1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. Lina*1

    Lina*1 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Zdravo sakam da prasam dali simptoni za bremenost moze da bide bolki vo grbot uste vo vtorata nedela
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Не. Симптоми ќе имаш откако ќе ти задоцни :)
     
  3. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    20200708_091546.jpg
    Само што направив тест за бременост и ми испадна позитивен :)
    Е сега, што ме мачи... Во септември месец имав спонтан абортусот, а со првото дете исто прокрварев на почетокот, ама одма почнав со утрогестан и строго мирување и се помина како што треба.
    Се јавив кај матичниот да го прашам дали да почнам одма со терапија, ми рече да почекам до следната недела кога би ме видел на ехо и ќе сме виделе што понатаму.
    Мене ми е малку страв да не се повтори истото сценарио од септември и не знам дали да почнам на своја рака со утрогестан или да одам на приватно на второ мислење?
    Ајде дајте некој совет, подучетеме.
     
    На thelittle17, ivance.., Lejlaah и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.589
    Пол:
    Женски
    Честитки и со лесно :hug:
    еве ме мене со слично , во првата бременост имав исцедок крварење неколку пати и бев под терапија до 6,7м , после нормал си продолжив лесно до крај. Лани останав пак и имав одма мисед , сега еве 3 пат бремена останав и веќе сум скоро 11 недела :inlove: до сега се оде добро освен грчеви во 6 и 7 недела , ама со магнезиум и лежење поминав се . Док не ми даде ништо превентивно и јас така ко тебе одма се побарав :lol: само ми кажа да одмарам да не се преморувам мн , да не кревам тешко да истераме првите месеци со пазење ептен .. Би те советувала и тебе исто , опушти се само позитивно сега , што било поминало , не мисли на тоа , знам сега и со страв си и јас така бев и сеуште сум , на секое пецкање и само одам у вц се проверувам :x(lalala) ама овој пат ќе а истераме бременоста до крај :muscle::l: Гали мешко сега и позитивни мисли:sun:
     
    На thelittle17, S.12.G и Summerlove@2016 им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Утрогестан или нешто такво не ви дале? Јас во 7ма-8 се пожалив на болки и грчеви одма ми отвори боледување и ми даде терапија дома да лежам а не па вие што сте со мисед мислам дека треба да ви дадат терапија. Терапијата ја примав до 12та недела
     
  6. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.589
    Пол:
    Женски
    Не тоа си беа оние менструални грчеви што се јавуват на старт и не беа кој знае колку јаки сите ги миниме заради ширењето на матка и со магнезиум ми олеснуваше , се др си беше ок , јас дома сум цело време лежам одмарам не раб ништо освен со детето што се занимавам , и ме прашуваше она на контр како сум и кажував се се одвиваше добро , а ја како што сум и паничарка и мал грч кај мене е голем :D
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Знам и мене за истите тие менструални болки ми даде Утрогестан чисто како ете да бидеме претпазливи. Не е штетно може само бенефиција да имаш од утрогестанот тоа е поддршка при бременост. И јас сум иста паничар :D
     
    На thelittle17, kalinaka и Poppins им се допаѓа ова.
  8. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Фала ти на честитките и на советите. Честитки и со лесно и на тебе.
    Другиот четврток сум на преглед па до тогаш ќе одмарам малку повеќе и се надевам се ќе биде во ред. Таман и на одмор сум овој месец па не морам да отварам боледување.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.589
    Пол:
    Женски
    Знам добро ми е познат го земав и во прва бременост , и лани кога имав мисед ми го дадоа уште на прв преглед , ама еве сега терам и без него (fingers)ипак и верувам на докторката сигурно нема да ме оставе без терапија доколку е потребно , редовно се консултирам за се и телефонски , како и да е тоа помина беше на старт . Нека ни е со лесно на сите , тоа се слатки маки :inlove:
     
    На kalinaka и Milkiway им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Секако да имаш искуство со терапии тоа е најважно и важно е доктор да се интересира другото одмор колку се може :inlove:
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Па и јас затоа се мислам дали на своја рака да си земам Утрогестан знам дека не е штетен, ама не знам дали би ми дале во аптека без рецепт.
     
  12. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Мислам дека не го даваат без рецепт ама не сум сигурна.. Јас па на своја рака не би земала подобро на доктор да кажеш дека посигурна ќе се осеќаш ако ти даде отколку така ... така ќр ти одреди колку време да ги користиш ќќе ти следи ситуација и сл
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Провери прогестерон од крв, ако е низок треба да земеш Утрогестан, ако е добра вредноста немаш потреба од него и ќе бидеш спокојна до прегледот. Честито!
     
  14. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    А каде да проверам тоа? Можам приватно во авицена?
     
  15. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.661
    Пол:
    Женски
    Може и приватно во Авицена, за 800 или 900 денари. Барем порано таа беше цената, сега не знам точно.
     
    Последна измена: 8 јули 2020
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Јас прокрварев :(
    Завчета имав позитивен тест, вчера почнав да крварам. Бев денес кај матичниот на ехо ништо не виде. Вика или е уште рано или само веќе се испушило. Според последна менструација би трело да бидам 5н и 4д. Направив и бхсг 141 е вредноста. За која недела одговара оваа вредноста? И некој со слично искуство?
    Многу ме фаќа паника да не ми се повтори исто како минатиот пат.
     
  17. Krofna*

    Krofna* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски

    Над 1500 бета се гледа на ехо многу е рано, не се стресувај предвреме се ќе биде во ред, на многу им се случува да прокрварат на почеток
     
  18. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Знам, ама исто вака ми се случи и во септември и испадна спонтан :(
    Во 2ч закажав и во систина па да видиме и таму што ќе ми кажат
     
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Рано ти е за ехо за да се види нешто. Ама добро сепак отиди во систина а ти дадоа ли некоја терапија за крварењето?
    Едит: Пошто се водиш по последна менструација не значи дека си 5та недела освен ако знаеш со сигурност кога си зачнала може си имала доцна овулација па си 4та недела
     
  20. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    2.024
    Пол:
    Женски
    Не ми даде терапија, туку упат за во чаир, ама поради ситуацијава не би одела таму па закажав за во Систина