Да, ама немам ниту болки во градите ниту некакви менструални болки затоа барав мислење некоја да не имала таков симптом пред бременоста.
Пак јас. Не направив тест. Ме болат гради подуени ми се многу вените се познаваат баш, и некоја поднослива но краткотрајна болка во кичма. Денес е дата кога треба да добијам. Се надевам нема. Чисто само да се пријавам
Точно кај некои нема никаков симптом. Ама мкслев некоја ќе се јави што има мачнини прерано Нема врска ќе почекам некоој ден па ќе направам. Кој тест покажуваше најрано?
Касно читам , Јас сум 7 недела , пред две нед дозн дека сум бремена , за мачнини рано е , јас пр од мината недела имам изразени , а пред да ми потврдат бременост ' би дошло таа недела кога била датата за добивање , немав апетит ич многу поспана , градите осетливи и исцедок .. кај мене исцедокот ми беше знак нај дека е можна бременост оној воденкаст , кичма исто почна од тогаш да ме боле ..
Zdravo devojki, jas na 23ti treba da NE dobijam, do sega sekogas dve nedeli pred ciklus imav periodicni bolki vo dolniot del na stomakot, ovoj pat gi nema samo kicmata me boli, ponekogas nautro samo gadenje.. Dali se znaci za rana bremenost? Vase iskustvo?
Кај секој е различно јас немав никакви симптоми не се ни сомневав се дури не ми задоцни. За болки во кичма и гадење наутро е многу рано бидејќи веројатно си во овулација. Ако имаш редовен циклус 28 дена по некое правило овулираш 10 15 дена пред циклус бар по мојата апликација беше така. Значи во секој случај бременост волку рано не настанала. Почекај и следи симптоми 1 до 2 дена пред термин и опушти се не мисли на тоа. Со среќа!
Здраво женски , ми доцни 4 дена, имам доцна овулација ја следам некое време се обидуваме за бебе подолго, многу ми се спие никакви симптоми немам освен што ме болат брадавиците и ме чешаат премногу, порано ме болеа градите два три дена пред да ми дојде овојпат ништо, утрово направив тест еве го.. што мислите и тука да прашам?
Мене ми изгледа како скроооооз бледа линија да се наѕира... Подобро направи бета сабајле, најточно ќе каже. За следен домашен тест би почекала уште барем 2 дена за да покаже посилна линија. Среќно
Што знам, мене не ми личи на евапорациска. Чим викаш дека касно си имала овулација мислам дека ради тоа е толку бледа цртката. Пробај утре сабајле со нов тест, мислам дека ќе имаш појака цртка.
Девојки ве читам за симптомите што сте ги имале и ме интересира во врска со тој симмптом што ви биле изразени вените на градите и потемни брадавици,дали треба да се потемни на брадавицата или и ареолата? Кај мене вените се изразени и имам болни отечени гради па незнам дали е симптом или од што треба да добијам, Исто имам и болки во половината и еднаш во лев јајник па во десен.. незнам дали од што сакам а не добијам или пак се навистина рани симптоми.
Би те советувала да се обидеш да не обрнуваш внимание толку секој месец и ја читав и барав симптоми а испаѓа сека сите симптоми најрано 2 недели се јавија после направен тест. Може е индивидуално за градоте потемнува ареолата и отекуваат за испакнати вени имам читано дека се јавуваат во второ тромесечие тогап и кај нене треба да се јават. Јас имав во лев јајник некоја болка и грчеви. Додека не направев тест се ми беше исто како да ќе добијам
Се трудам да не обрнувам внимание ама цело време мислите ми одат натаму. Стварно не сакам да се разчарам пак ама мора да почекам да видам дали ќе дојде вештерката или не. Имам уште 6 дена до тогаш.
Па знам затоа што си се надеваш и ќе добиеш и после ќе ти се уништи денот ќе се разочараш. Јас така бев дури и како за инат ми доаѓаше 1 до 2 дена порано ниту еднаш не ми задоцни да речеш да си се надеваш освен тој пат кога останав трудна. Имаш време чим се 6 дена пробај некако фокусирај се на било што друго и дај боже да се две II
Направи тест затоа за да не му ја мислиш толку.Ако има нешто би требало да покаже.Кај мене покажа 6 дена пред добивање бледа црта и во двете бремености.
Ти благодарам на советот, ама сепак ќе почекам да видам дали ќе задоцни. Мислам дека не би ми покажало толку рано.
И јас имам 6 дена до (не) добовање исто мислам се таму и на симптомите. Кај мене има само болки во јајниците како менструални а градите не ме болат ама ич. Мене секогаш пред добивање една недела страшно ме болат градите.