Да, јас имав, што ми беше чудно, зошто до претходно не сум имала таков симптом, тебе веќе ти доцни? Јас на почеток немав некои поразлични симптоми, пред да почне да ми доцни, после тоа почнаа се поинтензивни, ама кај сите различно, со среќа.
Јас обично добивам помеѓу 28 и 30 ден, сега ми е 28ми. Дај боже да е позитивен знак, пуштајте ми среќа сите. Тест планирам да направам на 30ти ден за да избегнам разочарување по стотти пат
Циклусот во последно ми трае 26 дена. Шо очекувам и овај пат, зошто на 13ти ден имав овулација овулација, и плус 13,14 дена лутеинска фаза, па според ова утре или другиден на 27ми ден од циклус треба да добијам. Подуеност и грчеви од вчера, шо ги добивам редовно пред добивање. Ме буни секретот шо го имам многу, и цервиксот е во повисока позиција. Пред добивање посебно ден два, нема секрет и цервиксот се спушта. Правев денес тест, негативен. Каша попара ми се симптомиве. Мажот ми вика иако е ретко, може да е и доцна имплантација Денес ми е 11ти,или 12ти ден по овулација. Колку е можна доцната имплантација, имала некоја искуство?
Ако ти е 11-12ти ден по овулација многу рано ти е направен тестот. За термин доцна имплантација јас прв пат слушам. Имплантацијата се случува од 6ти до - 12ти ден после овулација, кај секого е различно. Па тек после тоа почнува да се лачи hcg. Почекај да ти касни па повтори го тестот.
Па имплантација 12ти ден е доцна, и поретка. Ако се случила вчера, денес(ама се си мислам ќе добијам) да, рано е за тест. Симптомиве ми се и Пмс и ко бременост. Каша попара
Епа слични се симптомите. Не се оптеретувај толку, пробај да се опуштиш и чекаме да ни се пофалиш за 2-3 дена.
Ништо, добив на 29 ден Си зедов два дена за плачки и да ми помине фазата "не пијам фолна и не се обидувам веќе", па сега на ново ќе чекаме плодни денови Кај тебе бидна ли нешто?
Јас чекав на 26ти,27ми ден не добив. Денес ми е 28ми ден, веќе сметам дека ми доцни, а тестовите негативни досега. Се си мислам ќе добијам и јас.
За 5 дена треба да (не) добијам. 3 месеци пробуваме за бебче, и според календарот овулација имав на 26ти, секогаш ја чувствувам со јаки болки во јајниците и мислам дека баш тогаш беше. Но сега веќе 2 дена имам слични болки малку послаби само, дали тоа може да е симптом на бременост? И кога најрано можам да направам тест?
На денот за не добивање тест или кога ќе ти касни еден ден. Исти сме со датите и јас на 26-27 мислам дека имав овулација. Многу сум нестрплива, со душа чекам 10ти-11ти да дојде. Симптоми немам никакви јас, само градите си ги осеќам некако поразлични, како тешки и пупките ако ги стиснам малце ме болат. Ама може и филм си правам не знам. Крајот на минатата недела два дена ме болеше половината доле ниско, а сега ништо не ме боли. Нека ни е со среќа и на двете!
Ајде да дочекаме 2 цртки и заедно да се дружеме во труднички истата сум немам трпение 2-3 пати зедов тест да правам и се предомислувам дека рано е немам јас никакви симптоми градите уопште не ме болат на допир, а недела пред циклус ме болеа, единствено пецкање во јајниците денес и вчера само. Планирам да правам во петок тест, зашто викендот не сме дома и таму ќе нема услови, па се надевам и од двете ќе има среќни новости *
Од тоа што сум читала до сега, симптомите почнуваат да се јавуваат тек после 4та недела, така да се што осеќаме сега мислам дека повеќе е на психичка база од преголема желба. И јас само си се анализирам и нестрпливо бројам денови до НЕдобивање, нормално е. Само нека се појават двете цртки, секој организам е различен очигледно. Инаку во петок не ти е рано за тест?
nema razocaruvanje, ke si bide koga ke treba. samo hrabro prodolzi si, koga najmalku ocekuvas ke se izraduvas
Вероватно е на психичка база. Имав симптоми како да сум 5ти месец, само стомак шо немав Јас овај пат сама си реков, ако добијам циклус, на сите овие симптоми за бременост шо ги имав, според позиција на цервикс, според секрет, според некои грчеви, температури, све и свашта, повеќе не верувам на симптоми!!! Ни проверувам, ни тестирам, ни ова дали е симптом, ни она. Ако на сите симптоми шо ги имав, испадна нема бременост, значи некој лаже. Или симптомите, или мозоков мој
Тоа е, психата си поигрува со нас и секоја промена на телото си даваме надеж дека е заради бременост. Многу другарки имам што немале никакви симптоми, исто има и девојки од форумов што немале симптоми, а биле бремени. Ќе си дојде и нашето време, само глава горе и храбро кон целта.
Да рано е за симптоми, ама пуста желба само таму ми е мозокот па во петок ми е 28ми ден од циклус се надевам не е рано
Епа ете, сама со го даде одговорот, се ти било во ред, со овулации, со болки за овулации, со базална температура, и ти пак психички си се оптеретила, опушти се малце, не се замарај што како ќе биде, не следи плодни денови, не знаеш кога може да бидне, верувај, и не се оптеретувај со правење тестови пред добивање, и сама со ова мислење, си даде одговор дека се е во ред, а ти упорно го мислиш, и се преоптоваруваш изгледа, не прави ништо овој месец, ослободи се од мисли, никакви базални температури и сл. пробајте барем еден месец така, ако и тогаш не бива, можеш основни испитувања да си направиш за почеток, ако веќе немаш направено, пап, брисеви, хормони.. со среќа.