@Fatalnata денес имам интензивни болки како пред добивање, ме боли така што ме здоболуваат и нозете. И болки во кичма. Ме плаши малку сега. Тест планирав да правам задутре. ЕДИТ: Запек имам веќе една недела, а вчера нагон за повраќање огромен.
Знам како ти е. И кај мене исто. Не знам дали е до психа, грчеви имам под папокот ама подолу, се појавуваат на кратко и се губат мислам се во истата точка. Кичмата вчера и денес ме боли со прекини. Гради ме болат, а некогаш имам чувство дека ќе добијам секој ден а рано е, има уште 4-5 дена. Не сакам да се разочарам овој месец, баш бевме упорни
Значи не би имало црвена крв, и не би имало нормални ПМС симптоми пред тоа, кои престануваат со крварењето, така?
Во поретки случаи може да е и црвеникав исцедок ама интензитетот и времетраењето би се разликувале од класичната менструација. Ако знаеш кога овулираш, полесно е да одредиш дали се работи за имплантациско крварење или менструација, или е исцедок поради самата овулација што не е ретко. Во случај на доцна овулација може да добиеш една понормална менструација. Која би настапила непосредно по овулирањето. Ама ако добиеш нормално и симптомите исчезнат најверојатно било само пмс. Не знам на што се надеваш, ама што и да посакуваш нека биде така.
Здраво феминки бремена сум ама рана бременост требаше на 26 март да добијам па јас рачунам дека сум подоцна останата бремена пошто некаде околу 11 Март пратев овулација кај мојот гинрколог и би требало да е покасно зачнато во петок имам закажано преглед ама имам навечер болки во леженје стомак некаде и кичмата ме боли имам о вртоглавици дали е тоа нормално и дали можеби во петок ке си ја видам точкичката пошто на 27 еден ден од задоцнување немаше ништо на вагинално ехо ? Фала однапрет за одговорот ❤
Ништо почна еве тек сега да ми пробива,тоа е да помине ситуацијава ќе одам на хистероскопија,до тогаш ќе пробуваме.
Zdravo jas sum nova .. sakam da prasam posledna mestracija mi bese na 8mi mart .. pred edna nedela ppcnav da custvivam otecenost na gradite i peckanje vo dolniot del na stomakot, me tera na mokrenje .. napraviv dva testa vo rok nekolki dena mi iskoci negativen molam za misenje
Направив тест вчера доцна во ноќта и излезе негативен. Не добив уште,ама имам болки во долниот дел на стомакот, запек и гасови. Може направив грешка што го правев навечер,а не наутро. Секако ќе закажам на доктор овде,а и ќе направам уште еден тест баш да видам овој пат наутро.
мала болка во градите и пецкање во десниот јајник друго ништо. 1 ден пред добивање па че видиме дали ќе имам среќа или ќе се разочарам и тој месец