Ммм и јас ти држам среќаајде дај боже да си се израдуваме За симптоми пак имам што знам пр градите ми се така осетливи особено околу брадавиците, температурата ми е од 37 до 37со2 и грчеви имам е сега ќе видиме со господ напред. Кај тебе како е?
Базална температура? Со мерење 'обична' температура преку ден не можеш да провериш дали си бремена. И мораш базалната да ја мериш кога си сигурна дека не си бремена за да можеш да направиш разлика кога си.
Се мери во текот на цел месец, наутро во исто време. Топломерот треба да го држиш до кревет и кога ќе се разбудиш веднаш да мериш. И си запишуваш во апликацијата кај што водиш менструација за секој ден. Околу овулација треба да е највисока, по овулација исто останува висока и неколку дена пред менструација ако нема бременост опаѓа. Ако има бременост останува висока. Има во аптеките и специјални топломери за следење базална температура. Обично температурата пред и по овулација се разликува за 0.5 степени, но од тоа што имам прочитано, мерењето базална темп.и не е баш некој релевантен метод за следење овулација и откривање бременост.
мене само из чепкајне брадавиците иначе не ме болат градите овај месец бев на кломифен..ама покасно ми прсна фоликулите примав инекција ама последниот фоликул прет два дена дадов се од себе кажа повише односи сега чекам..или да не филмам многу
Уште еден негативен кај мене на еден ден доцнење. Малку разочарана ама тоа е. Стискам палци кај тие што сакаат да се позитивни.
Чекај, не се разочарувај. На дргарка тек на петтиот ден доцнење и покажа бледа втора цртка, претходно негативни испаѓаа. Имаш симптоми? Стискам палци да се пофалиш за некој ден
Ајде ќе биде, мислам дека е рано уште за тестот, зависи, почекај си уште два три дена. Јас имам денес овулација, па што биде нека биде.
Два дена до недобивање. Денес имам слаби грчеви во матка како да ќе добијам у секој момент меѓутоа траат по неколку секунди и поминуваат. Деновиве имам мака со спиење, ич не спијам убаво, имам проблем со заспивање и лесно се будам и некако уморна сум нон стоп (можеби од тоа е). Гради отечени и болни веќе 2 недели. Нетрпението расте Држете среќа
ti drzime srekja pa izraduvaj ne za dva dena ... jas od vcera pocnav pak so klomifen pa kje vidime kako kje ide ...
Здраво девојки! Имам уште 1 ден до добивање. Имав незаштитен сексуален однос пред 2 недели а имам болни и отечени гради. Дали е можеби бременост, да направам тест или рано е уште да почекам да задоцни циклусот
Јас би те советувала сепак да почекаш неколку дена. Ама ако не си трпелива, направи, но не се разочарувај веднаш ако е негативен.