Здраво девојки дали зголемен ицедок, слаба болка во градите, повремено грчеви но и притисок на стомак е симптом??
Здраво на сите. Во декември прележав Ковид. Пиев терапија Панцеф,сумамед и лекоклар. Во меѓувреме се обидувавме за бебе. Денес требаше да добијам ,меѓутоа од завчера наваму само имам тапи болки во јајници на моменти. На секои 5 минути сум во тоалет во случај да не добијам. Длабоко во себе се надевам дека е бременост, но и имам мисла дека можеби е пореметување од терапијата. Но во 12 месец циклусот ми беше точен. Прашањето ми е кога е најдобро да направам тест доколку не добијам? Дали да чекам 5-6дена или уште утре да направам?
Прашувам за блиска другарка. Ги има следниве симптоми и со оглед на тоа што има само 18 години испаничена е. Болка во градите, мали грчеви и надуеност во стомакот, зголемен апетит и обилен исцедок (за 12 дена треба да добие менструација). Последен однос на 1 јануари (заштитен), последна менструација на 6 јануари (прерано, на 20ти ден и и' траела едвај три дена). Дали симптомите укажуваат на бременост?
Не. Штом имала добиено после односот, плус бил заштитен шансите дека е бремена се скоро нула. Симптомите укажуваат на овулација.
Јас со моите огромни симптоми за временост направив тест преку крв и покажа негативно е сега не се разочарувам додека не добијам бидеќи сеуште пробуваме па можи сега да се фати хехе.. Ви посакувам на сите тоа што сакате да добиете
Штом ти доцни можеш да направиш, а ако можеш да чекаш за да си посигурна, тогаш па почекај уште некој ден.
И јас може ќе сум како тебе, со симптомиве, се надевам не. Зошто брзаше да направиш тест? И мене ме копка ама ќе издржам до следната недела.
Дами, дали бремена во првите три месеци треба да има болки, и лолку се големи тие болки, пред два дена бевме на доктор се е во ред, но понекогш жена ми има болки, до кој степен овие болки се прифатливи
Каде ја боли жената? Мене многу ме болеше половината и бев на гак и се беше во ред. Пиев магнезиум и со тек на време ми помина. Повремени менструални болки (во стомакот и/или половината исто како што боли кога треба да добиеме циклус) се нормални. Те паметам од друга тема, навистина ми е мило за бременоста на сопругата. Со лесно до крај
Фала многу, во другата тема ке пишам за некој месец дена имам што да кажам, иначе фала многу, жената има како менструални болки некогаш по благи, некогаш средни кои траат 30-60 минути, али не секој ден,
Имам повеќе причини дека избрзав со тестот ама сега ми е полесно психички бидеќи пред тестот премногу бев само тоа мислев и симптомите а сега само си се надевам дека до петок ќе одстанам и нема да ми дојди ама Со реќа нека ти е што и да посакуваш
@korzoo нормално е, се шири матката. Слободно нека зема магнезиум по 400мг дневно. Ако се неиздржливи болките, појдете на преглед, можеби ќе треба да зема утрогестан како превенција од контракции. И јас како фана, те имам читано, премило ми е, со лесно нека и е, школска бременост да си има! @skokotlivka83 ако имаш редовни циклуси, направи си утре тест со прва урина. Може да ти доцни од антибиотиците, а може и од бременост. Ти посакувам среќа.
Од крв и пред датум за добивање можи но бидеќи веќе ти касни не си давај пари по два дена направи пак преку мокрача
Дали може и тест со упат од матичен општ лекар или мора гинеколог, бидејќи во самиот упат за крвна слика сум забележала дека има и тест за бременост?
Ne sum primetila deka ima test za bremenost vo obicnata krvna slika ama jas od ginekologot mi pisa upat 200 denari e