Ми доцни 6 дена, само што немам некој симтоми за бременост и тоа ме буни, а и страв ми е да напраам тест да не биде негативен па разочарување... Ама излеа ќе морам да направам
Направи!! И тоа утре со првата мокрача. Јас кога останав првиот пат, кое заврши со missed немав никаков симптом само зголемен вагинален исцедок и во секое време мислев сум добила. Утре те чекам со позитивен тест, со среќа
Редовен ли ти е циклусот и колку ти трае?На 6 дена доцнење ако има бременост тестот ќе покаже во било кое време немора со утринска мокрача. Така да направи си тест
Со првата бременост прв симптом ми беше мачнина и јака вртоглавица неможев на нозе да стојам... Така да провери, најдобро на ехо.. Позз
Здраво девојки, јас сум нова на форумот и навистина незнаев каде да го поставам прашањето. Неколку месеци се обидуваме да останам бремена, но неуспешно. Последен пат добив на 17 октомври, најнормално како што добивам секој месец, меѓутоа последниве три дена, наутро на тоалетната имам неколку капки крв и во текот на денот се губи. Ми заврши на 21 октомври. Сметам дека е премногу рано за да биде крварење од инсеминација, а веќе доцна за да останало нешто од циклусот и да се чисти. Дали некој имал слично искуство? И од кои други причини би можело да се појави крварењето?
@MikaV претпоставувам ова инсеминација на грешка ти е напишано. Може да е овулаторно крварење, може и имплантациско. Не значи дека овулираш на средина на циклус. Јас имав циклуси што траеа по 32 дена секогаш. Најрана овулација сум имала на 11ти ден, најкасна на 21ви. Нема правило. Пуштам среќа да е имплантациско
Да мислев на имплантација... И мене циклусите ми траат најчесто 31-32 дена, затоа и ме буни. Ти благодарам, останува да чекам, па ќе видиме
Девојки, треда да добијам за 4 дена а немам никакви симптоми, освен што одам нонстоп во мало вц и привремена болка во десниот јајник. Можно е да има нешто или?
Можно е секако, мене честото одење во мало веце ми беше еден од првите симптоми, особено ако стануваш навечер да одиш.