Оди си на преглед ќе ти кажат точно која недела си. Вака има голема разлика во вредностите секоја недела и тешко дека ќе знаеш точно која недела си само по бета.
Дечки кај мене најверојатно се работи за биохемиска бременост. Имам крварење. Се јавив кај докторот ми кажа дека хцгто било мн ниско, да почекам 10 дена па ќе видиме. Искрено се разочарав
Баш ми е жал...не се разочарувај само биди храбра за што и да се работи.... Еве јас после миссед останав за кратко време бремена... се ќе помини <3
Јас во ноември морав да ја прекинам бременоста во 25 та недела а сега во април исто имав биохемиска. Секој месец ново исчекување и ново разочарување. Но сепак желбата за бебенце мора да не тера напред и да мислиме позитивно колку и да ни е тешко
Нормално .... и јас сум со еден миссед во март ... На 24 правев тест за бременост преку крв излезе добар резултат испратив во мк кај мојот гинеколог ми кажа 4ипол недели јас сум исто така исплашена како ќе помини сега ехото во среда се надевам како што треба оти имам мн разлика помеѓу прваа и втората бременост. Градите не ме болат така многу ептен малце,немам пецкање во јајник преку некој ден само така малце гадење. Се надевам дека се е во ред ...
Минатиот месец имав биохемиска бременост. Сега ми е 24 ден од циклусот и сеуште немам некои симптоми појавени. Дали е од тоа што можеби не знам за сигурно кога имав овулација па можеби е рано не знам. Минатиот месец на 24 ден градите ме болеа премногу. Не можев да се гушнам со некој на пример од што ме болеа. Сега ништо. Се надевам на бебенце што поскоро ама немам трпение Ќерка ми има 4 ипол години. Сакам за побрзо да ми даде Господ Дај Боже секој што сака да си има бебе! Само упорност и трпение треба.
Само да прашам ( ко теткине на шалтер преку ред). Активно незаштитени односи од 16ти август,ден после завршување мензис. Е сега практикувавме преку еден преку два дена. Друго ми е прашањето. Вчера од нигде никаде фати глава да ме боли да се препотувам, да ми се лоши. Притисокот дома ми го мереше мм беше 120 со 90. Се напив вентор мислејќи ќе биде ок,а мм ми исцеди лимон. Пак лошо и полошо нагони на повраќање до бесвест а повраќање нигде. Од тука у кола идеме на дежурен у најблиското место. Само што отворив врата од кола при паркирање се исповратив. Се качивме горе ред муабет едно др , дежурна вика да не имаш циклус викам не. Јас стабилна се океј,ми мери притисок 130 со 110. Мислам ке цркнев. Ме боцнаа со кетонал и ме пуштија дома. Дојдов мавнав туш и заспав ко клен. Пред малку кога станав не сум стабилна да стојам, као да ми се врти као да ми се повраќа се препотувам,и кичмата ме сецка по малце. Претерав со постов, ама чисто информативно ја споделив дешавкава да ми кажете мислење, мм вика дека можеби немало везе со тоа шо се обидуваме за бебе. Еве не знам,прв пат ми е вака. Фала и извинете уште еднаш
исти симптоми имав јас што раскажа ти само јас плус имав и треска , тука треска тука пот, значи од нигде никаде Рано е уште за да ти дојди причекај да ти закасни барем и направи тест
И јас бев исто, чекав да ми задоцни и направив тест излезе позитивен. Еве веќе во 7ма недела влегувам. Почекај, па ти посакувам среќа
Дај боже. Веќе два дена осеќам замор значи ќе се искачам по скали да влезам дома одма се задишувам.. што знам може и си умислувам ама можеби и ќе биде. П.с. имам отечени гради и болки на местото околу брадавиците.За околу 12дена ми е термин за Не добивање. Надеж.❤
Ајде и јас да поставам едно прашање до искусните мами Последниве месеци пробуваме за бебе но нема ништо. Е сега, минатиот циклус внимавав на апликацијата и бидејќи имам редовен мензис, а плус овулацијата ми е проследена со болки во јајникот мислам дека прилично сум сигурна за плодните денови. И така имав некое чувство дека тоа е тоа. Е сега сум на четири дена пред добивање, но немам никакви симптоми ниту за мензис ниту за бременост. Па прашањето ми е, какво е вашето искуство со првите, оние најрани симптоми? Колку од вас ги имале и дали имате искуство со бременост без никавни привични симптоми (осетливи гради, болка во јајници, имплатнациско крварење и сл.)? До душа имав пецкање во јајниците и благи грчеви во долниот дел, но ништо посебно. Би благодарам и на сите што очекувате ви посакувам две цртички
Мене најраните симптоми ми беа благи грчеви во јајниците една недела пред да добијам, после 3 дена пред да добијам почна главоболка и низок крвен притисок. Ти посакувам среќа.
Јас мерев пред една недела притисок 90/60 многу низок, но јас општо секогаш имам низок крвен притисок. Е сега, последниве денови имам благо покачена телесна температура 37,2, 37,4 и по некое време ми се нормализира. Ајде ќе чекам уште 3/4 дена, да видам дали ќе добијам. Се надевам не