Здраво на сите, треба да НЕ добијам денес, евентуално утре. Одоси имвме на 2ри баш и кога ми беше овулација, обично ми е точна и никогаш до сега не ми закаснила освен во прва бременост кој беше неуспешна во 6та недела. Тест направив некаде 8 до 10 дена после односи, беше негативен. Е сега ги осеќам истите симптоми како и во првата болки и пецкање прво на едниот па на другиот јајник па во кичма па во бубрег и така си ротираат грчеви желудникот партал киселини страшни од се едно нешто градите така слаба болка, а додека во првата б. неможев да спијам од болки. Тест едвај чекам да направам ама ми е страв од повторно разочарување. Инаку да напоменам осетливи гради и болки во кичмата и пред добивање ги имам. Сабајле мерев базална 36 со 7-8 беше. Ве молам за искуства
искрено незнам колку ќе издржам до утре ама да се надевам дека пак ќе видам две најубави црти. со среќа на сите и од срце ви посакувам на сите позитивни тестови и успешна бременост.
Ние се обидувавме безмалку година, со една биохемиска, и веќе си најдов термин во Њуборн, си викам тоа е што е, ќе биде. Последна менструација 18.10, односи на Халовин , за кон 17,18.11 да почнат доста силни болки во десен јајник, болки во гради, половина, идентични за тое за добивање... После доцнење од 7 дена, направив тест (100% сигурна дека е негативен) ама.... 12+6 сега ... Воопшто да не се грижиш, ќе биде се во ред! Кај мене, апсолутно немаше разлика меѓу пмс и рана бременост... Ти посакувам среќа!
Жени од 10 месецов па наваму не се пазиме пробуваме за бебе. Веќе 5 дена имам тапа болка пецкање во долниот ден од стомакот под јајниците докторката вели овулација имаш ама 5 дена чудно малце ако прска ќе прсни еден ден фоликулот, а на 11ти бев на док големи за прскање беа фоликулите. Можно е да сум останата и да се прицврстува за матката па затоа да се болите? треба да ми дојди на 25 ти.
Можно е ако е настанало оплодување па од имплантацијата да имаш тапа болка исто како овулација, болка во едниот јајник, барем така беше кај мене неколку дена после ризичниот однос.
Fala ti na odgovorot i jas mislam deka e toa bideki ako e samo pukanje na folikul ke bidi momentalno a mene nekolku dena me pecka i kafe koga ke pijam mi se losi {a inaku mnogu kafe pijam}
Еве и јас да се придружам. Последна менструација ми беше на 4. а на 14 имавме однос. Планиравме следниот месец да правиме бебе ама неможев да издржам имав огромна желба за секс и ај си рековме ако биде нека биде. Се надевам дека сум бремена, ама сепак ќе почекам до 29.ти и ќе правам тест. Тогаш треба и да добијам па така и најдобро ќе знам. Инаку имам пецкање на едниот јајник и малку сум поспана. Можно е и да е до психа :/
Направи си тест, ама ако е негативен направи уште еден после неколку дена, зошто е прилично брзо, да не е случајно лажно негативен. Со среќа
Многу сум нестрплива, но сепак ќе почекам до 29ти, па тогаш ќе направам. Искрено јас се осеќам т.е верувам дека сум бремена. Инаку ако сум, втора бременост би ми била. Штом ќе направам тест ќе ве известам
Леле исто и јас се чувствувам мене на 2 ри ми беше последна менс на 10 ти со односи почнавне и од 15 ти имам пецкање долу и деновиве ми се лоши од кафе а инаку многу пијам гајле немам дали до псија дали што не знам ама мислам дека сум докторката ми вели рано е да чувствуваш ама ете така се чувствувам на 27 треба да Не добијам Со среќа нека ни е на двете да не добиеме ❤️
Јас незнам дали баш на 14.кога имавме односи сум била во овулација, но според тоа што одпосле го прочитав и пресметував по сите можни апликации сум погодила баш плоден ден. Пота на 16. пак имавме односи. Е сега ако успеало да се фати баш во тие два дена би било супер. Со среќа нека е па да видиме што сме направиле. За прва бременост ли се работи?
Јас со првото немав гадење и симптоми за да мислам дека сум бремена Ајде извести не што ќе направиш со тестот.. мене ме копка ама ќе се воздржам рано е барем да ми касни