Јас денес имав од кога станав до пладне гадна мачнина баш,како секој втор ден да се појавува, и се осеќам ко без душа. Треба да добијам мислам на 6.08.ако не се помери.. Имав на 9.07.Читам викаат можно е и многу рано на некли жени да им се појават симптоми. Нешто е, још да видам да ли е бременост.ама рано е?! Тоа е што е не се стресирам ама вака кога не сум сигурна баш е безвезе. Поздрав до сите и што си сакате да ви даде Господ
Девојкиии имам болки во долниот дел од стомакот од време на време и се повеќее осеќам подуеноост, дали е нормалноо или сепак треба да идам на гинеколог пораноо?
и мене ми се случува истото со подуеноста, мир немам. не можам да се најадам како што треба... по мали количини и со чувство после ко да сум се прејала којзнае колку. исцедок долу има бајаги... гради осетливи. се измешано ајде да почекаме, па ќе видиме
И јас го имам истото.Ќе се напијам сок и веднаш ќе ми се подуе стомакот.А понекогаш стомакот ми е рамен ко плоча.Ова во последно време многу ме мачи.Исто така денски многу почесто ме тера во вц.Направив тест кога ми заврши менструацијата утредента негативен.Се мислам да не е некоја бактерија..
поголемиот дел од мислењата во темава, треба да бидат напишани во Дали сум бремена? ако не сте сигурни и сакате да слушнете совет од други членки треба да пишете во темата Дали сум бремена? се трупаат тука мислења кои немаат везе со симптоми за бременост.
Здраво . Претходниот месец дојде ми на 06.07 а сега имам исти симпроми како за доаѓање но нели е многу рано мислење според вас да не сум бремена ?
Имам, ги пишав погорее.. Подуеност, болка во градите, гадење, болки во долниот дел од стомакот од време на време, замор..