Рано е за тест, уште ми нема задоцнето, со нетрпение чекам уште 4 дена. Фала ти за убавите желби и јас ти посакувам се најнајнајубаво ❤❤❤
Здраво. Јас имам еве 2 дена како некои тапи болки во пределот на матката, пред добивање сум имала кај јајниците сега кај матката имам некој чуден воденкаст исцедок и ми доцни 6 дена. Немам направено тест бидејќи знаело да ми доцни по 2-3 дена, затоа и чекав. Симптом немам никаков ни за добивање ни за бременост. Цела сум збунета.
Направи тест, на 6 дена доцнење ќе покаже со сигурност точно. Истите симптоми и јас ги имав, сега сум бремена
Со среќа и со лесно да ти биде. Од страв да не се разочарам не правам тест си викам да почекам некој симптом барем да видам па да направам, така си давам време на самата себе
Направив сабајлево и излезе негативен. Од најефтините зедов, си реков ако има бременост и на овој ќе покаже, ама ништо
И јас се тешам толку време, ај наредниот месец и пак ништо. Мора да биде само што ние само таму мислиме психички сме преоптеварени...
Ако ти се за утеха , јас 7 години мечтаам за дете. Имам два спонтани , еден во 24та недела и во 9та недела и пак не се откажувам Смирено , полека ќе се поклопат коцките и ќе си ги видиш двете црти Едит: и две хистероскопии и едно ивф
Здраво девојки идни и сегашни мами Ме мачат некои работи... обично пред циклус имам/имав изразен ПМС со лошење, гадење, јадење, карање за што треба и не треба се по ред... Е сега треба да НЕДОБИЈАМ утре по календарче. јас немам никаков симптом, освен што многу малце ме болат градите. Сабајлево се разбудив со чудна нелагодност како киселина во грлото градите. Базална тт 36.9.. Ме интересира дали рани симптоми на бременост мора да постојат како што кажуваат некои од Вас погоре, или еве вака инкогнито ко јас ни ваму ни таму да не знам како да се понашам
Веројатно е се индивидуално. Но нелагодност како киселина е многу подоцна во бременост 4ти 5ти месец ( ако си читала по нет може и потсвесно ти се јавуваат симптоми мене така ми се дешаваше ) Јас лично немав никаков симптом и се мислев ќе дојде нормални грчеви во јајници болка ... Останува само утре да не ти дојде и да направиш тест Пс: Јас тестот го правев еден ден пред да задоцни беше негативен те советувам до утре да се олабавиш и чекаш а утре те чекаме со позитивни вести
ужас е ова иначе да, киселините може да се од се' и сешто ама во вакви моменти знаеш се си препишуваме. Јас би почекала да недобијам некој ден плус па од Понеделник здравје боже да си направам тест. Во секој случај за мене чудна ситуација без никаков посебен симптом или за мене вообичаен за ништо...
Епа и јас така се посомневав како што кажуваш прв пат бев насмеана наместо намќор ден пред да добијам. Некако расположена бев другачие. Види колку ќе издржиш јас имав тестови и чекав само да ми закасни и одма сабајлето правев точни беа. По ден доцнење мислам дека мора точен резултат да ти даде но па и се зависи од менструација мене како швајцарски саат ми беше точна
Истото ми се случува и мене, рано ми е за недобивање, ама претходните месеци од овулација до добивање, градите ми беа болни и огромни, а месецов ништо. Малку ме болат на допир, не ми се потечени и немам ниту пецкања ама баш ништо. Штом имаш уште еден ден до недоаѓање ќе си направиш тест и се надевам дека ќе ти биде позитивен.