зависи кај кој како кај мене беше намален апетит.. а треба да е зголемен така да можно е да се работи за бременост
Па мене секогаш ми е 120/80...помина температурата,сеа само осекам денеска болки во главата ништо др.ама до сега ниеднаш не сум имала незаштитен однос мислам минативе недели можеби и месеци..можно е да сум бремена? мислам вака кога читам малце сум несигурна...
Девојки..ве молам за совет.. Значи пред 3 недели со дечкоми имавме односи заштитени нормално..и секој пат кога имаме односи проверуваме дали кондомот е скинат. Кондомот не беше скинат. Но требаше да добијам на 1 овој месец но ништо од тоа.. Имам секогаш нередовен циклус не ни знам кога треба да ми дојди..само пред и пред минатиот месец значи септември и октомври ми дојде на точен дадум..се пред тоа различно..еве сега пак ми нема дојдено.. Бременост е или нешто друго..? бтв.малце гледам како стомакот да ми е подуен..и чувствувам болка во папукот..знаеш како да си правела стомачни и да те болат мускулите,незнам дали сум преладена од времево.. Што мислите вие?
Кај повеќето девојки пред да добијат стомакот им е подуен. Ако си бремена ( и тоа најмногу 1 месец) тоа неможеш да го видиш, барем не визуелно. Обично болка се чуствува во јајниците. Тапа болка. Градите би требало да ти се цврсти...мада такви се и пред добивање. Време е да направиш тест! (иако јас мислам дека не си и покрај тоа што ти касни долго)
Стомакот не ми е подуен нон стоп..само кога ќе се најадам..потоа кога ќе завршам работа во вц веднаш се е ок.
edno prasanje...mi se gadi, plus povrakanje, imam pokacena temp. 37.5 mi se vrti, i zeludnikot me boli. Dali sum trudna???? p.s. so decko mi imavme seks bez kondom.
Ако свршил во тебе може да си трудна ако не од кај. Мене ова повеќе ми личи дека си закачила некој вирус
Напрај си тест Ама ако ти се гади, повраќаш се знаци кои немора да значат ништо. Прашај си го партенерот дали свршил во тебе, ама со сигурност да знае и да не му ја мислиш за џабе ако не свршил во тебе
имам едно прашање и добро би ми дошле вашите одговори па затоа ве молам за одгвор.денес бев на гинеколог бидејки ми касни 10 дена последен пат добив на 14.10 а добивам точно на 28 ден инаку се оидуваме да имаме бебе.кога бев кај докторот ми кажа дека не е сигурен дали има бременост затоа што апаратот кажува бременост после 4 недела а не е сигурна во мене бидејки или сум бремена 2 недели или не сум па ме испрати да проверам преку крв да ми кажат сигурно.имате ли такво искуство или што мислите за овој одговор од докторот?
Плодот е многу мал за да се утврди бременост (ако евентуално ја има). Не грижи се и кај мене случајот беше ист, ми рекоа да отидам по 3 недели за да проверат дали има срцева акција. Направи си тест преку крв или може и преку мокрача, секако ќе покаже.
Иако е рано за ехо да се види дали има плод, можна е бременост мене ми беше редовен секој период , последен пат ми каснеше и напраив тест после 3 дена и покажа дека сум бремена, после бев на гинеколог и преку вагинално ехо се виде плодот . Се надевам дека ке биде позитивен тестот и кај тебе
Можна е бременост А зошто не си направиш тест со мокраќа ...има тестови што покажуваат бременост доколку ја има во било кој период од денот, на пр. Sure care го има во Зегин и кошта 124 ден., а оние тестови што се прават само наутро се околу 50 ден. Мене ми доцнеше циклусот 6 дена и на домашен тест иако ми покажа бременост, д-рката не беше сигурна, не се гледаше плодот, па ми закажа за една недела (т.е. денес) за да ми потврди бременост. Имено плодот се гледал дури по 5-та недела, а срцева реакција после 6-тата (така ми кажа д-рката, за 10 дена пак да одам за да ја слушнеме и срцевата реакција). Така што д-рот ти го кажал правиот одговор според мене. Се надевам ќе добиеш позитивен резултат, со среќа
исто ми предложи и мене докторот да се вратам после една или две недели а бидејки јас не бев стрплива ме прати да ми проверат рана бременост преку крв.утре очекувам резултати се надевам позитивни
Сакам да ве прашам, дали е можно да ме боли стомакот во времето кога обично сум добивала? Бид. имав однос со дечко ми (мислам за време на плодни денови), требаше да добијам најкасно на 24, а немам добиено сеуште... Често сум во веце ми се гади, но стомакот ме боли исто како и пред да добијам (последниве 2 дена)... Има некој вакво искуство? Може да ми помогне некој?
Исто искуство сум имала, само не беа плодни денови. Цел месец не добив, премногу често бев во веце и стомакот ме болеше и на крај другиот месец добив и сега се е добро. Ако дечко ти свршил, а ти мислиш дека ти биле плодни денови направи си тест од кога ќе поминат 5 или 7 дена (зависи до тестот, распрашај си се тоа) само со тоа можеш да си се осигураш или да чекаш да добиеш .
па веројатно те боли зошто треба да добиеш? а и не елошо да си направиш тест за да нема нешто заматено во стомакот