигурно би ти покажало ако веќе ти касни
Здраво Ке ве молам за мислење ...ми се појави од завчера кафен исцедок (во количина по многу малце колку да мора да носам секојдневна влошка) и повремено во текот на денот болки во долниот дел од стомак послаби од менструални, на средина на циклус сум, треба да добијам на 16ти, се ми е во ред (уреден пап, брисеви, прошлиот месец бев на ехо нормални фоликули) . Дали да реагирам на лекар или ова е од овулација можда? не се пазиме за забременување дали е можно ваков исцедок од евентуална имплантација? Фала ви мн
Штом се друго е во ред, можно е да е имплантација ако си имала рана овулација или пак сега овулираш. Така да, keep up the good job
Здраво! Сакам да ве прашам за едно мислење. Со маж ми имавме односи тој сврши во мене.. после 2 дена почнав да чувствувам болка во долниот дел од стомакот и мало гадење. Дали може да имам толку брзо симптоми ?
Здраво, девојки едно прашање. Незаштитен однос имав на 29.12, на 30-ти се напив елла апче (и немав никакви несакани ефекти од апчето кога го испив), добив на 13.01 точно на дата кога требаше да добијам, нормална менструација 3 дена и малку пообилна од вообичаено. Од тогаш сум немала одноди. Е сега, од пред 10-на дена страшно почнаа да ме болат градите, грчеви, и болки во кичма, ама и мачнина во желудник ништо не ми се јаде и што и да јадам после ми е мачно и тешко на стомаков, треба да добијам на 11.02, можно е да се симптоми на бременост?? Или пмс? (иако никогаш не сум имала волку изразени симптоми)?
Не си бремена, колку повеќе мислиш се повеќр ќе барап симптоми кај себе. Опушти се, промената што си ја имала во менструацијата е нормална после такво апче. Се добила, опушти се.
Па реално не би требало да постои шанса да сум, бидејќи добив минатиот месец, ама ме фати малку паника од симптомиве ми се измеша главава
Мене во сите бремености ми беше сигурен показател на бременост-честото мокрење и мокрењето навечер.А станев навечер да мокрам повеќепати без тест знаев дека сум,дури и мм ми вели има тука мешко.И правам тест утрината и позитивен.Со лесно на сите
Исто и јас 2-3 дена по овулација станував и навечер на мокрење. А потоа 2-3 дена почна да ми лути во носот и да ме грепка грлото ама не беше страшно. Не знам дали има врска ама 6тиот ден по овулација ноќта како да ме боцна нешто во стомакот дури ме разбуди и ми беше сомнително. Веќе 11тиот ден по овулација имав позитивен тест за бременост.
Здраво девојки ако може да добијам мислење и совет од вас веќе 4 дена ми доцни имам благи болки во стомакот но веќе 4 дена по ред само наутро кога станувам само на хартијата забележувам неколку точки бледо розеви а се обидуваме за бебе последниве два месеца до сега ми доаѓаше ептен точно на 29 ден сто мислите можно ли е да сум бремена
Здраво женски едно прашање , имаме редово и активно односи со мм се обидуваме за бебе скоро година веќе, последен циклус имав 7-11 јануари и според апликацијата на тел просек на траење на циклус ми е 30 дена , моментално сеуште немам добиено 3 дена ми касни и освен пмс симптоми други немам освен гасови ждригање и денес првпат на бришење приметив ептен светло розев исцедок(што првпат ми се случува до сега) , можно ли е да е имплантациско крвавење да направам ли тест ? Ме фаќа паника дали ке добијам или не страв ми е од резултатот подолго време веќе се обидуваме...
Можно е секако. Прво нешто е дека ти касни така да, направи тест сабајле и ќе знаеш на што си. Има тука и поддршка и совети при забременување во случај да е негативен. Ти посакувам две црти уште денеска.