Здраво значи имав добиено на 30Април до 2 Мај. Како шти гледам на една програма ми покажува дека плодните денови ми се од 9 до 16 Мај. А ние имавме незаштитен однос баш на 16 и мислам дека малку имаше пуштено во мене, бидејќи кога се избришав имав мн сперма на мене јас немав свршено а бев испрскана и надвор сигурно при вадењето. Требаше да добијам на 28 ама еве 3 дена уште немам добиено.(да напоменам пред добивање еден ден се сеќавам имам ненормални болки, но вчера и завчера имав благи болки во делот на долниот стомак но не добив.) Поминати се точно 2 недели од ризичниот однос, дали да почекам уште или 2 недели се доволни за тестот да ми покаже точно?
После една година еве ме пак овде. Мислам дека за десетина дена пак ќе сум во катргорија бременост, а малата има 12 месеци. Неплански. Т.е. јас не планирав, мм испланирал и оп... Ризичен однос пред 5 дена на најплоден ден, денес осетив имплантација. Не, не сум луда, осетив стварно, и во првата бременост ја осетив и му кажав на мм дека сум бремена уште пред тестот (во првата беше на седми ден). Потполно исти симптоми имам како во првата бременост, а рано е уште за симптоми ама ете Болни гради од денес, (дојам уште ама не е од тоа оти ме боли и левата а од неа скоро и да не цица малата), често мокрење и зголемен исцедок како вода па се осеќам како помочана цело време Ете така да си споделам да ми олесни. Ќе видиме што ќе каже времето ама јас сум 99% сигурна. Ај да грешам дај боже. Нека ве фати мајата вас овде, јас можам да си почекам уште некоја година
Во прва бременост после 7 дена. Сега на 5ти ден. Како болка во јајници при овулација, како да те боцка нешто 2-3 минути, доле лево осетив денес.
Мислам дека скоро секоја жена има болка при таа имплатација. Секој организам е различен , но јас ќе кажам тоа што приметив пред да одам на доктор и тест да направам . Имав крварење малку 5 дена предходно , и после два дена имав ужасна болка во стомакот доле која траеше два три дена како менструална да е , еднаш повратив и потоа дознав дека сум трудна. Се ова со крварењето и болките се случуваше од 20 до 26 дена од циклус , а имам нередовен на 45 дена некогаш. На 27 ден тестот покажа бледа црта , и на ехо личеше 90% на бременост со здебелен ендометриум 12мм. Едит: мачнина како напнатос во желудник и болки во градите , белузлав исцедок и чуство на мокри гаќи почнав да имам на 26 ден од циклус . Потоа доагаат симтомите како за добивање , но чуството на мирис станува малку поинтезивен и по јак , јас мислам дека осекам од еден километар ако комшиката пржи кромид
Јас само ќе кажам дека најмногу ќе познаете дали сте бремени по градите. Не е таа болка како пред добивање. Пред добивање градите се болни ама болката трае неколку дена, а ако сте бремени болката продолжува да се зголемува како што се наближува денот кога треба да имате менструација и градите стануваат тврди на допир. Јас кога требаше да добијам имав многу болка во градите, беа многу тврди и почнаа да ми се познават вените по нив. Одма знаев дека сум бремена. Поздрав и посакувам на сите две црти!
И јас така осетив кога останав и знаев дека сум.. И тоа пред да ѓи дојди напрајв тест петок беше негативен.. Одма понеделникот напрајв пак бидеќи осеќав дека сум и позитивен беше
Па и не баш, јас немав таква болка, нити имав менструални болки. Тест направив дента кога требеше да добијам. Болка во стомак и во гради осетив 5 недела негде. Мачнини почнаа 8 недела до 12та. Кај секого е различно.
15-18 мај траење на менструација Последен однос на 30мај (од тогаш навака секој ден скоро) Тогаш и последен плоден ден ми беше. Има шанси или не? За 2 дена ми пишува треба да добијам Мислење?
Да не биде избрзано.. пред некоја вечер осетив јака болка у левиот јајник околу 5мин ме држеше и помина.. не знам дали да очекувам || ..
Пробај напрај... Јас имав однос нс 12 ден од последната менструавија.. И тестот го направив 3 дена пред да ми дојди
Да имаш право дека кај секого е различно. Јас па болка во стомакот немав, а мачнините ми почнаа од 8-9 недела па се до 14та недела секој ден мачнини и повраќање.
Феминки за едно мислење Знам дека мачнини и повраќања се јавуваат околу 10та недела од бременоста (што и не мора да значи). Јас имам 8 дена до недобивање имам киселини при секое јадење уште од првиот ризичен однос после менструалниот циклус. Мислите дека може да има простор за бременост или?
Мислам дека ти е рано за тие симптоми што ги кажа. Јас треба да НЕ добијам исто за 7-9 дена, до вчера градите ми беа огромни и болни а сега ме болат на допир и тоа само од страна. Незнам веќе што да чекам и дали да чекам. Плус имам кратки ментруални болки во половината и во јајниците повеќе од лева страна, понекогаш и од десна. Во врска со повраќање и гадење е рано така што тоа што вчера ми се згади малку ќе го препишам на кафето на празен желудник.