Devojki ve moilam za pomosh!!! pred okolu edna nedela imavme nezastiten odnes so de4koto, ne svrshi vo mene !! Stomakot si go osekjam kako (poduena) ..moze li da bidam bremena>>?? tnmQQ od napred
Спојлер Ај по 10 минути цитирај се пак... Да се дуеше стомакот за една недела, до 9ти месец сите бремени жени ќе беа како полатес топки во стомакот.
девојко па сама си одговори велиш не сврши во мене значи нема бременост. а стомакот почнува да се дуе накај 4 месец зависи кој каква бременост има
дали последователни болки во долниот дел помеѓу анусот и вагиналниот отвор е некој симптом на бременост? или може да е нешто друго
Не сум слушнала досега за ваков симптом на бременост... Би требало нешто друго да е, сигурна ли си дека немаш некаква инфекција?
значи нема чешање нема некоја голема болка, не е црвено само по неколку пати на денот како така да ме штрекнува ама со болка ( не знам и јас како да објаснам убаво) Спојлер најточно како болка по анален секс
мене многу често досега ме има болено така...кога ја прашав докторката ми рече дека може зашто сум во период на овулација....па кога седнував дури ме болеше не можев да седнам...како игли ме боцаа баш така како што велиш ти меѓу анусот и вагината
но мене овулацијата ми помина пред 1 недела, да баш така како со игли , не знам што може да е макар што не верувам дека е некоја инфекција
Искрено, прв пат слушам дека ова би можело да е симптом за бременост. Можно е некоја инфекција да имаш или некое надразнување. Мислам дека не е страшно, не паничи. А колку време ја чувствуваш таа болка?
јас само прашав , сега прв пат ми се дешава па секое ново нешто си го толкува како симптом , ова болка ја чувствувам само денес не трае цел ден тука на периоди од по 3-4 минути
Немај гајле, не си бремена. Можно е од нередовна столица да го имаш тоа чувство, или од неправилна исхрана. Знам, познато ми е чувството, обично оваа тапа болка се добива при опстипација, односно при отежнато празнење на цревата, ако не сум грешка.
Не мора да значи. Наутро е најголемо количеството на HCG во урината, па затоа е пожелно да се прави наутро, за да се утврди дали постои бременост и со минимални количини на хормонот, т.е да се утврди бременост во најрана фаза. Инаку, кога веќе жената е бремена, тестот ќе биде позитивен без разлика во кое време од денот ќе биде направен.
Не мора да значи, може да е и некоја инфекција на уринарните патишта, најубаво да се виде преку мокрача, оди на лекар па ќе си знаеш што е, јас така пред едно 2 години исто така неколку денови по ред не можев да седам како што треба однапред ме пецкаше нешто исто како што кажуваш и ти помеѓу вагината и анусот и бев на гинеколог и беше се во ред, но штрелкањето продолжуваше и понатаму и тидов на лекар да ми земат мокрача и ми утврдија инфекција на уринарните патишта, ми дадоа антибиотици и ми помина. Така беше кај мене, што не мора да значи дека е и кај тебе, затоа најдобро оди си и испитај си се, да си знаеш
Здраво феминки сакам да прасам дали е можно да сум бремена зосто последен пат ми дојде на 1 септември имав не заститен секс и ми касни веке 10 дена а исто така ме болат јајниците понекогас, ми се гади од силни миризби но не повракам.Тест не правев сакам да знам некое васе искуство.Ви благодарам
да,дефинитивно е можно зашто веќе доста време ти касни...најдобро веднаш земи си тест да знаеш на што си