Дали некоја од вас имала искуство со крварење во рана бременост? Бидејќи имам слушнато многу жени кои “добивале” а сепак биле бремени. Која е разликата?
Имплантација = вгнездување. Термин ‘имплантациско вгнездување не постои. Прво, како ги утврдуваш плодните денови и дали си сигурна дека ти биле баш пред пет дена? Ако се водиш само по календар без да користиш друг метод на следење на овулација, не мора да значи дека биле баш тогаш. Календарот дава ориентациони прогнози, а овулациите знаат да варираат.
Така го нарекуваат повеќето Знам затоа што бев на гинеколог а и секогаш ми е редовна менструацијата никогаш не ми доцни ни ден...
Не сум слушнала до сега некој така да го нарекува, ама добро ти си знаеш. Беше на гинеколог на фоликулометрија или? Точната менструација нема врска секогаш со овулацијата. Да, школски би требало да овулираш на средина од циклус т.е. 14 дена пред следна менструација. Ама секогаш постојат отстапки. Затоа и те прашав кој метод за утврдување го користиш освен календар.
Решив да ги оттргнам мислите за да биде подобро. На сите ви посакувам среќа. Тука сум ќе ве читам но додека не успееме во намерата за бебе нема да пишувам и да се стресирам. Ве сакам сите, на сите ви посакувам две цртки. Како што е Господ никој не е . Ве гушкам најсилно, останете си дома во ова лудо време чувајте се, иако некои од нас како и јас мораме да одиме на работа но сепак постои подобро утре. Другарки се читкаме
Слабо. Пропатено со розева,па светла па кафеава боја. Чудно. Пред тоа многу ме болеа градите,ми се јадеше,спиеше,повраќаше.Емоциите до плафон. До сега вака не ми било,познавајќи се. Сега ми доцни два дена, имам вртоглавици,подуеност,глад почест,гадливост кон одредена храна.
Па ти претходно баш ги имаш напишано симптомите за бременост. А кај неме немаше ни гадење,ни повраќење,ни изострен мирис, ни имплантациско мало крварење( тоа ни во првата бременост го немав) , само многу ми се спиеше и ме болеа градиве,и сеуште само двата последни симптоми ги имам друго не. Затоа неможев да издржам и направив тест. Мислам дека шанситЕ да си бременка си големи .
Имплантациско има но и не мора да има, кога оплодената јајце клетка се закачува односно имплантира на матката. Тоа најчесто се точки или мал исцедок, кафен или розеникав. Тоа што некои девојки иако бремени, “добиваат” првите месеци, е поради тоа што матката сеуште памти кои денови од месецот треба да се случи менструација и тоа за време на бременост околу тие денови матката се чисти и ја исфрла старата крв. Не е класично крварење, туку е со пократко времетраење, оскудно и најчесто е кафеникаво. Симптоми како гадење, повраќање и истенчени сетила се јавуваат по 8та недела од бременоста. Ама психата често си поигрува со сите што сме биле нетрпеливи. Чувствителните гради се еден од првите симптоми ама и тој не е така чест, нормално покрај изостанувањето на менструацијата. Често пати имплантациското крварење го мешаат и со исцедок што може да се случи во овулација. Само опуштено и позитивно. Ќе си дојдат цртките.
Не ми доцни утре ми е денот за добивање се надевам нема да добијам,од симтоми само болни гради имам ништо друго.