Со среќа мила. Јас нешто песимистична сум од вчера имам болки како да ќе ми дојде период. Не верувам декс сум бремена, ама ќе видиме до сабота.
Ајде нека биде кај сите дај боже. Јас од актуелната ситуација од што сум фокусирана на тоа немам време симптоми да си барам
Феминки ништо мислам од мојата бременост, сабота треба да добијам и имам три дена симптом на период и грчеви во матката. Градите повеќе не ме болат. Освен симптом за период и грчевите во долниот дел од стомакот други симптоми немам. Мислам дека ќе добијам секој момент.
Немој да се разочаруваш, знаеш и сама дека симптомите за добивање и бременост речиси и да се поклопуваат. Не губи надеж... И во случај да добиеш, следниот месец со нови сили и ќе биде. Само опушти се.
И јас сигурно ќе добијам До денес немав симптоми никакви денес ми е мутава главата типична за мензис и доста исцедок имам. Ајде ќе видиме што ќе биде дај боже да биде како што сакаме ние
Не јас сум таква, па ќе мислам дека нешто не е во ред со мене, па со мм. Ма да и јас имам проблем со тироидната жлезда, ама декември беше кога бев на гинеколог и ми рече се е во ред можеш да си забремениш.
Исти се симптомите буквално. Не знам кој ви вика дека различно болат гради, дека е ова или она,значи исти се скроз симптомите и тоа не значи дека не си бремена додека не добиеш. Ти посакувам да не добиеш за 3 дена.
Те разбирам потполно, тоа за жал е во човечката природа...Еднаш од кога ќе ти спомнат за некаков евентуален проблем, психата одма почнува да функционира поразлично и во се имаш сомнежи. И јас сум благо опседната со дилемата дали ќе успеам да забременам, ама истовремено сум прилично свесна дека нигде не ме води таа опсесија, туку само ме уназадува уште толку. Мораме да сме упорни и силни, друго не ни преостанува...
Абе и сама приметувам дека крвта од периодот ми се намалува и само крварам три дена после четвртиот и петтиот еднаш во денот ќе ми стече исцедок и тоа е тоа. Мислам дека од декември до сега не би требало да ми се промени ништо во јајниците и маткака тогаш се беше во ред.
Сеуште не. Чекам да не добијам и одма правам тест. Болките во долниот дел на стомакот не се толку интензивни на моменти само ме сече, ама градиве да не ги пипнам. Болат убиваат
И јас чекам да добијам утре ми е 34ден тест негативен во понеделникот, и пред 2,3ч две точки кафени на секојдневна и толку, и се нервирам со не пробива стомак не ме боли ич, а гради да, и ако не пробие филмови триста утре