Jas nakverojatno ke si dobijamSpored kalendarot vo tel denes treba da dobijam, no koga izbroiv utre 28 den, a jas dobivam na 28 dena sekogas. Rozovo na brisenje moze da e znak za implantacija. Dali pri inplantacija Sekogas mora da ima krvav iscedok?
Превртена матка, или матка во ретроверзија/ретрофлексија, ти е матка што не е свртена кон напред кон стомакот туку кон назад, налегнува на ректумот. Се смета за абнормална позиција, ама многу жени ја имаат така да не е нешто страшно. Лично и јас имам таква дијагноза. Обично предизвикува поголеми болки при менструација или при односи во одредени пози. Може да имаш нормална матка, а после бременост лошо да се намести, или пак во пубертет така да се постави, ама обично со бременост после сѐ се средува. И не, не би требало да влијае врз можност за забременување. Малку опширно ама се надевам дека помогнав.
И јас си добив денес на 35 ден од циклус, после 10 тестови негативни Ама едно не ми е јасно, градите сеуште ме болат и ми се отечени . Повеќе не следам симптоми! Дефинитивно исти ми се симптомите и за бременост и за добивање. Кога ќе биде ќе биде.
Исти се симптомите и за добивање и ако си бремена , не троши пари за тест дури не ти закасни Кога и да е еднаш ке биди
Јас постојано се прашувам која е таа веројатност да се фати од прва, и после тоа со месеци со години не сака. Стварно не ми е јасно. Што ти е природа.
Јас пак на првата бременост останав после нецела година. Втората истиот месец кога сакавме, третата исто на месец Секој организам е различен
Прв пат кога останав бремена од прва се фати но за жал имав спонтан 9недела.Се чувавеме една година правевме испитувања и еве откако не се чуваме 11 месеци без успех во меѓувреме открив висок пролактин и сега сум со терапија па кога ќе го средам ќе почнеме највероватно со стимулации.
Да не ме мислете добив. Кога ќе сака ќе сака, а ако не сака ја имам ќерка ми. Нека дава Господ кај сите па макара и по едно.
Кај мене второто се фати од прва. Само два незаштитени односи имавме. Сум се чудела. Дај Боже кај тебе да биде што поскоро.
Бидна циклус, кога е најмалку посакуван, 3-4 дена порано, колку да ме потсети дека тој победи Следниов месец ќе се фокусирам добро на овулацијата, зошто овај пат ми забега некако
Јас со првото останав на трет циклус бремена. И толку лесна бременост на сите им посакувам. Втората бременост ми беше после 2 обиди, но заврши во 5 недела. Сега со нови сили кон трета бременост. Инаку сите испитувања ми се во ред.
Секогаш добивам на 30 ден. Сега ми каснеше 5 дена. А смешно ми е бидејќи со првата бременост никогаш не направив тест и прв пат отидов на контрола во 8 недела. До тогаш освен тоа што не добив, немав никакви симптоми. Но бев 100 % сигурна дека сум бремена. Но, ете сега повеќе се плашам од тогаш.
Мене драга треба во Понеделник да НЕ ми дојде, уште чекам...иако немам баш надеж ама ај Ти што направи?