Спојлер: Тест Кога останав јас трудна вака ми покажуваше тестот , беше правен во размах од четири дена почнувајки од 27 ден на последна менструација .
Женски уште немам направено тест. Симптомите се исти, дури уште повеќе ми се напнати јајниците и матката. Сабајле при бришење имав ептен малку розов исцедок и толку беше сега се е нормално. Совет дали да правам тест или да почекам уште?
Женски направив тест. Кај 10тата минута се појави ептен бледа линија. Тестот го правев во 8 и 5, а сликата е вп 8 и 20
Рана бременост е Со лесно бременоста Нема врска дека си видела кај 10та мин ако нема бременост не се појавува воопшто друга линија
Тестот се чита од кога ќе го направиш после 3до5 минути.После 10минути не ти е валиден така да направи си нов
Исто мислам и јас. Минатиот пат кога правев не се појави ни после 10 мин. Ќе го повторам за неколку денови ако не ми дојде.
Мислев на тоа кога ќе го читаш, до 5 мин се чита, после се фрла. И јас како тебе сум седела и сум чекала магично да се појави цртка и по петте минути, ама никогаш не се појавило. Така да може и си бремена, не знам. Земи нов тест и повтори го утре.
Sure chek правев и 100 пати го прочитав упатството. Пишуваше резултати после 5 мин, а после 30 невалиден. Сум правела и претходно тест ама другата линија никогаш не се појавила. Затоа сум во дилема сега. Инаку правев и вчера и осто ми се покажа ептен бледа после 7-8 мин. Ќе почекам до утре, ако не ми дојде правам вторник среда обавезно.
Можеби овулацијата ти била покасно овој месец. Ова е мојот тест направен на 31ви ден од циклус со овулација на 17-18 ден, но не гледав на саат за колку точно време се појави. Линијата е доста бледа но ја има. Да го правев на 28 ден немаше да има ништо сигурно. Никогаш порано не ми се појавила втора линија па и после 2 саати да го гледам. Јас мислам дека си бремена но сеуште рано, не би се појавила линијата доколку воопшто го немаш bhc во тебе, зависи и од сензитивноста на тестот. Sure check e одличен тест но не е најсензитивен, баш го читав упатството и детектира 25mIU/ml. Има тестови и со сензитивност од 10 mIU/ml, мислам дека Self Clear e таков. Следниот ден ми беше за нијанса потемна линијата па мислам дека и утре да правиш нов ќе имаш потемна линија.
Ви благодарам многу ❤️ Пак ќе кажам исто мислам и јас бидејќи сум правела тестови а втората линија не се појавила. Вчера правев self clear ама "македонска работа" - не го прочитав убаво упатството и сигурна сум дека не е направен како што треба, но сепак се појави бледа црта.
И јас го имам правено Sure Check. Резултатите се валидни од 5 до 10 минути. Ако има бременост одма се појавува втора црта. Направи нов тест. Овој е невалиден.
Девојки здраво Пред извесен период имав киретажа.После тоа менструација 1,2 на 30 дена. 3 на 39 дена 4та на 21 ден. Последна менструација ми беше 23 јули. Требаше да дојди на 21 но нема абер. Имам болка во градите и при допир каде што боли се појавуваваат жлезди. И имам како киселини. Дали е можно да сум бремена?
Секако дека може, ако пробувате. Меѓутоа бидејќи циклусите ти се цело време со различна должина тешко е да знаеш кога и дали ти касни... Кој ден ти е денеска? Ако требало да добиеш на 21ви, слободно можеш веќе да си направиш тест.