Ме болат градите, грчеви имам дури од пред овулацијата, сеуште траат, и мааали болки знае да ме сецне те лева страна, те десна, некако поспано се осеќам, последниве 2 дена спијам попладне, а не сум човек што спие попладне...се надевам ова ПМС не ми станало чудно(прв пат имам вакви знаци) и сеа лажни знаци да ми даде па Понед.да дојде вештерката..јас немам некоја надеж искрено, се си мислам ќе добијам но ајде да видиме
Девојки, дали некоја ја има болено кичма и може да е симптом за бременост? Ова прв пат ми се случува, дури и ме плаши, 2 дена не престанува болката...кај јајниците грчеви пецкања а од позади кичмата...ако не е симптом, од што може да боли, имате искуства?
И болка во кичма може да е симптом Мене стално ме боли пред добивање ама и за не добивање се исти болките, ако не е од то можда е прелада, промаја
Баш заради тоа се прашувам, за ќерка ми ајде нека не е од прва нека е од втор пат забременувањето. За второ неќе и неќе.
Нема врска со симптоми, но сите сме тука затоа што посакуваме да останеме трудни. И сега еден психолошки момент не ми е јасен, сите викаат опуштете се, не се преоптеретувајте, а како да се опуштеш, како да не пазеш на плодни денови, што се случува доле итн. Кога помине некој месец како не можеш да останеш трудна, како да не се запрашаш дали имаш некој проблем, на гинеколог викаат све е ок, ама сепак.. Или да имаш јака желба, а не знам некој што решил да има дете а да нема јака желба. Маж ми вика ќе дојде кога треба да дојде, многу си нетрапелива.. Знам дека се сакам во момент, али таква сум. Извините вака, малку да си олеснам, не сум комфортна да зборувам со некој близок на оваа тема. Тука знам дека сите сме со иста мака.. Ви благодарам
Исто и кај мене,од два односи дури кога покажа позитивно не верував па направив преку крв.Така беше за второто,првото после 2 месеци бидна
Девојки сите да си дочекате успешна бременост што побрзо Нас првата бременост од втор обид ни успеа а сега се решивме пак и овие 2 недели ми се толку долги Единствено што осекам е чувствителни гради
Сите велат дека симптомите за бременост и менструација се исти. Но секако барем некој од вас забележал разлика меѓу двете. Според вас која е? Секако знам дека кај секој може да биде различно.
Едно што разбрав е баш кога гледав на фемина инстаграм слики осетив некое гадење во доцните часови од ноќта и два дена имав мало зуење во ушиве што можда и нема врска со бременоста. Слаби менструални болки неколку дена пред добивање и еден ден инпалациско крварење ама мн малку како розево кафеаво и то
Оние симптоми што ги имаш пред да добиеш се исти како кога си во многу рана бременост. Болки во стомак, во половината, болни гради ова се симптомите кои јас лично ги имам пред секое добивање и ништо од ова не беше различно. После недела до две ми почнаа симптомите типични за бременост како што е утринска мачнина (имав многу гадење но ниеднаш не повратив), изострено сетило за мирис и ужасен замор (спиев по 14часа дневно).
Јас пред добивање отекувам цела, стомакот, лицето цела недела пред добивање ми се подуени. И за двете бремености ден пред добивање правев тест и добив силно црвена линија. Стомакот ми беше чудно рамен, немав отоци, така знаев и за двете што е работата.
Јас прв пат не бев напната и нервозна дента кога требаше да ми дојде. Одев по улица насмеана.. да ме глеале од страна сигурно ми се чуделе. Не ни претпоставував дека сум затруднела. Тоа беше баш месецот кога се опуштив не гледав плодни денови и не мислев на бебе
Јас имав болни гради и брадавици, и вртоглавици, што не сум имала во ПМС, другото се беше исто, болки во стомакот, и кичмата, главоболка, апетит, затоа си мислев дека каде и да е ќе добијам, и за да не се разочарам тек на 5ти ден од доцнење од менструација, направив тест.
Se porodiv pred dve nedeli mi prekina krvarenjeto imav odnosi t.e.posle odnosot mi prekina sega menstruacija koga ke mi dojde otprilika ne znam. Ne go dojam bebeto
Не се знае кога ќе добиеш. Може да биде и наредниот месец. И да го доиш детето, тоа не штити од бременост.
Еден ден ми доцни дали да направам денес тест или да чекам? Иначе ден пред овулација(по апликација) имавме однос а од симптоми имам благи менструални болки и укоченост во кичма од десна страна што не ми се дешава пред циклус