Не. Се уште не. Немам ниту добиено а веќе влегувам во 29 ден. Ако и утре не добијам, сабота наутро ќе направсм тест
Јас направив и е негативен Можеби е уште рано не знам. Денес требаше да ми дојде. Ќе почекам уште 2 дена и ако не ми дојде пак ќе се тестирам.
Немој да се разочаруваш, ќе биде Јас сум сигурна дека кај сите што сакаат бебе тоа ќе се случи, само прашање на време е. Кај некој подоцна, кај некој порано. Само позитивно да се мисли и здраво да се живее Држам среќа за тебе, за мене и за сите што очекуваме убава вест
Не знам што да мислам повеќе. Градите ме болат, 3 дена ми доцни, во стомакот имам чувство некое како слаба болка, но утрово тестот за бременост беше негативен. Се прашувам зошто мене вака ми се случува. Минатиот месец имав позитивен тест, па биохемиска бременост. Сега 2 недели имам симптоми, а никако да добијам или пак да видам 2 цртки. Неизвесноста е страшна работа. И кафе не пијам, бидејќи минатиот пат кога го испив кафето наутро на работа, по 2 часа прокрварев. И си мислам да не е до кафето. Барем да си добиев мензис па да се изнапијам кафе како човек Како и да е. Нешто ќе биде, ќе јави или ова или она. Поздрав до сите и што побрзо да си добиеме 2 цртки.
Јас пак, само тестови правам од шо сум нетрперлива А за 4 дена треба да добијам/недобијам. Досега направив два, негативни. Со првата бременост дознав на сам ден на добивање, а со втората 6-7 дена пред очекуван циклус. И тоа со најефтиниот тест. Денес ќе купам self clear. Од симптоми имам некоја болка во градите веќе од почеток на овулацијата,и уште трае, исто и белузлав кремаст секрет, наместо сува фаза се до циклус. Мокрам многу често(ама не го земам за симптом бидејќи и по природа сум иста), замор како да се уморувам за најмала ситница(со двете бремености, прв симптом 2-3дена после зачнување), некое благо пецкање, тегнење, во долниот дел од стомакот шо вероватно нема да го забележам ако не сум во фаза "чекање". Некогаш си ги умислуваме сами сите симптоми,али желбата тоа прави Ви ги посакувам на сите шо мечтаете, популарните две цртички
Знам дека е рано. Ама со оглед претходната бременост дознав недела пред циклус, и одма мислам секогаш исто ќе е. Е не е. Отприлика на 25ти ден од циклус е имплантација, па два три дена дур почни хормонот да се лачи... Денес ми е 25ти ден мене,и денес не ме пецка стомакот, туку како ептен слаби менструални болки. Јас си направив од тој self clear, негативен е секако. Зошто е рано.Си играм со нервиве изгледа Сега ќе чекам да ми доцни
И јас сум во групата на оние кои чекаат ДА НЕ добијат, стварно ми удира на психа ова второ дете хахах, првото ко од шала го направивме, а сега за ова еве од нова година наваму и не сака, изгледа поголем инат и од првово ќе е, а мн сакам близнаци, толкава желба ми е да имаме близнаци, мада и едно да се фати пресреќна ќе сум. Утре ми е денот за недобивање. До денес гради подуени мислиш ќе одат на прошетка, вчера имав ден како во секој момент да ќе добијам, во саботата се пробудив со ужасна главоболка, денес ништо ми се гади само, ама се ова сум чувствувала и кога сум добила. Се надевам овој пат нема да е така. А се сум замислила како ќе биде и собата со плетената кошница и ќерка ми како ќе помага и колку ќе се радува околу бебето, само уште да бидне и да го родам здраво право. Со среќа на сите
Ете. На бришење кафеаво имаше. Цел ден ме врти стомак, се надевав дека е имплантација, а сега кафеаво излезе нешто Освен ако не е циклус, шо не верувам, никогаш не сум имала ни болки ни сум добила толку предвреме
@Lady..M Навиваме за имплантација. Се надевам дека среќата ќе не стаси сите. Јас имам уште 8 дена за недобивање. Овој месец ми е се некако поинаку. На денот на овулација ме разбуди силна прободна болка во левиот јајник која траеше пола час. Во текот на следните 2-3 дена слузав секрет а потоа секретот стана кремав и е присутен секој ден. Во текот на овие недела дена после овулација секој ден имам грчеви во долен дел од стомах кои што се јавуваат траат неколку часа и поминуваат. Вчера беа цел ден присутни грчевите пропратени со гасови. Гради не ме болат. Незнам дали од голема желба си ги замислувам симптомите или нешто се случува
Потполно истите симптоми ги имам + мн градите ме болат... @Lady..M и како тебе ми е исто, се што опиша, е така се чувствувам...не си правам филмови за бременост, прашањето до сите девојки ми е, дали ви се случило да имате грчеви, пецкања и така како тегнење од пред овулација, еве и после овулација, а имам 7 дена до добивање? Некако не престануваат..пишете ми ваши искуства
Здраво, редовно ве читам во последно време, па решив да се придружам Неколку месеци се обидуваме за бебе, но за жал безуспешно, треба да добијам на 17 ти, ми доага на 31 ден најчесто, како ми почна овулацијата почнаа да ме болат градите, меки се на допир, за пред добивање обично се тврди, никогаш до сега вака не ме болеле и од вчера лицето ми се исфрли со многу болни бубуљици, обично ми се фрла после добивање, па ме интересира дали некој имал вакви "симптоми". Знам дека е многу рано, но психа си е психа хаха. Исто така пред некој ден на бришење имаше како мало парче крв, ептен малку, не знам што е тоа? И ме интересира дали некој има "превртена" матка, на гинеколог ми имаат кажано дека е нормално, дека може да влијае на забременување ама и не мора да значи.. Така да не знам веќе што да мислам. Се надевам дека ќе се дружиме за побрзо во некоја друга група.
Сабајлево станувам на бришење бледо розево вчера ме искина кичма. 3 дена до недобивање, можно ли е да ми пробие и да добијам три дена порано, зарем? Ох
Прва бременост ке ти е сега ? Мислиш на срцевидна матка? Инаку пред да добијам и јас ми се нафрлаат бубуљици незнам дали тоа би било симптом Инаку со среќа се надевам дека ке си ги дочекаш посакуваните | |
Превртена матка значи матка свртена спрема назад, така ми имаат кажано.. Не се разбирам многу. А да прва бременост. Знам дека бараме во све симптоми ама ваљда е нормално ви благодарам
И јас да си ја кажам маката. Обично добивам 28-29 ден, многу ретко 30ти. Денес ми е 31ви ден од мензиз ни Абер! Симптоми никакви чат пат тапи болки. Сабајле тест..негативен незнам што да кажам ни мислам..