Jas so ovaa bremenost osven blaga bolka vo gradite i kako kiselini nemam drugi simptomi. Ni peckanje vo jajnici ni nisto e da imam i nizok pritisok i samo spijam .... ajde za nekolku dena da preminis vo trudnicki muabeti
И јас ги имав истите симптоми кпга останав бремена, ама сум ги имала истите и кога требало да добијам, да не те разочарувам, кај секој е различно, не знам дали толку рано би имала симптоми, јас 3-4 дена пред да требаше да ми дојде, почнаа овие симптоми и плус многу ми се вртеше, и градите страшно ме болеа, ќе си почекаш да НЕ добиеш, и ќе си направиш тест, се надевам со позитивен исход, иако нема разочарувања и да не е.
Во иста ситуација сме и ние сме во обиди веќе неколку месеци и и јас сум 4-5дена до добивање, и јас ги имам истите симптоми само благи грчеви во јајници и по малку градите ме болат, што се однесува на симптомите, сестра ми минатиот месец остана бремена и додека не направи тест имаше исти симптоми како за добивање(грчеви во стомакот и градите) веќе покасно и се појавија гадењето и главоболките, така да првиот симптом е дали ќе ти дојде или не, за други симптоми е рано. Ти посакувам среќа, да се израдуваме и двете месецов.
Леле колку убаво е сите да имаме позитивен тест за 3 -4 дена. Јас во Петок треба да добијам (се надевам нема), инаку немам којзнае какви симптоми освен тоа што кога добивам ме заболуваат градите една недела пред добивање и имам акни. Пред да добијам ми се исчезнати симптомите и си добивам. Е сега денес почнуваат да ме болат градите, немам акни и осеќам некое гадење по малку, ама си викам да не ми е од жешково или од помислата дека се трудиме за бебенце. Минатиот пат кога останав бремена имав силна болка во градите, а сега слаба. Но, сепак се надевам на позитивен тест
И јас првиот пат имав силна болка во градите ега ептен малце.Ми кажаа дека е нормално ради тоа што сега е втора бременост и затоа болеле помалце
Здраво, и ние од овој месец почнавме со обид за бебе, за околу 2 недели (НЕ) треба да добијам. Како знак за бременост би го додала и честото мокрење и заморот. Пред 1 година кога останав бремена(за жал заврши си спонтан абортус) првите знаци ми беа тие на секој пола саат имав чувство за мокрење и трчав во вц, може само неколку капки но имав чувство како да ќе ми пукне стомакот ако не отидам во вц . Сега пред 2 дена 3 пак често одам во вц, можеби е уште рано, но и јас изгледа си барам некоја надеж за да мислам дека сум бремена. Со среќа на сите, сите што сакате наскоро да видете || црти.
на оплодениот ембрион му требаат околу 5 дена да стигне од тубата до матката, и уште одприлика 3 дена му требаат дури се имплантира во матката. тек тогаш жената е бремена и тогаш почнува да се лачи хормонот за бременост бета хцг и симптомите се појавуваат од хормонот. значи минимум 8 дена после овулација можеш да осетиш нешто. ако треба да добиеш за две недели претпоставувам ти била овулацијата пред 2,3 дена? мн е рано за било што. ти посакувам среќа и 2 цртки!
Благодарам многу за одговорот, знам дека е рано ама знаеш како е, кога очекуваш и постојано си бараш симптоми или нешто што ќе ти дава надеж дека си бремена. Инаку да, според апликацијата имав овулација вчера, ќе чекам уште 2 недели ќе видам што ќе биде. Фала, сите што чекаме наскоро да видеме 2 црти.
Ако имаш редовен циклус, на 28 дена, според тоа би требало да ти е овулација на 18ти.Вие сте имале односи на 15ти, и бидејќи сперматозоидите живеат неколку дена, можно е да си бремена. Периодов пред добивање и симптомите може да е и ПМС, а може и имплантација доколку е оплодена јајце клетката. Имлантација може да се деси и по 12 дена од овулација. Сепак ништо од ова шо кажав не значи дека е така, симптоми за ПМС и бременост се тешки за разликување. Ајде уште ден два ќе дознаеш
Леле денес ми е 28 ден од циклус, имам болка во градите како некоја тапа болка но сепак е тука. И не знам дали од помислата ми е ама како некое растегнување да чувствувам на матката, како веќе да е започнат процесот на растење и правење место за бебуш. Минатиот месец имав биохемиска бременост и сосема поинакви симптоми. Тогаш уствари и не следев симптоми бидејќи имавме однос само еднаш во плодни денови и си реков нема шанси. Кога го направив тестот на 30 ден од циклус се шокирав. Сега кој ќе издржи уште 2 дена Веќе купив тест и го чувам за Петок сабајле. Дај Боже да е позитивен! Многу сакам бебенце и за ќерка ми братче или сестриче - сеедно
Еве сум и јас, на еден ден пред добивање. За среќа се уште немам добиено, но чувствувам дека денес или утре ќе добијам Симптоми немам никакви ни за едно ни за друго, освен покачена температура веќе 3ти ден. Ако не добијам до утре ќе направам тест, ако добијам здравје нареден месец. Со среќа до сите
Јас сум на 8дена пред добивање. Се надевам нема да добијам. Инаку периодов имам отечени гради болни на допир, искрено ко ке ги допрам можеби 40температура имаат.Минимална болка во кичма, замор, мокрење почесто,задишување,препотување, и скоро споен притисок викендот, 110 со 130.. а имам низок нон стоп Чисто да се пријавам.
Дали ако имаме низок притисок вообичаено пр. 110 со 70 , покачениот 130 со 90 би се сметал за симптом?
Кога како 120со80 и 110со70 ми се најчести, 50/50. Во принцип мн. често ми паѓа притисокот, едвај функционирам.И многу често ми е со 20 разлика, на пример 90 со 70, е тогаш ми е најлошо. И не гледам поврзаност со бременост, симптомите ви се исти како за добивање, не си стварајте само мисли.